Контакт

Македонија

Мицкоски со писмо до народот: Ви ветувам макотрпна работа и обнова на државата

Објавено пред

Кус е периодот во кој можевте да ме запознаете, да стекнете впечаток за мене и за она што го преставувам и за што се залагам. Знам дека политичарите кои добро ги познавате, силно ве разочарале. И не ви велам безрезервно да ми верувате, но тврдам дека од вашата одлука зависи дали ќе заминат тие кои ве разочарале, и поради кои со право се чувствувате резигнирано кон политиката, или ќе продолжи оваа неподнослива и грда реалност, вели во писмото Христијан Мицкоски.

„ Вашиот глас ги менува работите. Со негласање им давате право на оние кои ве разочарале да продолжат тоа да го прават. Вашиот глас, пак, ни дава шанса нам, новата генерација политичари, политичари без хипотеки, да ги менуваме работите. Нам ни треба држава и власт која ќе ви служи вам.

И нема идеална влада. Јас не ви ветувам чуда, но ви давам збор дека ќе работиме макотрпно и дека сигурно ќе бидеме подобри од оние што сте ги гледале досега. Зашто ниеден успех не дошол без труд и многу пот, многу откажувања и упорност. И не е коцкање ако изберете некој непознат кој ветува успех, но е прокоцкување на сопствената иднина кога му давате втора шанса на некој кој продолжува да губи и да ве разочарува.

Не живеете подобро. Тие сакаат да ја поткопаат самодовербата на народот за полесно да управуваат. Сакаат да ви влеат сомнеж и да нè извалкаат нас новите во високата политика за да се одлучите за помалото зло. Но, ова не е игра на поголемо и помало зло, туку промена која ќе донесе повеќе победи и заеднички успеси, зашто сигурно е дека со нив нема да биде подобро.

Постојат стотици причини зошто да не гласате за власта, а јас ќе ви дадам неколку силни причини зошто треба да го заокружите бројот 14 и да гласате за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Мора да си ја обновиме земјата, економски, политички општествено. Принципите и вредностите да станат начело по кое ќе се раководат политичарите. Потребни се пари за народот, а тоа ќе овозможи подобра иднина, остварување на соништата за силна држава.

Запрашајте се добро кому би му дале да ја изгради вашата куќа? На оној кој само ви ветува дека ќе ја изгради најубаво, а никогаш не ставил тула, или, пак, на оној кој знаете дека работи и вистински е подготвен за најдобрите резултати. Не смееме да се помириме со просечноста, туку мора да работиме за најдобри резултати во секое поле.

Триесетина години, од независноста до денес, лојални сте кон Македонија, време е таа сега да ви врати.

Како човек и како личност со име и чест врз која се потпира моето име, се обврзувам пред вас на обнова која ќе донесе подобрувања во првите сто дена од новата влада. Се обврзувам пред работниците да добијат поголеми плати, пред невработените да им обезбедиме работа која ќе им овозможи пристоен живот и извесност. Пред пензионерите се обврзувам да добијат повисоки пензии и помалку грижи во миговите од животот кога мирот им е најпотребен. Пред земјоделците да имаат платен труд, конечно да бидат свои на своето, а пред стопанствениците се обврзувам да обезбедиме пониски трошоци за правење бизнис, помалку даноци за државата, а повеќе пари за работниците. На младите им велам доаѓаат подобри времиња. Се обврзувам да обезбедиме општество ослободено од политички притисоци, кое ќе се темели на европските вредности и правда. Македонија е Европа, а заедно ќе ја направиме и членка на ЕУ.

Ви ветувам дека ќе се борам за правда, а тоа значи за ред, права, но и одговорност. Не смееме да дозволиме пред криминалот да се замижува, а криминалците да поминат неказнето. Сите сме еднакви пред законите. Пред словото на правдата ниту моето ниту името на кој било политичар не смее да значи повеќе од чие било друго име.

Испраќам порака до вас кои сте разочарани од политичарите, од трулежот на системот, до вас кои не гледате излез и мислите дека сите се исти. Не се сите исти. Ние сме различни. Ова е последната шанса за спас на Македонија. Спас на државата која ја создале нашите предци, а наша обврска е да ја зачуваме. Ќе се обратам и до симпатизерите и разочараните членови на СДСМ како и припадниците на обоената револуција, добро знаете дека ова што го имате денес не е она за што се боревте, а вие не робувате на работи кои се заробени.

