Контакт

Македонија

Мицкоски: Се срамам од однесувањето на Талат Џафери и молкот на Ковачевски за навредите кон вработените во Собранието

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски во однос на однесувањето и пцовките на Талат Џафери и отсуството на реакции од страна на владата денеска истакна дека се срами што воопшто познава таков човек поради природата на својата работа и нагласи дека со своето однесување Талат Џафери ги навредил мајките на вработените во собранието кои се и Македонци и Албанци и Власи, Турци, Срби и не разбира зошто Ковачевски јавно премолчува и нема реакција.

dobivaj vesti na viber

„Па се срамам што го познавам тој човек вака да ви кажам отворено, се срамам што ете така животот ме натерал да го запознам тој човек и навистина не можам да го разберам што е тоа толку што го држи Ковачевски при уши глув при очи слеп да мора јавно да го премолчува, што е тоа што го има заробено а да го трпи овој срам и ова понижување и тој лично но и граѓаните. Бидејќи таму се навредува мајката на вработените кои што можеби се Македонци кои што се Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци не е битно тој така ја навредува мајката. И тоа така помина. Ниту одговорност, ниту некој нешто кажа, ниту пак медиумите тоа вака морам да признам го ставија на едно високо ниво, ако некој човек има проблем со себе, и со својот нервен систем има посебни институции кои што се грижат за тоа, парламентот и вработените таму не се место каде што некој треба својот нервен систем да го лечи. Така што еве ќе завршам како што и почнав се срамам што воопшто познавам такви луѓе во мојот живот поради природата на мојата работа“, нагласи Мицкоски.

Македонија

Тренчевска: Грижата за ранливите категории е високо на нашата агенда

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска при посетата на Општина Берово, беше во посета на установи од социјална заштита кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

dobivaj vesti na viber

Заедно со градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски и поранешната министерка Јагода Шахпаска, го посетија Домот за стари лица д-р Иван Влашки – Берово каде што во моментот се сместени 37 корисници. Капацитетот на домот се прошири за 10 легла во 2021 година со отворање на третата ламела. Поради големата заинтересираност и реалната потреба на старите лица за згрижување во дом, направен е проект за објект – четврта ламела со тоа што би се зголемил капацитетот за уште 28 легла, информираа од министерството.

„Грижата за ранливите категории на граѓани, вклучително и старите лица е високо на агендата на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика. Преку унапредување на правата и услугите кои произлегуваат од системот на социјална заштита обезбедуваме поголема грижа и задоволување на потребите на највозрасните граѓани во нашата држава,“ рече Тренчевска.

Таа го посети и малиот групен дом во Берово, отворен во 2009 година како организациона единица на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Берово а во него се сместуваат деца без родители и родителска грижа. Тој е прв од таков вид во нашата држава. Во моментов во него се згрижени четири деца , а за нив се грижи тим од 3 стручни лица (едукатори) и две негователки.

Посетата на Берово беше заокружена со средбата со вработените во Центарот за социјални работи што воедно беше можност за разговор во врска со правата и услугите од социјална заштита, и нивната успешна испорака до оние граѓани на кои поддршката им е потребна, соопштија од кабинетот на Тренчевска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски на пречекот на трофејот на Светското првенство на ФИФА

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на промотивниот настан за пречекот на ФИФА трофејот, во рамки на глобалната турнеја во пресрет на Светското фудбалско првенство, коешто ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември оваа година во Катар.

dobivaj vesti na viber

Пендаровски го оцени како фудбалска историја доаѓањето на славниот трофеј меѓу македонските навивачи и вљубеници во фудбалот, во присуството на бразилската фудбалска легенда Жилберто Силва.

Пендаровски упати благодарност до организаторите за можноста и честа Северна Македонија да биде една од земјите домаќини на овој значаен спортски трофеј, информираа од неговиот кабинет.

„Нема поголемо задоволство, не само меѓу љубителите на фубалот и спортот, дека еден ден во блиска иднина, наместо претседателот на државата да го има во раце овој трофеј, капитенот на нашата фудбалска репрезентација да го крене високо и да го имаме постојано во просториите на ФФМ”, порача Пендаровски.

Македонија е меѓу 51 држава опфатени со промотивната турнеја, во која се вклучени и сите 32 земји-учеснички на Светското фудбалско првенство во Катар.

Прикажи повеќе...

Македонија

Петровска со синдикатите – се усогласувале измените за подобар Закон за служба во Армијата

Објавено пред

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Домот на Армијата во Скопје оствари заедничка средба со претставниците на Независниот синдикат на одбраната, Синдикатот на одбраната и безбедноста, Независниот синдикат на професионалните војници на Македонија, Независниот синдикат на професионални војници – СО, и Иницијативниот одбор на армиските пензионери, на која беше постигната согласност околу предлог измените на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Заедно сме обединети за иста цел. Преку интензивните дискусии што ги имав со вас дојдовме до предлози кои значајно ќе ги подобрат правата на нашите припадници, како што се усогласување со минималната плата, а тоа значи линеарно зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал, правото на остварување на пензија ќе биде со навршување на 40 години работен стаж односно 38 за жените без оглед на возраста, а ќе се изврши и нова пресметка за активниот воен и цивилен персонал кој правото на пензија го стекнал од денот на формирање на Армијата во висина од 80% во текот на најповолните десет години од пензискиот стаж“, рече Петровска.

Во однос на отпремнината како можност за професионалните војници со навршени 45 години возраст, во износ од 1000 евра за секоја година помината во Армијата, новиот предлог согласно барањето на Синдикатите е износот да биде две просечни плати но не помалку од 1000 евра, со што е оставен простор за повисок износ.

