Контакт

Македонија

Мицкоски најавува втора епоха: Преку нов заеднички патриотизам да го вратиме ентузијазмот од 90-тите

Објавено пред

На денешниот 17. конгрес на ВМРО-ДПМНЕ најавувам дека како партија влегуваме во втора епоха, рече партискиот лидер кој денеска доби втор мандат, Христијан Мицкоски.

„Во втората епоха кај нас е потребно да направиме општествена мобилизација на секоја интелектуална сила и поединец во земјата, да допреме до секоја слободомислечка индивидуа и да подадеме рака во насока на преродба на државата, обнова и промени во партијата и во државата кои ќе ја донесат новата иднина“, објасни тој, додавајќи дека во центарот на втората епоха се слободата на индивидуата и слободната волја за изразување.

Според Мицкоски, за втората епоха потребни се креативните потенцијали надвор од рамките на партијата.

„Ви говорам за општествена мобилизација на секоја кретивна индивидуа независно од партиската припадност која ќе биде моторот на напредокот и новата иднина која ни е потребна. Втората епоха значи подавање рака на секој еден интелектуалец, отпочнување на дијалог со мудрите глави на ова општество чиј глас се заборави меѓу децениите на разграбување на државниот капитал и конформизмот граден на плеќите на луѓето кои ја крепат нашата нација“, рече партискиот лидер.

„Затоа ве повикувам сите тука и сите оние надвор од оваа сала и партиски определени и неопределени, придружете ни се“, порача Мицкоски кој воедно најави нов концепт на заедништво, наречен „Нов договор“.

Според партискиот лидер, потребен е нов општествен консезус на сите рамноправни чинители околу она што треба да претставува нов заеднички патриотизам.

„На Македонија ѝ треба нов договор кој ќе го оделотвори заедничкиот патриотизам низ ново одредување за она што претставува наша првенствена цел. Таквиот општествен договор кој ќе го понуди заедничкиот патриотизам е враќање на нашите надежи за тоа како требаше да изгледа државата во моментите кога се создаваше, како активна целина на рамноправни чинители, која ќе обезбеди праведен напредок и еднакви можности за сите, од која идеја длабоко низ овие три децении се застрани“, посочи Мицкоски потсетувајќи се на ентузијазмот од деведесетите кој, како што рече, се изгубил со човечкото оттуѓување, изневерените очекувања од политичарите и транзициите.

Македонија

Учебната година ќе заврши на 10 јуни и покрај одложеното второ полугодие

Објавено пред

Владата најави измена на наставните програми со цел учебната година да заврши стандардно на 10 јуни, и покрај тоа што зимскиот распуст беше продолжен за две недели поради состојбата со коронавирусот.

Од Владата информираа дека бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во основните и средните училишта во услови на вонредни околности се утврдува на 172 наставни денови, што значи дека зимскиот распуст на учениците ќе трае до 1 февруари 2022 година, а учебната година ќе заврши на 10 јуни 2022 година.

Одлуката за почетокот на второто полугодие во основните и средните училишта за први февруари годинава беше донесена на претходната седница на Владата и по препораката на Главниот координативен кризен штаб согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.

Со денешната одлука, велат од Владата, се овозможува соодветна адаптација на наставните програми со цел запазување на датумот 10 јуни како краен рок за завршување на учебната година.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

УНИЦЕФ: Северна Македонија веќе имаше најдолго затворање на училиштата во регионот

Објавено пред

Одложувањето на учебната година треба да биде мерка од привремен карактер. Затворањето на училиштата за физичко присуство мора да биде последна мерка, изјави претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Патриција ди Џовани.

Таа наведе дека треба да се вложат сите напори за децата да се вратат во училниците. Рече дека претходните одложувања на почетокот на учебната година беа ретки и изгубеното време за учење беше компензирано. Сегашната ситуација, вели Ди Џовани се влошува со долги периоди на затворање на училиштата поради пандемијата.

Претставничката на УНИЦЕФ е децидна дека уште еден бран на затворање училишта би бил катастрофален за децата.

„Пред пандемијата на Ковид-19, Северна Македонија веќе се соочуваше со криза во учењето при што повеќе од половината од сите петнаесетгодишници во земјата не успеваа да ги достигнат основните нивоа на вештини за читање и математика. Северна Македонија веќе имаше најдолготрајно затворање на училишта во регионот, кога училиштата во земјата беа затворени вкупно 54 недели, во споредба со просекот од 24 недели во регионот на Европа и Централна Азија. Повеќе од 60 отсто од наставниците изјавија дека бројот на ученици што имаат тешкотии во совладувањето на наставните програми се зголемил во овој период“, рече Ди Џовани.

Според неа, ризиците со коишто децата се соочуваат кога се надвор од училиште и понатаму се поголеми од ризиците во училиште. Вели дека долготрајното затворање на училиштата на ниво на целата држава, ограничените ресурси за учениците, наставниците и родителите и немањето пристап до далечинско учење го уназадиле деценискиот напредок во образованието и го направиле детството непрепознатливо.

