Македонија
Мицкоски: Очекувам раководството на ССМ да излезе од партиската прегратка и да се договори со Владата во интерес на административците
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека очекува неколкумина од раководството на Сојузот на синдикати да излезат од, како што рече, партиската прегратка и да постигнат договор со Владата во интерес на работниците, односно на административните службеници.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со утрешната средба со УПОЗ и очекувањата, Мицкоски нагласи дека дел од вработените во јавната администрација сè уште немаат договорен Колективен договор со Владата.
„Очекувам да излезат од партиската прегратка тие неколкумина во раководството на Сојузот на синдикати и да се договорат со Владата во интерес на работниците, односно во интерес на административните службеници, бидејќи уште тие, како што многу пати кажав во минатото, уште тие 7.700–7.800 наши колеги немаат со Владата договорен Колективен договор, сите останати имаат“, изјави премиерот.
Тој додаде дека со ваквиот договор Владата, како работодавач, ќе ги заокружи односите со сите вработени до истекот на мандатот.
„Со ова, Владата како работодавач ги заокружува односите до истекот на мандатот на оваа Влада, до 2028 година, со сите оние на чии работодавач директен или индиректен е Владата“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата Мирослав Крлежа, како и корисниците од улиците Наум Наумовски Борче, Антоние Грубишиќ и Орце Николов, општина Центар;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Миле Поп Јорданов лоцирани во околината на хотел Гранит, општина Карпош.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
РЦУК Скопје известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Јосиф Михајловиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Јосиф Михајловиќ и Атанас Бабата, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Сончево време со температура до 19 степени, од недела заладување со услови за дожд
Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во сабота ќе преовладува претежно сончево време. Потоа во следните два дена ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд и пониска дневна температура. Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.
Фото: Unplash