До предлагањето на измените на Законот на барање на Синдикатите, Министерството за одбрана се обврза да ја провери можноста правото за земање отпремнина да се прошири на професионалните војници со навршени 45 години кои се задржани како помошно технички персонал во Министерството, и да утврди дали условите за пензионирање на припадниците на Армијата може за важат за војниците распоредени по навршувањето на 45 години во други институции.

Дополнително министерката Петровска презеде обврска да отвори уште една можност за професионалните војници со навршени 45 години – тие да бидат дел од реформата на Системот за управување со кризи, да бидат опфатени со Законот за критична инфраструктура и Законот за вработени во МО.

Предлог измените и дополнувањата на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија беше повлечен од страна на министерката Петровска со цел да биде дополнет и доставен до Собранието како заеднички производ, креиран преку еден инклузивен процес на Министерството, Генералштабот и синдикатите на одбраната.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа9 часа

Зеленски: Го скршивме ’рбетот на руската армија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата војска нанела сериозна штета на руските вооружени сили и покрај падот на клучниот...

Европа12 часа

Ди Мајо: „Потребна ни е дипломатска контраофанзива“- Италија презентира план за мир во Украина

Италија разви план за постигнување мир во Украина, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо, пренесуваат локалните медиуми....

Топ13 часа

Патнички воз удрил во автомобил кај Прилеп

Вчера во 17.40 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека непосредно до железничко стојалиште „Тројкрсти“ – Прилеп се случила...

Свет13 часа

Австралискиот премиер Морисон го признал поразот, гласовите сè уште се пребројуваат

Австралискиот премиер Скот Морисон ја загуби власта откако земјата ја избра првата лабуристичка влада по речиси десет години, според локалните...

Европа14 часа

Секое десетто дете во светот работи, ќе ги има и повеќе поради сиромаштијата, заклучува Уницеф

Повеќе од 160 милиони деца се вработени во светот, или секое десетто дете на возраст од пет до 17 години,...

Економија15 часа

Ребаланс на буџет: Растот проектиран на 3,2, инфлацијата на 7,2 проценти а дефицитот на 5,3 проценти од БДП

Нови, дополнителни 76 милиони евра во случај да се потребни нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка...

Свет15 часа

Русија му забрани влез на Бајден: „Властите на САД поттикнуваат русофобија“

Русија забрани влез во земјата на 963 Американци, меѓу кои и претседателот, Џо Бајден. Забраната се однесува и на државниот...

Европа20 часа

Британска министерка: Мора и Молдавија да ја опремиме со модерно оружје, амбициите на Путин не запираат

Лиз Трас, британската министерка за надворешни работи, откри дека Велика Британија започнала разговори со своите меѓународни сојузници за испраќање модерно...

Европа20 часа

Москва ги стави Каспаров и Ходорковски на списокот на странски агенти

Поранешниот светски шампион во шах, Гари Каспаров и олигархот Михаил Ходорковски, двајца противници на рускиот претседател Владимир Путин во егзил,...

Европа21 час

Северна Кореја петти ден по ред има над 200.000 новозаразени со Ковид-19

Северна Кореја петти ден по ред објави дека има повеќе од 200.000 новозаразени кои страдаат од треска предизвикана од Ковид-19,...

Европа22 часа

(Видео) Торнадо во Германија, околу 50 лица се повредени

Најмалку 50 лица, од кои 10 потешко, се повредени во торнадо што мина низ неколку места во западна Германија. Според досега...

Регион22 часа

Лажните дојави за бомби во Србија стигнале од странство, на листата се и земји од Африка

Во последните неколку недели имаше низа извештаи за поставени бомби низ Србија, а и евакуации поради анонимните закани. Српското МВР...

Македонија1 ден

Архиепископот Стефан и српскиот патријарх ќе служат литургија и во Скопје на Денот на сесловенските просветители

Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај 2022 година во посета на Македонската православна...

Економија1 ден

Владата го утврди ребалансот на буџетот: „Кратење на непродуктивните трошоци за заштита на стандардот на граѓаните“

Владата на денешната 47. седница го усвои предлогот за изменување и дополнување на буџетот за 2022 година. „Предлогот за ребаланс...

Македонија1 ден

(Видео) Петков бара да се свика Советот за национална безбедност поради преговорите со Македонија

Бугарскиот премиер Кирил Петков во видеообраќање го повика претседателот на државата Румен Радев да го свика Консултативниот совет за национална...

Европа1 ден

(Видео) Зеленски објави снимка од проектил кој погоди зграда, загинале 11 лица

11 лица загинале по гранатирањето на местото Лозова во украинскиот регион Харков, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. На снимката се...

Македонија2 дена

Пресуда за уривањето на „Космос“: Груевски доби девет години затвор, Јанакиески три, а Трајковски четири

Судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани донесоа осудителни пресуди за сите обвинети за случајот познат како „ТНТ“, за уривањето на...

Европа2 дена

(Видео) Командант на Азов: Добивме наредба да престанеме да го браниме Мариупол

Командантот на украинскиот полк од Азов, Денис Прокопенко, се обрати до јавноста и рече дека во Азов добиле наредба да...

Европа2 дена

Шојгу: Русија ќе формира 12 нови воени бази на западот од земјата како одговор на проширувањето на НАТО

Русија ќе формира 12 нови воени бази на западот од земјата како одговор на зајакнувањето на НАТО и очекуваното проширување...

Македонија2 дена

(Видео) Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот

Министерството за труд и социјална политика и СОНК ги потпишаа измените и дополнувањата на Колективниот договор со којшто се регулира...