„Секогаш кога е можно треба да се избегнува затворање на училишта на ниво на целата држава. Кога се зголемува стапката на заразување со Ковид-19 во заедницата и кога строгите мерки за јавно здравје стануваат неопходност, училиштата мора последни да се затворат, а први да се отворат. Што кажува за нашите приоритети ако училиштата се затворени, а другите јавни места остануваат отворени? Општеството и Владата имаат можност да им покажат на децата дека тие се најважниот ресурс на оваа земја така што ќе овозможат училиштата да бидат безбедни и отворени за настава во живо. 2022 не смее да биде уште една година на нарушено учење. Треба да биде година во која образованието и најдобриот интерес на децата ќе имаат првенствена важност“, категорична е  Ди Џовани.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, порача Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер

Објавено пред

Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, со цел засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања. Ова го истакна претседателот Стево Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков, кој престојува во официјална посета на земјава.

Пендаровски на средбата изрази поддршка за започнатиот дијалог меѓу двете влади, конкретните предлози, како и намерите за интензивирање на разговорите во наредниот период.

„Надминувањето на меѓусебните недоразбирања е важно за напречено одвивање на македонските евроинтеграциски процеси, како и за неутрализирање на растечкиот евроскептицизам и негативните тенденции во регионот“, порача Пендаровски.

Тој потврди дека Северна Македонија има силна политичка волја да го продолжи дијалогот, со цел изнаоѓање компромисно решение за отворените прашања. Според него, отпочнувањето на пристапните преговори со Европската Унија ќе претставува придобивка за просперитетот и стабилноста на целиот регион. Тоа дополнително ќе влијае на унапредување на соработката во економијата, трговската размена, инфраструктурното поврзување како и соработката во областите на образованието, здравството и културата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Учебната година ќе заврши на 10 јуни и покрај одложеното второ полугодие

Владата најави измена на наставните програми со цел учебната година да заврши стандардно на 10 јуни, и покрај тоа што...

Македонија2 часа

(Видео) Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, порача Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер

Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, со цел засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања....

Македонија2 часа

Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство, како што Македонија го признава бугарското

Германски пратеник во Бундестагот и поранешен министер на Германија за Европа, Михаел Рот, ја поздрави денешната посета на Македонија на...

Регион4 часа

(Видео) Несреќа во Бугарија: автобус со патници од Косово излета од патот, повредени 29 луѓе, меѓу кои има и деца

Во сообраќајна несреќа во Бугарија повредени се 29 патници од Косово, од кои шест деца, кога автобусот во кој се...

Македонија5 часа

Гаврил Бубевски избран за нов претседател на скопското Јавно обвинителство

Некогашниот специјален јавен обвинител, Гаврил Бубевски, стана шеф на скопското Јавно обвинителство, а неговиот колега од СЈО, Стевчо Донев, е...

Македонија6 часа

Бугарија го прифати краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше

Бугарија прифатила да го користи краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ова е...

Европа7 часа

Европскиот парламент доби нов претседател

Европскиот парламент доби нов претседател. Роберта Мецола е избрана за наследник на Дејвид Сасоли за претседател на Европскиот парламент освојувајќи...

Македонија9 часа

Со сертификат за вакцинација или прележана болест Македонците ќе може да влезат во Бугарија

Од 20 јануари македонските државјани ќе може да влезат во Бугарија. По интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на...

Свет10 часа

Тонга по ерупцијата и цунамито – поплавени острови, земјата и дрвјата покриени со пепел

Првите фотографии по ерупцијата на вулканот кај Тонга и цунамито што ги погоди островите во тој архипелаг ги прикажуваат земјата...

Македонија11 час

(Видео) Зголемениот водостој на кејот на реката Вардар ги вознемири жителите на Аеродром

По телефонска дојава од страна на граѓани на 195, а и до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дека во општина...

Македонија19 часа

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот...

Македонија23 часа

Владата на првата седница ги именува замениците на Ковачевски

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. На седницата...

Македонија1 ден

766 нови случаи на Ковид-19 и 15 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.748 тестови,...

Македонија1 ден

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во регионот

Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, изјави дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во...

Македонија1 ден

Ковачевски: Задоволен сум од перформансите на министрите од ДУИ

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од министрите што ДУИ ги има во Владата. Бидејќи во редовите на оваа партија немаше...

Македонија1 ден

Бугарската позиција е јасна, очекувам заедно да работиме на нов дијалог, порача Петков во честитката до Ковачевски

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе изборот на својот македонски колега Димитар Ковачевски наведувајќи дека позицијата на Бугарија за македонската...

Економија1 ден

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/литар, а малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V)...

Свет1 ден

Десетте најбогати луѓе во светот си го удвоија богатството за време на пандемијата, а 160 милиони западнаа во сиромаштија

Богатството на 10-те најбогати луѓе во светот се удвои од почетокот на пандемијата, се наведува во извештајот објавен денеска од...

Спорт1 ден

Само вакцинираните ќе може да настапат на „Ролан Гарос“

Професионалните спортисти ќе мора да бидат вакцинирани против коронавирусот доколку сакаат да учествуваат на спортските натпревари во Франција. Ова се...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

Новоизбраниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски, денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Премиерот во заминување,...

Досие