Контакт

Македонија

(Видео) Мицкоски на самитот на ЕПП: Македонија припаѓа во ЕУ, барам од вас да ја ширите оваа порака

Објавено пред

Македонија припаѓа во Европската Унија и затоа барам од вас да ја извршите својата улога во ширењето на оваа порака. Нашата сегашна социјалдемократска влада не заслужува позитивен стимул од европските метрополи и Брисел, но нашите граѓани го заслужуваат тоа, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во обраќањето на самитот на Европската народна партија (ЕПП), што се одржува во Загреб.

„По 12 април, бидете уверени дека проевропската влада ќе ги поттикне реформите и трансформативните промени во нашето општество. Ќе побарам од вас, како моја последна упатена порака, ЕПП како најсилно политичко семејство во Европската Унија да биде носителот на Македонија на патот кон членството во Европската Унија“, рече тој.

Во последните три години, истакна Мицкоски, нашата нација ја води социјалдемократскиот премиер, чија Влада, како што рече, е синоним за раширена корупција.

„Дневните активности на оваа Влада вклучуваат непочитување на владеењето на правото, целокупна политизација на нашето општество и неспособност да се создадат економски и социјални промени за 21 век. Сепак, тие се фалат секојдневно за тоа колку се транспарентни. Се согласувам дека не сум видел потранспарентно корумпирана влада на кое место било во светот. Тие не ја негираат корупцијата, туку се надеваат дека ќе добијат дополнителен ден од нивниот мандат за да ја продолжат“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски рече дека улогата на ВМРО-ДПМНЕ како опозициска партија е да донесе значителна и опиплива промена за граѓаните и дека по изборите, има цел да формира стабилна влада, ориентирана кон Европската Унија.

„Ние како Македонци му припаѓаме на европското семејство и ги споделуваме европските вредности. Со поддршка на нашето ЕПП-семејство, ќе го стопираме егзодусот на нашите најбрилијантни млади луѓе; ќе се справиме со екстремните нивоа на загадување; ќе ги намалиме даноците, ќе ја стимулираме економијата и ќе го поттикнеме претприемаштвото. Ние мора да го европеизираме нашето општество однатре – затоа што ова е единствениот начин да ја поставиме нашата нација на брз пат кон членство во Европската Унија“, рече тој.

Македонија

Советот за социјална сигурност го поддржа зголемувањето на пензиите

Објавено пред

Советот за социјална сигурност на којшто денеска присуствуваше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, ги поддржа законските измени со кои од идниот месец ќе се зголемат пензиите за сите пензионери за 700 денари. На седницата на Советот се разговараше и за редовните усогласувања на пензиите до крајот на идната година за уште 160 до 200 денари, со кои во 2020 година пензиите ќе пораснат за околу 900 денари. Исто така, на дневен ред беше и развојот на социјални услуги на локално ниво за постарите лица.

„Дополнителното трето покачување се прави законски и плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и во услови кога имаме раст на економијата и раст на минималната плата за 15 % и за 5 % на просечната плата. Предложените законски измени се направени во консултација со Сојузот на пензионери и истите ги разгледуваме и на Советот за социјална сигурност“, речe Царовска.

На седницата на Советот се разговараше и за развој на социјални услуги на локално ниво од коишто бенефит треба да имаат постарите лица. За овие услуги општините за следните 5 години имаат на располагање над 10 милиони евра, а од вкупно 65 општини коишто аплицирале за средствата дури 56 планираат да развиваат нега за стари лица во домашни услови.

Советот го поздрави и укинувањето на квотите за лековите од страна на Министерството за здравство, како и ослободувањето од партиципација за болничко лекување во болниците низ цела држава за пензионерите со пониска пензија од просечната.

Прикажи повеќе...

Македонија

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон

Објавено пред

По  33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон. Ова го потврди досегашниот организатор, Пецо Неданов кој на Фејсбук објави дека Меѓународниот охридски атлетски маратон нема да продолжи во наредната 2020-та година.

