Контакт

Македонија

Мицкоски: Постои проект за уништување на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода, каде оствари средба со голем број на членови и симпатизери на партијата.

Тој зборуваше дека во овој момент има судски процес против ВМРО-ДПМНЕ, со цел затскривање на погрешните политики на СДСМ.

„Ова Кацарска судство и Русковска обвинителство со овие искреирани, исценирани сведочења на кои што сме сведоци изминативе денови има за задача да го реализира проектот како да се уништи ВМРО-ДПМНЕ. Тие се свесни дека се додека дише ВМРО-ДПМНЕ, се додека е силно толку повеќе нивните политички кариери се доведени под знак прашање. Едниот проект е како да се уништи ВМРО-ДПМНЕ, а другиот проект е да збориме за се, јас би рекол да дехидрираат од плукање врз Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, а притоа да не направат реформа во здравството ниту да ја подобрат економијата ниту образованието нити некој нов проект да направат со кој практично ќе исполнат елементарно ветување со кое излегоа пред граѓаните“ рече Мицкоски.

Тој пред членовите и симпатизерите посочи уште еднаш дека ова било кажано уште пред неколку месеци и дека СДСМ се целосно насочени кон криминалот и кон фингираните судења кои се случуваат во позадина за да не може јавноста да зборува за тоа.

Мицкоски исто така рече дека се случува и вистинско фијаско во економијата, ќе се воведат повисоки данови за да има поголем грабеж кој ќе го платат граѓаните.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Крвав четврток

Нинџа предложи нови докази за 27 април – 115 аудиоразговори и 20 фотографии

Објавено пред

Обвинетиот Александар Василeвски – Нинџа на денешното рочиште за крвавиот четврток предложи дополнителни докази кои смета дека треба да бидат изнесени пред судот, но без присуство на јавноста. Како што рече тој, станува збор за 115 аудиоснимки и 20 фотографии.

,,За поткрепа на мојот исказ даден пред овој судечки совет на моето предавање на 11.06 2018 година, до Обвинителството за организиран криминал доставив листа на докази од кои неколку УСБ-уреди со 115 аудиоснимки и 20 фотографии. Барам обвинителката Рускоска да ги предаде на судот истите да ги слушаме по можност со исклучување на јавноста”, рече Василевски.

На ова обвинителката Ивана Трајчева рече дека засега не може да се произнесе за овие докази и дека не знае дали овие докази се во обвинителството.

,,Не можам да се произнесам за овие докази, не ја знам содржината на истите, но од она што кажа Василевски можам да заклучам дека станува збор за докази што биле предложени во истражната постапка и доколку е така, обвинетиот имал можност истите да ги предложени по давање на обвинителниот акт”, рече Трајчева.

Судијката Добрила Кацарска изјави дека Советот дополнително ќе се произнесе за предлогот на Александар Василевски – Нинџа, односно дали доказите ќе бидат прифатени, а обвинителството да изврши проверка и доколку физички се таму, со писмен поднесок веднаш да бидат доставени до судот.

Адвокатката на Нинџа, Елеонора Јанковиќ, по завршување на рочиштето изјави дека не знае точно за какви докази станува збор.

На аеродромот во Скопје е уапсен тетовец кој се барал за издржување на затворска казна. Денешната расправа се одложи за 20 декември, поради декласификација на доказите за Митко Чавков кои треба да бидат доставени од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Александар Николоски во работна посета на Брисел

Објавено пред

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска и утре престојува во работна посета на Брисел. Во рамките на посетата Николоски ќе оствари средби со високи претставници на Европската комисија, Европската народна партија, Центристичко демократската интернационала, Европскиот парламент итн.

Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, на средбите се очекува да се разговара за актуелните политички случувања во Македонија и регионот.

„Николоски ќе информира за состојбата во Македонија, заостанувањето во реализацијата на реформите, политичките притисоци и злоупотребата на правниот систем со цел политички прогон, партизацијата на јавната администрација, економското назадување и сè поголемо задолжување на државата, како и сите потфрлања на Владата на СДСМ во сите области значајни за животот на граѓаните.

