Контакт

Македонија

(Видео) Мицкоски: ПОДЕМ е нашиот верен сојузник и партнер во нашата борба за подобра иднина

Објавено пред

Велат ако нешто трае повеќе од една година значи  ветува дека може да се постигне многу, кога  нештото трае 5 години значи дека може да опстои на сите турбуленции и предизвици, а она што трае повеќе од 10 години веќе прераснува во традиција што мора да се почитува. Затоа дозволете ми во мое име и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ да ви ја честитам 11-годишнината од основањето на Партијата на обединети демократи на Македонија ПОДЕМ, партија којашто од основањето до денес активно придонесува во демократскиот живот и политичката сцена, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната прослава по повод 11-годишнината од основањето на Партијата на обединети демократи на Македонија ПОДЕМ.

Според Мицкоски, ,,големината на една партија е во големината на љубовта кон татковината, но и мноштвото идеи за подобра иднина на своите сонародници во земјата и надвор од неа”. ,,Токму затоа можам да кажам дека ПОДЕМ е многу поголема партија од партии кои денес егизистираат на власт бидејќи и со примери и со дела покажале и докажале дека Македонија е нивниот идеал и дека демократските вредности, напредокот и подобрата иднина се нивната водилка низ ова 11-годишното функционирање. Партија која покажува во овие времиња дека има сила да се спротивстави и да каже НЕ на погрешните политики на власта, и тоа во периоди кога тоа е нималку не лесно да се направи и за што знам дека наместо комформизмот и сладострастието на власта, го одбра правилниот пат и застана со народот.

Токму поради ова со полна сигурност можам да кажам дека ПОДЕМ е нашиот верен сојузник и партнер во нашата борба за подобра иднина, борба која трае и ќе заврши кога катастрофата наречена Зоран Заев и СДСМ ќе замине во темната историја во Македонија. И вие како и сите граѓани на Македонија чувствувате дека Заев ја турка Македонија кон амбисот, кон амбисот со целиот економски колапс  што го предизвикува, осиромашувањето на народот на сметка на личното богатење, рушењето на достоинството на граѓаните и континуираното уништување на угледот и позициите на државата. Македонија во време на изгубениот Зоран Заев станува загубена држава и затоа наша должност е да застанеме на овој пат на разнебитување на нашата земја. Заедно мораме да ги сплотиме силите, да ги збиеме редовите и да се спротивставиме на непогодата наречена Зоран Заев. Тој е веќе на колена и го покажува целиот свој очај и немоќ. Неговото блескање кое само тој го гледаше се претвори во беда и срам. Неговиот систем евро за Вицето целосно ги замени европските вредности. Неговите квази реформи во судството и администрацијата се претворија во лична амнестија за криминалите и максимално партизирање и приватизирање на институциите. Правото се претвори неправда, а правната држава во полициска држава за прогон на политички неистомисленици.

Свесни сме дека си имаме работа со однародена власт која се одлепила од реалноста, а истовремено заглавена до гуша во скандали, корупција и криминал, па станува сè понервозна и пожестока кон својот народ. Но колку повеќе удираат, толку повеќе народот се обединува во нашата борба. И кога ќе ми речат лошо е, одговорот е, полошо е од најлошото. Кога ќе помислите дека е пробиено дното, Власта нè демантира дека има ново уште поголемо дно. Така е и во економијата. Нема пари, а буџетот се троши само за социјални трансфери и купување социјален мир. И тоа може да функционира година-две, но не може така вечно. УЈП има дупка во прибирањето даноци, и тоа е така зашто народот нема пари, бизнисот трпи, а граѓаните влегуваат во уште поголема сиромаштија.

