Македонија
Мицкоски: Никогаш нема да прифатам дека за смртта на 14 луѓе може да биде виновен кабел

Како човек никогаш нема да прифатам дека за смртта на 14 луѓе во Тетово може да биде виновен кабел или нечиј полнач за телефон, без да има одговорност за нефункционирањето на системот за кој министерот и заменик-министерот се директно одговорни, напиша на „Фејсбук“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откога попладнево премиерот Зоран Заев одби да ги прифати понудените оставки на Венко Филипче и Илир Хасани.
„Заев треба да престане да се надева дека ќе веруваме во неговите глупости кои имаат јасна цел – да ја скријат објективната вина, негова и на неговите министри.
Кој дозволил таква инсталација во болницата и немање противпожарни апарати?
Кој дозволил опасни боци за кислород во необезбедена болница?
Кој дозволил роднини на пациенти и други цивили во болницата?
И кој друг ако не министерот, заменикот-министер и самата Влада да се одговорни за животот на пациентите“, запраша во својата објава партискиот лидер.
Мицкоски посочува и дека како на човек му е тешко, што, како што вели, главни теми во нашата земја се нечие отсуство на морал и чувство за одговорност.
„Кажете ѝ јасно на јавноста дека Заев и Ахмети здружено, како и за други тендери, се договориле никој да не одговора“, обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во својата објава и порача дека народот знае како да постапи и да биде силата на промените што сака да ги види.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гаревски: Бидете спокојни, земјотресот во Турција со сигурност нема да ја стресе Македонија

Разорниот земјотрес во Турција нема да ја стресе Македонија, уверува професорот Михаил Гаревски. Тој за „Макфакс“ вели дека Македонија може да здивне бидејќи во следниот период од неколку месеци не се очекуваат потреси. Нагласува дека земјотресите не можат да се предвидат, но земјотрес со поголема јачина не се очекува.
„Бидете спокојни, земјотресот во Турција со сигурност нема да ја стресе Македонија. Ние сме друго сеизмичко подрачје и далечината од источно-анадолскиот расед е преголема за да се трансферира редистрибуцијата на напрегањето од денешниот земјотрес“, вели Гаревски за „Макфакс“.
Професорот објаснува дека земјотресот во Турција од утрово не е изненадување, имајќи во предвид дека земјата е едно од најтрусните подрачја на светот заедно со Јапонија, Индонезија, Америка и Чиле.
„Ваков земјотрес не е за изненадување, но сепак ова е еден од најголемите земјотреси во историјата на Турција. Таму најсилниот земјотрес кој го имало се случил во 1939 година во градот Езерџан со магнитуда 7,9 степени според Рихтер и имал 17.000 жртви. Езерџан се наоѓа на почетокот на северно-анадолскиот расед долг 1200 километри. Земјотрес со магнитуда од 7,4 степени според Рихтер се случи и на крајот на истиот расед близу Истанбул во 1999 година, исто така со 17.000 жртви. Тогаш ја предводев екипата од Македонија која излезе по две недели од земјотресот. Глетката беше страотна како и оштетувањата. Констатацијата беше дека бројот на жртви е предизвикан и поради исклучително слабите градби“, додава Гаревски за „Макфакс“.
По 1999 година, Гаревски цени дека Турција многу ги зајакнала контролите и мерките за сигурна градба. Имајќи ја в предвид јачината на сегашниот земјотрес, Гаревски смета дека на градбите навистина се внимавало, а тоа го покажува бројот на жртви.
„Засега бројот на жртви, официјално е 1500. Би бил среќен да се остане на тоа. Но имајќи ја во предвид силината на земјотресот, очекувано е бројот на загинати да надмине 5.000 жртви. Но дај Боже да грешам“, посочува професорот.
Според Гаревски во регионот околу земјотресот во Турција, очекувани се афтершокови чиј интензитет ќе се намалува.
Македонија
(Видео) Пендаровски и унгарската претседателка Новак положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамките на официјалната посета на претседателката на Унгарија, Каталин Новак, на Македонија, денеска претседателот Пендаровски и претседателката Новак положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Претходно, претседателот Стево Пендаровски во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести, ја пречека претседателката Новак, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации, се одржа заедничка прес-конференција на претседателот Пендаровски и претседателката Новак.
Македонија
Славески свика итен состанок на координативното тело за испраќање помош во Турција и Сирија

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, во договор со советничките групи и градоначалничката Данела Арсовска свика состанок на координативното тело на Советот, на кој ќе се согледаат сите можности за испраќање хуманитарна помош за семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.
Како што информира Славески, Советот ќе донесе одлука на итна вонредна седница, што ќе се закаже во најкус можен рок.
„Изразувам длабоко сочувство до семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија. Молитвите во овие тешки моменти се со пријателските народи на Македонија, кои се зафатени од разорен земјотрес“, порача Славески.