Николоски ќе разговара со партнерите од Брисел и за активностите на ВМРО-ДПМНЕ, како и политичкиот притисок и прогон под кој се бројни членови на опозицијата и обидот за задушување на слободата на изразување и критика кон власта на СДСМ“, велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Градот ќе издвои повеќе пари за животна средина, зеленило и социјала

Објавено пред

Советот на Град Скопје на денешната седница ќе го разгледува предлог-буџетот за 2019 година и Планот за програми за развој за 2019-2021 година, односно развојниот дел на буџетот на Град Скопје.

Со предлог-буџетот на Град Скопје за 2019 година се предлага максимален износ од 6,5 милијарди денари вкупни приходи и други приливи. Во планираните средства влегува и дел од вишокот на приходи остварен од минати години во износ од 1 милијарда и 21 милиони денари.

,,Во структура на вкупно планираните приходи најголем процент на учество имаат даночните приходи со 38%, приходите од дотации со 25%, неданочните приходи со 7% и капиталните приходи 8%.Планираните приходи и другите приливи по поединечните буџети од кои е составен вкупниот буџетот на Градот Скопје за 2019 година, е следното:

-Основен буџет – 4,4 милијарди денари;
-Буџет на дотации – 1,6 милијарди денари;
-Буџет на самофинансирачки активности – 304 милиони денари;
-Буџет на донации – 130 милиони денари;
-Буџетот на кредити – 10 милиони денари;

Предложените проекти во расходниот дел на буџетот на Град Скопје за 2019 година се изготвени согласно со стратешките приоритети на Град Скопје со кои се обезбедува ефикасно извршување на надлежностите и исполнување на потребите на граѓаните. Во предлог-буџетот на Град Скопје за 2019 година приоритет е животната средина и одржувањето на зелените простори, соопштија од Градот.

Според предлог-буџетот на Град Скопје за 2019 година, планирано е зголемување во буџетот за заштита на животна средина, каде што се планирани 186 милиони денари, што претставува речиси 32% повеќе од буџетот за 2018 година во кој за овој сектор беа предвидени 141 милиони денари.

Предложениот буџет на Град Скопје за 2019 година е изготвен согласно со насоките за подготовка на буџетот на единиците на локалната самоуправа – Буџетски циркулар за 2019 година, како и согласно со измените на Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Сите предложени програмски проекти од различните области во рамки на законските надлежности на Град Скопје се планирани внимателно, а во насока на здрава животна средина и воспоставување концепт на одржлив развој, а со тоа и приближување кон политиките на Европска Унија и нејзините принципи.

Зголемување има и во буџетот за социјала, кој за 2019 се предлага да биде 102 милиони денари, во споредба во годинешниов, кој изнесуваше 78 милиони денари. Зголемување има и во делот за изградба на паркови и зеленило за над 50 милиони денари. Во делот на урбанистичкото и просторно планирање и уредување на градежното земјиште се предвидуваат средства во износ од 1.384.280 денари за капитални расходи, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток27 минути

Нинџа предложи нови докази за 27 април – 115 аудиоразговори и 20 фотографии

Обвинетиот Александар Василeвски – Нинџа на денешното рочиште за крвавиот четврток предложи дополнителни докази кои смета дека треба да бидат...

Македонија1 час

Тунтев на комеморацијата за Стојаноски: Јован друже, не се договоривме вака

Премиерот Зоран Заев во име на Владата се обрати на комеморацијата за починатиот градоначалник на Охрид, Јован Стојаноски. „Тешко е...

Бегството на Груевски2 часа

Трајковски: Не бев да се видам со Груевски, туку да се лекувам на клиника

Обвинетиот Александар Трајковски на паузата од денешното судење за „Насилството во Центар“ на СЈО пред новинарите рече дека во Унгарија...

