Македонија
Мицкоски: Нема да се поместам ниту милиметар, ќе ги истрпам сите притисоци, овој парламент нема мандат да го менува Уставот

„Ќе продолжат, притисоците нема да престанат. Ако мислите дека ќе се откажат, нема да се откажат. Затоа што овие од Владата бараат да се прават притисоци. Нема проблем, јас немам проблем да ги истрпам тие притисоци. Тие притисоци се и ќе продолжат. Дали се жестоки? Да, жестоки се. Но, она што е поинакво од Преспа е што ВМРО-ДПМНЕ е консолидирана, обединета и нема слаба алка внатре. Сега не се други центри на влијание, сега ВМРО-ДПМНЕ како целина е центар на влијание. Единствена е ВМРО-ДПМНЕ, политичките ликови во ВМРО-ДПМНЕ се единствени не затоа што водиме инает, туку затоа што сакаме овој народ да добие нешто. Да ги смениме перцепцијата и чувството за нас политичарите кај луѓето. Доста го крадеа, доста го лажеа и доста го понижуваа. Затоа што веруваме дека ова што го правиме е историја, генерациите по нас нека судат дали сме постапувале правилно или сме биле погрешно разбрани. Но, едно сакам да знаат и мојата порака е дека јас лично ни милиметар нема да се поместам и ќе ги истрпам сите притисоци од каде и да идат“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Илинден.
„ВМРО-ДПМНЕ има план, кој е составен од три дела. И подготвени сме тој план веднаш, кога ќе завршат изборите, да им го ставиме на располагање на дипломатите од ЕУ, да разговараме по тој план и тој е единствениот план за надминување на сегашната ситуација, односно ќор-сокак во кој нѐ донесе Владата на ДУИ подржана од СДСМ“, истакна Мицкоски.
Тој додаде дека овој парламент нема мандат да го менува Уставот. Овој парламент треба што побргу да се самораспушти, да се оди на предвремени парламентарни избори и секоја политичка партија и коалиција треба да излезат со јасен план и визија за надминување на проблемот бидејќи тој е тука. Не може да се игнорира проблемот. „ВМРО-ДПМНЕ ја предупредуваше власта, односно беа трипати предупредени дека создаваат проблем. Но, власта одлучи да продолжи да го создава тој проблем мислејќи дека на тој начин ќе им бидат заборавени и простени сите криминали и сето она што лошо го направија мислејќи власта дека ќе потпише и со тоа сѐ ќе се заврши“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема атмосферска канализација што ќе ги апсорбира врнежите со ваков интензитет, вели градоначалникот на Делчево

Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски вели дека се работи за голема елементарна непогода и дека ништо не можело да спречи такво невреме, проследено со интензивни обилни врнежи.
„Ова е елементарна непогода. Екипите се на терен – територијалната противпожарна единица, јавното комунално претпријатие, „Македонија пат“, овде е и полицијата која го регулира сообраќајот да можеме побрзо да го ставиме градот во функција и да им помогнеме на луѓето каде што треба..ги контактиравме околните општини, пумпи за испумпување се на пат, имаме организирано, знаеме каде да ги упатиме овие пумпи“ рече Трајковски и додаде дека мора брзо да интервенираат затоа што има поплавени неколку улици и домови.
Тој апелираше до граѓаните кои имаат потреба од помош да се јават на 193 во противпожарната единица, за да пријават штета.
Рече дека имаат помош од околните општини Берово, Македонска Каменица, Кавадарци, Кочани и дека е во постојана комуникација со нив.
Ги предупреди граѓаните до утре да се воздржат од пиење вода од чешма. Исто така апелираше, луѓето да не излегуваат по улиците со нивните возила, за да не прават гужва во сообраќајот.
Македонија
(Видео) Страотни сцени од Делчево под вода; Жителите: Да не се повтори

Делчево е под вода. Од фотографиите и видеата што се шират на социјалните медиуми може да се види што направило страшното невреме.
Реки течат по улиците на градот. Уништена е и дел од улицата „Вера Јоциќ“. Поплавени автомобили.
Возилата на дел од улиците во Делчево не може да движат и таму сообраќајот е во застој.
Врнежите од град кои биле со големина на лешник предизвикале штети на дел од раноградинарските култури и на дел од овошните насади.
Од Општина Делчево апелираа до граѓаните да пријават евентуални штети.
Македонија
(Видео) ЦУК: Големо невреме во Делчево – врнежи од дожд и град, поплавени десетина објекти

Големо невреме проследено со врнежи од дожд и град попладнево го зафати Делчево.
Според информациите од ЦУК, во невремето има поплавени објекти. Во моментот на информирањето, екипите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Делчево во секој момент очекуваат да престане дождот за да излезат на терен и да интервенираат.
„Моментално интервенираат ТППЕ Делчево со 2 ПП возила и 5 пожарникари, додека Јавно комунално претпријатие во секој момент се очекуваа да излезат на терен и да интервенираат.
До со сега во Делчево се поплавени 10 објекти, но бројот на поплавени објекти, според информациите од терен, се очекуваа да расте“ велат од ЦУК.
Некои од граѓаните споделуваат видеа од невремето.