„Со големо жалење морам да ги известам сите љубители на маратонското трчање дека дефинитивно традицијата на Меѓународниот охридски атлетски маратон нема да продолжи во наредната 2020-та година.Со години наназад се боревме и покрај сите неразбирања на наталожените проблеми да ја продолжиме традицијата долга повеќе од 30 години.

Во 2020-та требаше да биде 34-ти по ред, но очигледно нашата желба да и покрај минусните салда кој ги правеше маратонот упорно ја продолжуваме традицијата, некој ја сваќаа погрешно во смисол да ние имаме интерес и затоа ја продолжуваме традицијата.

Со последното годинешно издание бев принуден лично да ги исфинансирам поголемиот дел од трошковите, а најголемиот дел од нив ми се вратија скоро 90 дена по завршување на маратонот, а одредени трошкови останаа неисплатени поради намалената сума од предвидената. Се извинувам но не сум во состојба тоа да го правам повторно. Испративме дописи до одговорните институции и поставивме конкретни прашања со колку средства планираат да не помогнат за наредното 34-то издание, но никој ништо не одговори.

Треба ли по два или три пати да го правиме истото и да добиваме празни обеќања е па се уморивме од тоа. Затоа дефинитивно ова е крај на оваа традиција, а да даде господ некој ентузијасти како нас пак после 10 годишна (или дајбоже пократка) пауза ја продолжат традицијата.Ова е маратонот на нашата младост, на првите членови на АК Охрид, и секако дека има многу големо значение за нас, но без поддршка на институциите за жал мора да згасне.

Сметавме дека по примерот на Европските и Светските метрополи и градот Охрид ќе биде горд на еден ваков традиционален настан и ќе настојува да ја продолжи оваа долга традиција, но ниту тие ниту државата застана со свој дефинитевен став зад оваа традиција која сите овие години од 2004-та навака е заснована само на ентузијазам и љубов на одредени членови кон атлетиката и маратонското трчање.

Длабоко им се извинувам на сите маратонци кој се заљубени во оваа трка и кој едвај го чекаат наредното издание како од земјава така и од соседните земји, се надевам дека некој ќе се свести и нема да дозволи да згасне оваа традиција, а дотогаш ви посакувам лесни нозе и уште многу успешни маратонски трки“, објави Пецо Неданов.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре без струја повеќе делови на Скопје

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека утре, поради планирани технички зафати во електросистемот на град Скопје, без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 9 до 14.30 часот корисниците од с.Брест, с. Побожје, Малино Маало, с. Мирковци, с. Кучевиште, с. Бродец, с. Танушевци (општина Чучер Сандево) и дел од корисниците од с. Љубанци (општина Бутел);

– во периодот од 9 до 11 часот корисниците од дел од булеварот Трета македонска бригада (делот од МЕТРО кон „Железници – Влеча“) (општина Аеродром);

– во периодот од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Славејко Арсов (општина Центар);

– во периодот од 8.30 до 11.30 часот корисниците од дел од с. Ракотинци (општина Сопиште).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон

По  33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон. Ова го потврди досегашниот организатор, Пецо Неданов кој на Фејсбук објави дека...

Свет1 час

Разбиена мрежа на педофили, снимале силување бебиња, уапсени 33 лица во 11 земји

Заедничката акција на полициските сили во дури 11 држави доведе до апсење 33 лица осомничени за малтретирање деца, прикажување, добивање...

Македонија1 час

Речиси половина милион жители во нашата држава немаат постојан пристап до храна

Честопати Северна Македонија е ставена на листата со рекордери во загуби на храна и отпад од храна, а истовремено се...

Свет3 часа

Шведска лекарка ја врати Нобеловата награда за мир како протест поради Хандке

Шведската лекарка и писателка Кристина Доктаре, која ја доби Нобеловата награда за мир во 1988 година како членка на мировните...

