Контакт

Македонија

Мицкоски пред Џозеф Дол изрази загриженост за правецот во кој се движи земјата

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во рамките на самитот на Европската народна партија оствари средба со Џозеф Дол, претседателот на Европската народна партија (ЕПП). Партискиот Центар за комуникации соопшти дека на состанокот Мицкоски го информирал претседателот на ЕПП за актуелните случувања во земјата, притоа изнесувајќи ја својата загриженост за лошиот правец во кој се движи државата на економски и политички план.

„Слабеењето на економскиот стандард, политичкиот терор, како и поделбите во општеството ги уназадуваат демократските капацитети на државата. Имаме една година на исклучително лошо владеење во кое граѓаните живеат полошо и ситуацијата е без изглед за подобрување. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ планира и голем протестен собир на кој ќе се изрази револт од катастрофалното владеење, но ќе бидат преставени и понуда и решенија за излез од ваквата состојба, а очекуваме и недвосмилена поддршка од сестринските партии и Европската народна партија“, посочил на средбата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ја потенцирал и улогата на ВМРО-ДПМНЕ во процесот на креирање на реформските закони, каде што, како што посочил, опозицијата влијаела на подобрување на тие законски решенија раководејќи се од интересот на граѓаните и запазувајќи ја европската перспектива на државата.

Од страна на претседателот на Европската народна партија, Џозеф Дол, недвосмислено беше поздравена и искажана поддршка за политиките на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија, соопшти партискиот прес-центар.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Избори 2019

(Видео) Пендаровски од Струга: Македонија сега е безбедна и стабилна држава, а вратите кон ЕУ и НАТО се отворени

Објавено пред

Да се сплотиме околу концептот што води напред и обезбедува иднина во едно општество за сите, во држава интегрирана во ЕУ и НАТО, порача денеска на граѓанска трибина во Струга, заедничкиот кандидат за престедател Стево Пендаровски.

„Вашата општината е држава во мало, има долга традиција на живеење на различни вери, етнички заедници, но соживотот бил секогаш по мерка и за мерка. И во најтешките времиња вие сте знаеле да живеете заедно и да не ги делите луѓето. Два дена пред гласањето, ви велам дека јас токму така ја замислувам нашата земја. Како едно општество за сите, држава интегрирана во ЕУ и НАТО“, порача Пендаровски.

Пред присутните, Пендаровски порача дека на 21 април и 5 мај, граѓаните гласаат за потврда на реформите, развојот, на напредокот во евроинтеграциите што обезбедува повеќе странски инвестиции, нови работни места, повисок животен стандард за сите граѓани.

Македонија сега е безбедна и стабилна држава, а вратите кон ЕУ и НАТО се отворени. Другата опција, порача Пендаровски, не нуди ништо, и единствено што сака е само да дојде на власт, за повторно да ја врати државата во темното минато на изолација и поделби.

Заедничкиот кандидат Пендаровски повика на масовна излезност на 21 април и слина поддршка за концептот што води напред.

„Масовно да гласаме за број три, да продолжиме сите заедно напред за мултиетничка, демократска и богата држава“, повика Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Силјановска од Пробиштип: Идентитетот не сме го создале ние, а уште помалку премиерот и тие околу него

Објавено пред

Кандидатот за претседател на Република Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова, се сретна со граѓаните во Пробиштип. Таа ги поздрави граѓаните и им се заблагодари на поддршката што ѝ ја даваат во текот на оваа изборна кампања бидејќи, како што истакна, ѝ даваат дополнителна сила за да победи на изборите сè со цел правдата да преовладее во државата.

„Мислам дека оваа пролет власта ќе си замине, а ние, прво, на претседателското место, а потоа и во владата со новиот премиер доаѓаме“, истакна Силјановска-Давкова.

Силјановска-Давкова порача дека со неа доаѓаат и жените бидејќи досега не сме имале жена претседател на Собранието, не сме имале жена премиер, ама редно е да се почне од жена претседател на државата.

„Во 21 век власта нема проблем што треба да се смени името, нема проблем што за нас велат дека одново сме биле најмладата држава и нација. Тоа што сме го зацврстиле идентитетот, а тие го осквернавиле, го нагризале, и сега ние треба да докажуваме, игнорирајќи ја нивната придавка ‘северна’, дека се согласуваме на промена на идентитетот. Идентитетот нема да дозволиме да се смени зашто е тоа дел од нас. Идентитетот не сме го создале ние, а уште помалку премиерот и тие околу него“, нагласи Силјановска-Давкова.

Таа појасни дека идентитетот е граден со векови, идентитетот е неразделен од името Македонија, идентитетот е неразделен од македонскиот јазик, идентитетот не трпи придавка ‘северна’. „Зошто тој беше, е и ќе си остане македонски“.

Силјановска-Давкова додаде дека срамот власта ќе го носи додека се живи. Никогаш нема да им се заборави ова зашто никој досега од АСНОМ до денеска не го направил тоа што го направија тие, обвини таа.

„Ако беше толку едноставно, иако беше толку безболно, сигурно уште во 90-тите години по нивниот модел некој ќе го решеше проблемот. Ама јас кога се повикувам на славни државници и политичари, велам во 90-тите години на сите умни луѓе им беше јасно дека спорот е вештачки. Дека не може соседот да има спор за моето име. Може да има за своето. Ама јас не можам да му помогнам ако тој има спор за моето име, нема логика“, рече Силјановска-Давкова.

Силјановска-Давкова напомна дека оваа власт од реформи спроведе криминал, корупција, клиентелизам, непотизам. Во овие реформи никој не може да ги надмине, шампиони се.

