Македонија
Мицкоски објави видео: „Еве како Заев лаже додека го продава идeнтитетот“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи објави видео, во кое се поврзани неколку изјави од рачни настани за кои вели дека се доказ оти премиерот Заев ја лаже нацијата додека го продава македонскиот идентитет.
„Видете како лаже прикривајќи ги поразите“, пишува Мицкоски, кој повторно нагласи дека поради ваквите постапки, потребна е итна оставка на Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Наставниците даваат зелено светло на реформата

Новата концепција за основно образование што ја нуди Министерството за образование и наука ни дава можност да ја покажеме нашата креативност и да се докажеме како наставници, преку поголемата слобода во изведување на воспитно-образовниот процес. По години назадување, на реформата гледаме како можност за промена на образовниот систем и приближување до најдобрите образовни системи во Европа и светот, рекоа наставниците по средбата со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и членовите на работната група, во рамки на широкиот консултативен процес за предложените реформи во основното образование.
Професорката Елена Масторидис од ОУ Лазо Трповски во о.Карпош, рече дека прв пат по 30 години работно искуство, се појавила министерка којашто овозможила да се слушне гласот на наставниците и да дадат придонес врз основа на искуството, за да може новата концепција успешно да почне во септември 2021.
Став на наставницитe е дека промените се прават во најдобар интерес како на наставниците така и на учениците.
„ Сметам дека апсолутно треба да ја поддржиме, да ја прифатиме, да дадеме зелено светло на новата концепција којашто ја нуди Министерството, на којшто начин ќе можеме да се докажеме и ние како наставници, нашата креативност, и се она што досега ни било ограничено, а имаме поголема слобода во изведување на тој воспитно-образовен процес и во остварување на нашите цели“, рече Марина Видикова од ОУ „Тоде Хаџи Тефов“ од Кавадарци.
И Рухи Демири од ОУ „Луиѓ Гаракуќи“ од Желино ги поддржува промените во образовниот систем, бидејќи „со нив добиваат учениците, наставниците и сите директно вклучени во системот на образование“. Тој очекува со новата концепција подобра и поквалитетна настава, а со тоа и подобра иднина.
Реформата на основното образование ќе придонесе за враќање на изгубената вредност на професијата наставник, ќе ги мотивира најдобрите ученици да сакаат да бидат наставници а оние кои веќе се во образованието, добиваат можност за напредок и развој.
За наставниците е целосно прифатливо фокусирањето на професионалниот развој, што значи напредок во кариерата, повисоки примања и подобри услови за работа. Рекоа дека овие промени наставниците ги бараат години наназад и сега, со реформата, конечно ќе се реализираат. Сметаат дека промените ќе значат квалитативен исчекор, токму затоа што наставниците се вклучени од самиот почеток во подготвување на реформата и што нивните мислења се целосно имплементирани.
Наставниците истакнаа дека за нив е клучно што сите наставници по сите предмети продолжуваат со работа, но на еден поинаков начин, преку соработка меѓу себе и заедничко оценување. Ќе следат тромесечни темелни обуки, со цел успешно имплементирање на реформата.
Македонија
Филипче: Првите вакцини од „Фајзер“ и од Србија ќе стигнат со интервентен увоз