Ќе потсетам дека ветуваа 5% раст, а ќе бидеме среќни доколку се постигне половина од тоа. Земјоделците мака мачат со откупот, а во здравството успех има само во наместените тендери. Сè останато тоне. И онаа малку надеж што беше, а се однесуваше на брз напредок во преговорите со ЕУ гледаме дека се претвори во нов неуспех. Датум за преговори нема зошто Европската Унија констатираше отсуство на реформи и постоење корупција. Нема одење во Европа со градоначалник кој физички се пресметува во својот кабинет, а обвинителството спие. Со генерален секретар на влада кој не чувствува одговорност за скандалот во кој е вовлечен. Нема во Европа со наместени тендери во здравството за опрема која сега се плаќа два или повеќе пати поскапo. Нема во Европа со премиер кој договара мито од 100 илјади евра за Вартоломеј, и се впушта во криминал за 5 секунди. Нема во Европа со прогон кон опонентите. Македонците стануваат граѓани од втора категорија во својата земја. Сменето име, историја која Заев ја прекројува како ќе му текне само за да остане на власт.

Имам една добра и една лоша вест. Лошата вест е дека Зоран Заев создава изгубена и упропастена држава. Добрата вест е дека ќе ги победиме. И ќе ги победиме силно. Ова мора да престане затоа што е премногу. Затоа мојата, нашата борба е за Македонија која вистински ќе оди напред. Мојата визија е за Македонија која ќе биде членка на Европската Унија, држава која сериозно ќе се бори против криминалот, корупцијата и неправдите. Овој канцер кој ја гуши земјава десетици години мора да биде победен.Мојата визија е за Македонија која ќе биде технолошки тигар на Балканот, со развиена економија и која ќе биде место каде што ќе се случува технолошка и економска експанзија. Мојата визија и нашата борба е за Македонија која ќе има квалитетно здравство и образование. Која ќе нуди поддршка на земјоделците преку загарантиран откуп. Мојата визија и нашата заедничка битка мора да биде да го сочуваме достоинството на секој еден граѓанин. Затоа ни е потребна обнова. Обнова во секој еден руиниран сегмент во општеството. Доаѓа ново време кога политиката мора да биде работа на принципи, разум и труд. Многу работа и чесност.

Јас во мојот живот немам заработено нечесно ниту едно пенкало, имам принципи на кои ме учеле од мал, моите родители. Тоа го барам од секој еден мој соработник. Оваа обнова за која зборувам може да ја донесе оваа нова генерација на политичари која мора да ги победи старите ликови од транзицијата. Тоа е можно и тоа заедно ќе го направиме. Сметам на ПОДЕМ, верувам на нејзината сила и ПОДЕМ е еден од нашите најверни коалициони партнери. Ништо во животот не е лесно и не е брзо, но подобро да победиме во тежок и исцрпувачки маратон, отколку да бидеме поразени на краток и молскавичен спринт. Нека ви е честит роденденот и посакувам уште многу години опстојба на македонското политичко небо”, додаде Мицкоски.

Македонија

Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Објавено пред

Половина час откако почна седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на инспекторот Ѓорѓи Илиевски, се појави обезбедување и ги замоли новинарите да не чекаат во ходникот.

Обезбедувачот рече дека за да ги пушти новинарите на седницата и да чекаат во ходникот требало писмено известување, кое не било стигнато.

Обезбедувањето од МВР на новинарите кои седеа во ходникот и чекаа да заврши седницата, откако претходно не беа пуштени, им рече: „Тргни ги новинарите, ми кажаа“.

Претходно, портпаролот Јане Николовски, прокоментира дека не му е јасно кој ги пуштил новинарите во зградата, кога ќе имало изјава по седницата.

Претседателката на дицсиплинската комисија Валерија Анастасова се расправаше со новинарите и рече дека не е дозволено да присуствуваат на седницата на која се расправа за одговорност на инспекторот Илиевски.

Дисциплинската постапка е закажана откако инспекторот Илиевски објави дека незаконски биле унапредени јавни функционери во наставно-научни звања на Државниот универзитет во Тетово (Арбер Адеми, Агим Нухиу, Сафет Емрули).

Постапката ја покрена Африм Саљиу, раководител на секторот за високо образование, а дисциплинската постапка за утврдување дисциплинска одговорност е испратена со потпис на директорот на ДПИ, Томе Спировски.

Прикажи повеќе...

Македонија

На новинарите им е забрането да ја следат постапката за инспекторот Илиевски

Објавено пред

Валерија Анастасова, претседателката на дисциплинската комисија, која треба да расправа за постапката со инспекторот Ѓорѓи Илиевсли, пред почетокот на седницата на новинарите им рече дека не им е дозволено да присуствуваат на седницата.