„Ама не може да го лажете народот целиот мандат, можете да го убедувате дека жртвата била неминовна и дека таа е влезот, визата на патот кон ЕУ. Ништо од датумот за преговори за ЕУ. Не се оди во ЕУ со економија и економски амбиент оценети со нула. Нашиот премиер постојано си игра со бројките на вработените, те 48.000 те 26.000, па министерот за финансии 28.000, па другиот министер за информатика – 26.000, тоа е статистика што нема никаков основ. А бараат, од друга страна, сите експертски сили да се собереле за да им помогнеле во реформите на патот кон ЕУ“, истакна Силјановска-Давкова.

Силјановска-Давкова додаде дека власта единствено се фали дека го реформирала името. Тоа не е реформа, тоа е катастрофа. Тоа е погубен потег.

„На 21 април и на 5 мај ќе сфатат дека нивното време истече. Нашето време доаѓа“, порача Силјановска-Давкова.
Силјановска-Давкова вети дека како претседателка ќе се обиде секој ден, на секој чекор, да ги уверува граѓаните дека таа нема да се фали оти добила уште една функција, туку да решава македонски проблеми. Вети дека ќе им помогне и на текстилните работници за да се почитуваат и нивните права, да не се чувствуваат загрозено и да ги мачат.

„На власта партијата ѝ е поважна од народот. Статусот им е поважен од народот. Ама министер во превод значи слуга на народот, а не 102 отсто слуга на премиерот“, истакна Силјановска-Давкова.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

МВР ќе издава лични карти и утре и задутре

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат в сабота и в недела (20 и 21.4.2019 и на 4 и 5.5.2019 година).

Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи, и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота (20.4.2019 година) до 16 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до одделенијата за управни работи. На денот на претседателските и локалните избори (недела, 21.4.2019 година) одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање лични карти во периодот од 7 до 19 часот.

Истото ќе важи и за вториот круг, кој ќе се одржи на 5.5.2019 година. Барањата за лични карти ќе се примаат до 4.5.2019 до 16 часот, а на денот на изборите, 5.5.2019 година, ќе се издаваат во периодот од 7 до 19 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

,,Сведочите на рекла-кажала”, Мијалков се обиде да го дискредитира Звонко Костовски

Со поставување вкрстени прашања, ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков се обиде да го дискредитира сведочењето на Звонко Костовски, еден...

Македонија7 часа

(Видео) Јанушев, Кирацовски и Асани се ракуваа и ветија фер и демократски избори

Шефовите на изборните штабови на кандидатите за претседател денеска присуствуваа на средба со Државната изборна комисија од каде порачаа дека...

Избори 20198 часа

(Видео) Деркоски: Ниту една кампања не може да е кристално чиста, но оваа беше релативно мирна

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, на средбата со шефовите на изборните штабови на кандидатите за претседател оцени дека...

Македонија8 часа

(Видео) Јанакиески побарал увид во доказите за крвавиот четврток

Околу триесетина минути траеше распитот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија10 часа

Револтирана мајка: Син ми доби силна тупаница по главата поради бојата на кожата

Револтирана мајка од Скопје на Фејсбук објави дека нејзиниот 13-годишен син добил тупаница по глава, а претходно бил навредуван на...

Македонија10 часа

Надица се логираше со други имиња за да види што другите гледаат во системот, сведочеше Звонко Костовски

Обвинетата началничка во МВР, Надица Николиќ, на денешното судење за масовното прислушување познато под кодното име „Таргет-Тврдина“ го испрашуваше инженерот...

Крвав четврток11 час

Јанакиески повикан на распит во обвинителство за крвавиот четврток

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во...

Македонија11 час

Теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал денеска ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Европа12 часа

Шпанската полиција спречи терористички напад на џихадистите за Велигден во Севиља

Шпанската полиција, наводно, спречила планиран напад на велигденските поворки во Севиља, при што во Мароко е уапсен еден џихадист, соопшти...

Избори 20191 ден

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија1 ден

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Избори 20191 ден

Силјановска во штабот на Пендаровски

Гордана Силјановска-Давкова денеска го посети изборниот штаб на својот противкандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале...

Македонија1 ден

(Видео) Поплава во средното уметничко училиште во Скопје

Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вчера настанала поплава, откако избил вентилот за парно греење за време на...

Македонија1 ден

Нови 30 дена куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во...

Свет1 ден

„Фејсбук“ без дозвола собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници

„Фејсбук“ призна дека собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници без нивно знаење и дозвола, објави Си-ен-ен. Најголемата социјална...

Свет1 ден

(Видео) Девојка во Бангладеш запалена зашто пријавила сексуална злоупотреба

Студенти ја полиле со керозин и ја запалиле нивната колешка Нусрат Џахан Рафи во училиште во Бангладеш бидејќи две недели...

Свет1 ден

Маж со канистери полни бензин и запалки сакал да влезе во катедралата во Њујорк

Триесет и седумгодишен маж e уапсен откако се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк со два канистери...

Македонија1 ден

Репортери без граници: Земјава на 95. место според слобода на медиумите

Северна Македонија е на  95. место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), со...

Свет1 ден

„Тајм“ објави листа на највлијателни луѓе во светот

Пејачката Тејлор Свифт, телевизиската новинарка Гејл Кинг и фудбалската ѕвезда Мохамед Салах се меѓу шесттемина познати и највлијателни луѓе според...

Европа2 дена

(Видео) Португалија: Загинаа 29 германски туристи во автобус кој излета од патот на островот Мадеира

Најмалку 29 туристи од Германија загинаа синоќа во несреќа на португалскиот остров Мадеира, кога препол автобус излета од патот и...

Досие