Македонија2 часа

Адвокатите се откажаа да го застапуваат Груевски

Тројцата адвокати Димитар Дангов, Стерјо Зиков и Боро Тасевски се откажаа да го застапуваат експремиерот Никола Груевски во предметот на...

Бегството на Груевски2 часа

Ристовски: Соседните земји низ кои поминал Груевски не смееле да го уапсат

Заменик-министерот за правда на Македонија, Оливер Ристовски, за српскиот весник „Политика“ потврди дека Србија немала обврска да го задржи или...

Европа3 часа

(Видео) Десет илјади граѓани излегоа на протестите против владата на Орбан

Околу десет илјади граѓани протестираа во Будимпешта против новиот закон за работа и, како што се наведува, „растечкото авторитарно владеење...

Европа3 часа

Премиерот на Франција за ,,Жолтите елеци”: Погрешивме, не ги слушавме доволно граѓаните

Премиерот на Франција, Едуар Филип, призна дека Владата не ги слушала доволно Французите и дека погрешила во управувањето на кризата...

Македонија4 часа

Марш на црвените чадори – ќе маршираат сексуални работнички, стриптизети, хотлајн-операторки

Првиот колектив на сексуални работници „Стар-стар“ во рамките на кампањата за одбележување на 17 Декември, Меѓународен ден за ,,стоп” на...

Свет16 часа

(Видео) Експлозија во ресторан во Јапонија, повредени 42 лица

Најмалку 42 лица се повредени во експлозија и пожар во ресторан во јапонскиот град Саппоро.На местото на експлозијата веднаш пристигнаа...

Македонија17 часа

ЛДП нема да гласа за законот за амнестија

ЛДП нема да гласа за законот за амнестија. Како што беше кажано на седмото Изборно собрание на Либералдемократите, овој владин...

Македонија19 часа

(Видео) Сведоштво од несреќата кај Лесковац: Кога се разбудив слушнав вриштење, околу мене имаше луѓе со крвави глави

,,Кога се разбудив слушнав вриштење. Видов луѓе со крвави глави и раце и слушнав некој кажа дека има и загинати”,...

Македонија21 час

ЗНМ на тест, изборот на Чадиковски под прашалник

По којзнае кој пат новинарската фела е исправена пред нови поделби. Вчерашниот избор на Младен Чадиковски за претседател на Здружението...

Македонија21 час

Идентификувани двајца од трите жртви во превртениот автобус – маж од Крушево и жена од Кочани

Шеесет и осумгодишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш. и 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К. се...

Македонија23 часа

МНР потврди за тројца загинати кај Лесковац, во животна опасност се четворица патници од автобусот

Маж на возраст од 68 години е првата идентификувана жртва од превртениот македонски автобус кај Лескoвац, информираат од Министерството за...

Топ1 ден

Во една вечер тројца пешаци тешко повредени во сообраќајки во Скопје, Охрид и Битола

Тројца пешаци се тешко повредени откако биле удрени од автомобили во три одделни сообраќани несреќи во Скопје, Охрид и Битола,...

Регион2 дена

Јеремиќ: Вучиќ и Тачи го имаат договорено формирањето на косовската војска

Претседателот на српската Народна партија, Вук Јеремиќ, за српските медиуми изјави дека формирањето на војската на Косово е скандалозно и...

Македонија2 дена

(Видео) Спасовски на Пониква ги посети кандидатите за полициски специјалци

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и дел од раководството на МВР денеска го посетија зимскиот рекреативен центар „Пониква“ во Кочани,...

Топ2 дена

Злетовец голтнал прашок за да го скрие од полицијата по што починал

На Граничниот премин Делчево за влез во државава, во вечерните часови на 14. декември се пријавил 32-годишен злетовец. Тој управувал...

Македонија2 дена

За палење петарди и ракети казни од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против...

Македонија2 дена

Георгиев: Се согласивме со Бугарите дека имаат поеднакво право на Прличев како нас

Се согласивме дека и Бугарите имаат поеднакво право на делото на Глигор Прличев,тој е дел од заедничката историја и не...

Досие