Свет3 часа

(Видео) Најмалку шест лица загинаа во пукање во Њу Џерси

Најмалку шест лица, меѓу кои и еден полицаец и двајца осомничени вооружени лица, загинаа во повеќечасовно пукање кај гробиштата и...

Регион3 часа

Шестмина мигранти починаа од студ на грчко-турската граница

Шестмина мигранти починаа од студ на грчко-турската граница. Тие се пронајдени во регионот Еврос, на грчко-турската граница, во периодот од...

Македонија16 часа

Владата даде рок до петок – на увид ги бара сите информации за зачувувањето на статусот на УНЕСКО

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за степенот на реализација на препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017 година,...

Македонија16 часа

Предлог-законот за висока раководна служба оди во Собрание

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата го утврди текстот на предлог – законот за висока раководна...

Свет18 часа

Се подготвува масовен каталонски протест во пресрет на дербито Барселона – Реал Мадрид

Каталонската платформа „Демократско цунами“ ги повика заговорниците за независност на Каталонија за масовни протести по осум дена пред стадионот „Камп...

Регион18 часа

Хрватските возачки дозволи во иднина ќе важат и во САД, Канада, Аргентина …

Парламентарците денеска го поздравија пристапувањето на Хрватска во Конвенцијата за патен сообраќај, односно Женевската конвенција, со која ќе се овозможи...

Македонија21 час

Благајничката на Камчеви: Со обезбедување дојдов во менувачницата, а парите ги претворив во евра

По паузата во Кривичниот суд во Скопје, продожи судењето за предметот „Рекет“, сведочеше благајничката на семејството Камчеви, Мирјана Бошковска. Таа...

Македонија22 часа

„Екосвест“: ТЕЦ „Битола“ ги надминува дозволените вредности за емисии на токсични супстанции

Државите од Западен Балкан ги надминуваат граничните вредности за емисии во воздухот од термоелектраните на јаглен договорени со Енергетската заедница...

Македонија1 ден

Руте: Албанија не е подготвена, а Северна Македонија е поблиску до почнување преговори со ЕУ

Холандија не се спротивставува на проширувањето на ЕУ, рече премиерот на Холандија, Марк Руте, кој верува дека Албанија во моментот...

Македонија1 ден

Камчева: Боки 13 беше како специјален јавен обвинител, тој знаеше сè

Во продолжението на судењето за случајот „Рекет“, сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, рече дека 350 илјади евра за рекет...

Македонија1 ден

(Видео) Сведок во „Еразмус“: Шуклев бараше секс или пари од студентки за преодна оценка

Ексвработениот во бифето на Економскиот факултет, Дејан Трајковиќ, кој е сведок во случајот „Еразмус“, во судницата рече дека професорот Бобек...

Македонија1 ден

(Видео) Заев и Шекеринска: Овој носач на авиони веќе е дел од нашата одбрана

Претседателот на Владата, Зоран Заев, и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, оценија дека сме дел од најмоќната воена и политичка...

Македонија1 ден

(Видео) Камчева: Во стан во Капиштец ми бараа милиони евра за сопругот

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева, го почна сведочењето за случајот „Рекет“. Камчева рече дека на 9 ноември 2018...

Свет1 ден

Ардерн: Има прашања што мора да бидат одговорени, размерите на трагедијата се катастрофални

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн, истакна дека има прашања што мора да бидат поставени и одговорени по ерупцијата на...

Свет1 ден

Военото воздухопловство на Чиле потврди дека авионот се урнал, во тек е потрага

Военото воздухопловство на Чиле соопшти денеска дека воениот авион, кој претходно синоќа исчезна од радарот, се урнал. Воздухопловството се огласи...

Свет1 ден

Пукање во болница во Чешка, најмалку шестмина убиени

Шест луѓе се убиени во пукање во болница во Чешка, објави Би-би-си. Нападот се случил утрово околу 7 часот. Полицијата...

Досие