„Присуство на новинарите не е дозволено“, рече Анастасова. На прашање зошто новинарите се непожелни на седницата, Анастасова рече дека требало претходно да бидат најавени.

Откако новинарите и’ појаснија дека сега во моментот се најавуваат, поради тоа што инспекторот инсистира на јавност, Анастасова упорно повторуваше дека присуството на медиумите на седницата е недозволено и дека лице задолжено за јавност ќе дало изјава по седницата.

Портпаролот на излегување праша кој ги пуштил новинарите во зградата и рече дека ќе имало изјава по завршувањето на седницата.

Дисциплинската постапка е закажана откако инспекторот Илиевски објави дека незаконски биле унапредени јавни функционери во наставно-научни звања на Државниот универзитет во Тетово (Арбер Адеми, Агим Нухиу, Сафет Емрули).

Постапката ја покрена Африм Саљиу, раководител на секторот за високо образование, а дисциплинската постапка за утврдување дисциплинска одговорност е испратена со потпис на директорот на ДПИ, Томе Спировски.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Мицкоски бега од лидерска

Објавено пред

Христијан Мицкоски единствено е фокусиран на одбрана на криминалот на Никола Груевски и затоа се обидува да ги блокира реформите и да и наштети на државата. Мицкоски бега од лидерска, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

„Има забелешки за попис, а не сака да разговара. Мицкоски сака земјата да остане без попис 18 години, го следи криминалното крило на ВМРО-ДПМНЕ кое не сака земјава рамномерно да се развива. Мицкоски е против правдата. Во време кога функционира правосудниот систем во државата и имаме неселективна правда, кога сите се еднакви пред законите, Мицкоски бега од разговор за законот за јавно обвинителство“, велат од СДСМ.

Владејачката партија додава дека Мицкоски со половина уста барал предвремени избори, но не сакал да зборува за подобрување на изборниот законик, затоа што знае дека ќе ги загуби.

„СДСМ нема да дозволи деструкциите и обидите за закочување на напредокот и реформите кои што ги прави Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да успеат. Одбраната на криминалот на Никола Груевски нема да успее. Напредокот ќе продолжи, правдата ќе биде задоволена, Република Северна Македонија ќе успее“, додава СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Половина час откако почна седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на инспекторот...

Македонија2 часа

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет2 часа

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зошто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж кој е осомничен дека го подметна пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Спорт3 часа

Кога Вимблдон зависи од деца

Тие се во сенка, иако стојат на сонце. Тие се незабележливи, иако ги гледате на ТВ екранот како ви претрчуваат....

Македонија13 часа

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет14 часа

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет16 часа

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ19 часа

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион20 часа

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија21 час

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија24 часа

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет1 ден

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија1 ден

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Европа1 ден

Голема акција на германската полиција: приведени исламски екстремисти кои подготвувале терористички напади

Полицијата во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија утрово изврши рација во градовите Келн и Диран, при што изврши претреси на повеќе...

Европа2 дена

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во...

Македонија2 дена

Усвоена програмата за реконструкција на Универзалната сала и спомен-обележјето на Тоше Проески

Владата денеска ја усвои програмата за реализацијата на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за...

Македонија2 дена

Боки 13 и Милевски остануваат во притвор, судот им ги одби жалбите

Кривичниот суд попладнево соопшти дека им ги одбил жалбите на осомничените во предметот за изнуда со трговија на влијаније. Тоа...

Македонија2 дена

Васко Ковачевски нов директор на ЕЛЕМ

Владата на денешната седница, по предлогот за разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија, донесе одлуки и за препораки...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Обвинителството ќе каже дали Катица Јанева е злоупотребена или има докази против неа

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се слушнал со Катица Јанева по шпекулациите дека специјалната обвинителка контактирала со високи функционери пред...

Македонија2 дена

(Видео) Разрешени директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ

Премиерот Зоран Заев соопшти дека на денешната седница ќе предложи разрешување на десетици директори на јавни претпријатија и членови на...

Досие