Контакт

Македонија

Мицкоски: Според „Блумберг“, Македонија е на 118. место од 122 држави по бројот на вакцинирани

Објавено пред

Според анализа на „Блумберг“, Македонија е на 118. место од 122 држави по бројот на вакцинирани, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Неспособноста на Заев и Филипче да набават вакцини соборува рекорди. ‘Блумберг’ направил анализа и интерактивна мапа за следење на процесот на вакцинација досега. Македонија е на 118. место од 122 држави. На дното од дното. 5. место, но од назад. Срамота и гревота!“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Тој вели дека кога ја читаат анализата, во светот ќе мислат дека сме држава во супсахарска Африка, затворени и изолирани од светот, а не држава во срцето на Европа, чиј сосед Србија на истата таа листа е на врвот со 2 милиона вакцинирани и речиси 30 % од населението е имунизирано.

„Пред нас се сите. Албанија, Бугарија, Грција, а да не зборуваме и за Хрватска и Словенија. Заев, Филипче, добро бе, луѓе, нели ви е срам кога се читате на ‘Блумберг’, поради вас, државата ни е за потсмев. Македонија е на дното по број на вакцинирани, полоши од нас се само Египет, Уганда, Св. Хелена и Екваторијална Гвинеја. И Црна Гора и Словенија, и Луксембург и Малта, и многу други држави, или помали од нас или со иста големина, а веќе имаат десетици или стотици илјади вакцинирани. Не може за цел свет да има вакцини, само за нас да нема! До вас е! До Заев и Филипче! И вие ги носите на совест сите заболени и починати од јануари наваму, тоа се луѓе што немаше да заболат или починат ако ја набавевте вакцината навреме. И за нивната мака ќе одговарате! Ќе одговарате за тоа што им го направивте животот пекол!“, напиша Мицкоски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Денеска сончево време, од утре дожд

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната од 17 до 22 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени, јави УХМР.

Од вторник ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи.

Од среда ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови намалување на температурата. Во среда и четврток на планините врнежите ќе бидат од снег.

Прикажи повеќе...

Македонија

Почнува вакцинацијата на новинарите и медиумските работници

Објавено пред

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници кои се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата група на вакцинација почнува денеска од 8.20 до 10.30 часот во А1 Арената Борис Трајковски во Скопје.

Во оваа група се опфатени 631 медиумски работници, кои имаат над 40 години или се со хронични заболувања.

Здружението на новинарите соопшти дека лицата кои се пријавиле на првиот повик, а кои не ги исполниле условите за оваа фаза од вакцинацијата, како и сите останати заинтересирани новинари и медиумски работници, ќе бидат земени предвид за следниот круг на вакцинација кој се очекува да биде наскоро.

Новинарските здруженија им препорачаа на одговорните лица во медиумите на денот на вакцинацијата, како и наредниот ден да ги ослободат новинарите и медиумските работници од работните обврски.

Оваа недела ќе се вакцинираат и вработените во обвинителството, судовите и инспекциските служби, со што се очекува да заврши вакцинацијата на приоритетните групи од т.н. критична инфраструктура – луѓе кои имаат многу контакти во работата. Минатата недела се вакцинираа припадниците на Армијата и МВР, дел од здравствените работници, наставниците и воспитувачите во градинките.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче си возат мотори на ден кога 46 луѓе починаа од Ковид

Објавено пред

Денеска починаа 46 лица, но тоа не ги засега министерот за здравство, Венко Филипче, и премиерот Зоран Заев, кои наместо грижа за здравјето на граѓаните си возат мотори, велат од ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи дека „тоа не може да се окарактеризира никако, освен како одлепени од реалноста и  убијци на сопствениот народ“.

Претходно денеска, пратеникот Антонијо Милошоски сподели видео за кое тврди дека е од Заев и Филипче во Пештани.

„Во време кога многу луѓе се борат за болнички кревет и лекови, додека фирмите и вработените се борат за преживување, Заев и Филипче лабаво со мотори на ручек во Пештани“, напиша Милошоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ попладнево велат дека нема ниту еден друг случај на премиер на држава и министер за здравство кои во денот кога умираат 46 луѓе, тие си возат мотори.

„Рестораните за нив работат, но за сите останати се затворени. Нема борба против короната, а народот е препуштен сам на себе. Заев и Филипче се одлепени од реалноста, а нивната неспособност се плаќа со здравјето на граѓаните“, наведува партијата.

Опозицијата додава дека Владата треба постојано да носи заклучоци и одлуки, но системот не работи затоа што систем не постои. Ако се вакцинираа луѓето во првите месеци од годинава сега луѓето кои денес починаа ќе беа живи. Но тогаш Заев и Филипче бркаа провизии, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Почнува вакцинацијата на новинарите и медиумските работници

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници кои се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата...

Македонија18 часа

Притвор за шестмината приведени во акцијата со марихуана

Скопскиот кривичен суд определи 30-дневен притвор за шестмината осомничени за шверц на марихуана кои пред два дена беа приведени во...

Македонија20 часа

Првачињата ќе учат по нова наставна програма

На предлог на Бирото за развој на образованието, во петокот Министерството за образование и наука ги усвои новите наставни програми...

Македонија21 час

Трајче Заев: Комбето не е во сопственост на фирма на Заеви, јас сум на службено патување

Трајче Заев – братучед на премиерот, Зоран Заев, ги отфрла обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за негова поврзаност со акцијата на...

Македонија21 час

Во болниците се лекуваат 1.699 пациенти со коронавирус, има 340 празни болнички кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и...

Македонија22 часа

(Видео) Милошоски: Македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС, откако стана извесно дека над 200 македонски...

Свет22 часа

Јужна Кореја со „Астра зенека“ ги вакцинира лицата помеѓу 30 и 60 години

Јужна Кореја продолжува со вакцинацијата на лица под 60-годишна возраст со вакцината на „Астра зенека“. Корејската агенција за контрола и...

Македонија23 часа

Утре ќе се вакцинираат новинарите над 40 години

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници кои се пријавија на повикот и кои ги исполнија условите за да влезат во...

Европа1 ден

Малолетник со македонско потекло уапсен во Виена, се заканувал со тероризам оти Курц не му одговорил на пораките

Aвстриската полиција уапси 15-годишен Австриец со македонско потекло за закана за терористички напад во центарот на Виена, пренесе „Танјуг“. Малолетникот се...

Македонија2 дена

Филипче: До колективен имунитет само со вакцинација на голем број граѓани

Процесот на имунизација е пред нас и само со вакцинација на голем број граѓани ќе успееме да стекнеме колективен имунитет,...

Македонија2 дена

Нови 1.092 случаи на заразени, починаа 32, а оздравеа над 2.000 лица

Во последните 24 часа се направени 5.569 тестирања, а регистрирани се 1.092 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 452,...

Македонија2 дена

(Видео) Разбиена група на нарко-дилери, запленета дрога во вредност над 800 илјади евра

Полицијата разбила организирана криминална група на нарко-дилери, пришто приведени се 6 лица, а запленета е дрога во вредност од над...

Свет2 дена

Кина дневно произведува 5 милиони дози вакцини, целта е да достигне 3 милијарди годишно

Кина веројатно ќе произведе три милијарди дози од вакцината против Ковид-19 до крајот на годината, изјави официјален претставник на Националната...

Топ2 дена

Три лица осомничени за силување на 18-годишна девојка во Струмица

Против три лица поднесена е кривична пријава за силување на 18-годишна девојка од Струмичко и за помагање во извршување на...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ на протест: Од коронавирус починаа 4.150 граѓани, тоа е како преку ноќ да го снема Крушево

Обвинувања за справувањето на власта со состојбата со коронавирусот и пораки за оставка на министерот за здравство, Венко Филипче и...

Македонија2 дена

Вработени во обвинителството, медиумите и инспекциските служби ќе се вакцинираат следната недела

Следната недела ќе почне вакцинирањето на вработените во обвинителството, судовите, инспекциските служби, новинарите и медиумските работници. Со нив, се очекува...

Свет2 дена

„Фајзер” и „Бионтек” бараат нивната вакцина да се користи за деца од 12 до 15 години

Фармацевтската компанија „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ побарале од Управата за храна и лекови на САД итно проширување на...

Свет2 дена

„Ковакс“ ќе испорача третина од милијарда вакцини до средината на годинава

Меѓународната програма за споделување вакцини „Ковакс“ планира да испорача низ сиромашните земји од светот една третина од милијарда дози вакцини...

Македонија3 дена

Потврдени 1.174 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 42 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 1.174 нови случаи на коронавирус, починаа 42 лица, а оздравеа 811, соопшти...

Македонија3 дена

Приведен висок полициски службеник, запленета дрога вредна над 800.000 евра

Полицијата заплени дрога вредна над 800.000 евра, а приведен е висок полициски службеник, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски....

Досие