Ако сте размислувале да гласате за помалите партии, ви порачувам дека глас за помалите партии е глас за власта. Сега е време за одговорот. Излезете и гласајте, важно е да се гласа, да го чуе Македонија вашиот глас. Од вас зависи сè. А јас сум тука за вас како човек без хипотеки. Човек кој целиот свој живот го поминал во науката и во приватниот сектор. Човек кој не е салонски политичар, туку еден од вас.

Државите се градат низ многу искушенија и големи одлуки. Мојот сон е Македонија земја на среќни луѓе, на горда историја и наследство, но и на иднина кои сами ќе ја изградиме. Нашата земја е нашето светилиште околу кое ги градиме нашите судбини, а доаѓа денот кога одлучуваме за нив. 15 јули не е само датум, туку крстосница, меѓник на кој одлучуваме за иднината на нашата земја, за нашите семејства, за вашите деца, за идните генерации.

Донесете одлука за себе, за Македонија. А јас се обврзувам дека со целата моја енергија, срце и волја ќе се вложам и нема да ве разочарам.

Исправи се, Македонијо, одбери обнова!“ се вели во писмото на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија

СДСМ: Продолжуваат консултациите за коалициски договор со ДУИ

Објавено пред

Продолжуваат интензивните консултации и работата на ниво на генерални секретари викендот за коалициски договор помеѓу СДСМ и Коалицијата “Можеме” и ДУИ, соопшти СДСМ.

„ По утврдувањето на коалициски принципи и определби, преговарачките екипи работат на хармонизација на изборните програми на двете партии во предлог програма за работа на евентуалната идна Влада.

Истотака, денес започнува процесот на разгледување на поделбата на одговорностите во идната коалиција како и на предлози за соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе можат во целост да ја реализираат програмата во четиригодишен мандат.

За какви било дополнителни новости или напредок по однос на преговорите, веднаш ќе ја известиме јавноста.

Единствени точни информации се оние добиени од официјалните лица на партиите вклучени во преговорите“ велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Кочоска: Кои се субјектите кои пред време знаеле за пропаѓањето на „Еуростандард“ банката и изнеле големи депозити

Објавено пред

Излегувањето во јавноста и информациите изнесени од сопственикот на пропадната „Еуростандард“ банката отвораат три крупни дилеми, рече Гордана Димитриеска Кочоска, претседател на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ.

„ Првата, кои се тие субјекти кои пред време знаеле за пропаѓањето на банката со оглед на тоа што самиот сопоственик на банката посведочи дека во последниот период поголеми банкарски депозити биле изнесени од банката.

Јавноста е веќе запознаена дека меѓудругото и министерката за финансии на само месец и половина пред пропаѓањето ги извадила и последните депозити од самата банка. Кои се другите субјекти кои ги повлекле самите депозити?

Втората крупна дилема е дали е направено се за да се спаси банката, со оглед на тоа што сопственикот вели дека за истата биле заинтересирани и странски инвеститори.

Третата крупна дилема која ја отвора сопственикот на банката е нејзиниот имот. Дали недвижниот имот станува атрактивен за одредени кругови на власта?

Значи пропаднатата Еуростандард банка, вториот ТАТ докажува дека биле вадени банкарски депозити пред пропаѓањето, дека била спречена нејзина продажба и дека нејзиниот имот е атрактивен за одредени кругови на власта.

Со овој најнов случај се продолжува праксата на измамени штедачи, пропаднати бизниси и удари врз финансиските текови.

Поразителната статистика говори дека над сто илјади сметки се замрзнати. Во моментот толку правни и физички лица не може нормално да управуваат со своите финансиски средства.
Над 55 илјади пензионери и приматели на социјална помош остануваат без своите приходи. Следуваат неколку стотина отпуштања, и силен удар за Mакедонски пошти.
Дваесетина милиони евра остануваат непокриени.

Се уште нема одговор од владата и НБРМ зошто не е вклучен црвениот аларм кога веќе се знаело дека адекватноста на капиталот на банката паднал под законскиот минимум пред уште една година.
Сите овие бројки говорат дека Владата и припреди на државата уште еден сериозен финансиски удар. Станавме единствена држава во регионот каде банка пропаѓа и каде се покачуваат сметки за струја во време на силна економска криза“ додаде Димитриеска Кочоска.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ размислува да поднесе иницијатива до Уставен за мандатот на Заев

Објавено пред

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на прес конференција изјави дека партијата размислува да поднесе уставна иницијатива во однос на врачувањето на мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од страна на претседателот Стево Пендаровски.

„ Во моментов можам само да ви откријам дека од тоа што го размислува ВМРО-ДПМНЕ и за коешто многу набрзо ќе има конкретен одговор е дека размислуваме за поднесување на уставна иницијатива. Бидејќи во моментов Стево Пендаровски го узурпираше мандатот доделувајќи му го на еден пратеник, ист како и 119 други пратеници коишто се во Собранието, Зоран Заев којшто нема мнозинство, му го додели мандатотот и практично го узурпираше се со цел да му даде повеќе време, дваесетина дена да купи време за да може на непринципиелен начин да се обиде да народски кажано „лови пратеници“ од остатаните листи коишто партиципираат во Собранието со непринципелни методи.

Секогаш кога ќе биде прекршен Уставот, Уставниот суд е должен да излезе и да го заштити уставот, така да размислуваме за уставна иницијатива и многу набрзо ќе се знае конкретниот чекор во однос на поднесување на истата“ рече Арсовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

(Видео) Албанци чекаат со денови на границата со Грција – колона долга 20 километри

Огромна километарска колона возила на границата со Грција. Како што пренесуваат грчките медиуми, се работи за патници од Албанија, кои...

Свет2 часа

Голема акција во Шпанија – запленет имот вреден 8 милиони евра и уапсени 75 лица

Шпанската цивилна гарда заплени криминално стекнат имот вреден повеќе од осум милиони евра и уапси 75 лица. Тие се сомничат...

Регион3 часа

Во последните 24 часа во Словенијa 32 новозаболени

Во Словенија изминатите 24 часа се тестирани 1034 лица и се потврдени 32 новозаразени со ковид-19, или петмина помалку од...

Свет4 часа

Русија почна со производство на вакцината

Русија почна со производство на вакцината против ковид-19, објави денеска агенцијата „Интерфакс“, повикувајќи се на министерството за здравство. Русија соопшти...

Регион5 часа

Црна Гора ги отвори границите за македонските граѓани

Црна Гора од денеска ги отвори границите за државјаните на Западен Балкан. За влез во оваа земја од денеска е...

Свет5 часа

Најбрзата развиена вакцина некогаш била готова за 4 години

Четири години биле потребни за најбрз развој на вакцина во историјата, иако обично тој процес трае од 10 до 15...

Македонија6 часа

Од денеска задолжителен ПСР тест за влез во Србија

Српската влада донесе одлука со која за граѓаните на четири соседни земји меѓу кои: Македонија, Хрватска, Романија и Бугарија ќе...

Македонија19 часа

Протест против поскапувањето на струјата: „Во криза им се помага на граѓаните, не на богатите капиталисти“

Во Скопје вечерва се одржа протест против поскапувањето на струјата. Собирни места за граѓаните беа Жена парк и паркот во...

Економија23 часа

Костовски за „Еуростандард банка“: Погрешивме со изборот на Управниот одбор, тие нè наместија

Бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на „Еуростандард банка“ денеска ја обвини Народната банка и потесното раководство на Управниот одбор на банката...

Македонија24 часа

Регистрирани 160 нови случаи на коронавирус, оздравени се 368 пациенти, а починаа 3 лица

Во последните 24 часа се направени 2.172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија24 часа

Според ДУИ, албанската опозиција ги поткопува позициите оти не се појавиле на средбата со Ахмети

ДУИ ја обвини опозицијата дека го напуштила Сојузот на албанските парламентарни партии, кој бил основан по парламентарните избори од 11...

Македонија1 ден

Aлијансата и Алтернативата: Сѐ уште не сме во преговори со Заев

Коалицијата „Алијанса за Албанците – Алтернатива“ на прес-конференција рече дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев за евентуалното коалирање....

Топ1 ден

Воз удри во „ситроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „ситроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Топ1 ден

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија1 ден

Апасиев најавува предлог-мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левицата, Димитар Апасиев, најави дека партијата набгру ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор по случувањата со...

Македонија1 ден

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ1 ден

Уапсен тетовец, кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата „ЕВН Македонија“, на две одвоени...

Свет1 ден

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет1 ден

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет1 ден

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Досие