Не постои законска пречка за прием на вакцините против Ковид-19 во нашата земја. Првите дози на вакцината „Фајзер“, која е договорена во директни преговори со производителот, како и 8000 дози вакцини кои од Република Србија треба да пристигнат во нашата земја ќе бидат со интервентен увоз. Измената на Законот за лекови е поради глобалната политика на „Фајзер“, кои инсистираа апликант за регистрацијата на вакцината да биде нивното претставништво коешто е со седиште во Холандија, одговорно за овој дел на Европа, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
„ Србија е единствената земја во целиот регион каде има локално претставништво на „Фајзер“ и тоа на некој начин им ги забрза работите. Но, и тоа не е пречка свесни дека е таква нашата законска регулатива, производителот „Фајзер“, се согласи првите количини вакцини кои ќе дојдат во нашата земја и преку директниот договор, но и преку помошта од Србија да дојдат со т.н интервентен увоз, за што има законска регулатива и за тоа не треба регистрација“ истакна Филипче.
Тој додава дека „Фајзер“ на нашата земја и излезе во пресрет, несакајќи да се забави динамиката на пристигнување на вакцините.
„Со оглед на тоа што инсистираат регистрацијата да се случи кога тогаш, несакајќи да ја забават динамиката на пристигнување на вакцините, се согласија тоа да биде за следните количини, во следните месеци поради тоа што ние поднесовме измена на Законот за лекови во Собранието за да овозможиме, оваа конкретна вакцина да се регистрира преку апликант кој не е регистриран како компанија во нашата земја“ објаснува Филипче.
Што се однесува до испораката на вакцините од Република Србија, Филипче појасни дека во моментов се чека одобрување од компанијата „Фајзер“, за интервентен увоз.
„Во интензивна комуникација сме со компанијата изминатите два дена, паралелно на нашите разговори во врска со нашиот директен договор, сега се чекаат и фајловите за да се дозволи таа количина од Србија да биде пратена во нашата земја. Тоа значи дека компанијата Фајзер води сметка за буквално сите количини кои ги дистрибуира во земјите, дали и на кој начин евентуално се препраќаат во некои други земји“ – додава министерот.
Во врска со измените на Законот за лекови, министерот изминатиов период имаше средби со пратеници на опозицијата кои во разговор со него изразија поддршка и конструктивност за измените на Законот.
Што се однесува до вакцините кои во земјава треба да стигнат преку Ковакс механизмот, министерот Филипче на 29 јануари ќе има состанок со претставниците од тој систем кога се очекува да добие информации кога и во кои количини вакцини ќе стигнат во нашата земја.
Тој нагласи дека здравствениот систем и сите други институции во државата се подготвени за процесот на вакцинација.
„ Ние сме целосно спремни. Утрово имав состанок со директорот за Агенцијата за лекови МАЛМЕД, тамошните служби се целосно спремни да ги пречекаат документите, да ги издадат потребните формулари, административни. Укажавме на директорот на Царината и во таа служба се спремни вработените сите постапки да се завршат во најкраток временски рок. Ние сме спремни со нашата инфраструктура, фрижидерите веќе се инсталирани, може тука да се складира огромна количина на вакцини. Подготвен е и планот за вакцинација, секако здравствените работници се први. Така да, во моментот кога ќе пристигнат вакцините имаме план по којшто ќе се постапува“ изјави министерот.
Македонија
Фетаи: Oд доказите проилегува дека изборот на жртвите е да се Македонци

Обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ да бидат осудени на доживатна казна затвор, на Фејзи Азири да му биде изречена 15 години затворска казна, а на Хаки Азири од девет до десет години затвор, бара обвинителката Фатиме Фетаи.
„ Со друга санкција нема да се постигне санкцијата”, рече Фетаи на судењето.
Таа објасни дека според Обвинителството, целта на петкратното убиство била дестабилизација на Македонија, а важно било жртвите да се Македонци.
„ Иако е јасно за јавноста и за семејствата на жртвите е важно зошто е направен овој чин, во случајот, од доказите проилегува дека изборот на жртвите е да се Македонци. Конкретни докази за мотивот за кривичното дело тероризам, вообичаено нема”, рече Фетаи.
Според неа, обвинетите успеале во мотивот за дестабилизација, со оглед на протестите кои се одржуваа во тој период.
„ Се задоволиле со непоткрепени тези за ‘крвав Велигден’, но не дава одговор на тоа зошто. Дејствијата на убивањето на петте лица е терористички акт и извршителите тоа го знаеле. Можноста за дестабилизација на Македонија е мотив за овој чин, а делумно има успех, што се покажа на револтот изразен на протестите. Се обратив до Агенцијата за разознавање, но не дадоа податоци од помош. Мотивацијата да не се екстрадираат Алил и Агим од Косово е можеби подлабока и тие ќе треба да ги дадат одговорите за мотивите”, рече Фатиме, надевајќи се дека ќе бидат екстрадирани.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот