Контакт

Македонија

Мицкоски: Членството во НАТО не е волшебно стапче што ќе ја покачи платата на ветените 500 евра

Објавено пред

Македонија критериумите за членство во НАТО ги исполни уште со Букурешкиот самит во 2008. година, напиша во објава на својот фејсбук профил, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната средба на премиерот Заев со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, после која премиерот истакна дека Македонија ја очекува официјалната покана на претстојниот НАТО-самит.

Сепак, претседателот на опозициската партија смета дека билатералниот спор за името со Грција и натаму е реален проблем.

„Овој спор ние сакаме да се надмине и тука никогаш не сме се разликувале од било кој посериозен политички субјект. Но, она по што се разликуваме е начинот на кој тој се решава и цената што Македонија ја плаќа за тоа. Зоран Заев со овој договор прави неповратна штета за државата, атакувајќи врз достоинството и идентитетот на нашиот народ“, пишува Мицкоски во својата објава.

Покрај тоа, тој се осврнува и на една, како што вели, значајна заблуда која власта ја потхранува и шири, а таа е дека сето ова ќе донесе подобар живот.

„Подобриот живот е работа исклучиво на работа, труд, програма и постојаност каква владата до сега не покажа. А нема ниту да покаже бидејќи во изминатата една година докажа дека не умеат да работат и да го направат животот подобар. Не може да очекувате европски стандарди, а фирмите на власта да се оние кои редовно добиваат државни тендери, не може да очекувате дека ќе добиете датум за преговори, а државата е прогласена за најкорумпирана во Европа. Членството во овие организации е работа на мерит систем, односно се вреднува сработеното, а не она што е продадено или поклонето“, нагласува Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додава и дека членството во НАТО не е волшебното стапче што ќе ја крене просечната плата која се уште е далеку под ветените 500 евра.

„Тоа нема да направи да се крене економијата од досега најниските 0,1 осто, ниту да го реши проблемот со корупцијата и криминалот кој извира од власта. Исклучиво сето ова може да се подобри само преку работа и посветеност“.

Мицкоски истакнува дека во периодот што следи ќе бидат актуелни разно разни дебати на други теми освен оние кои се суштински важни за граѓаните, борба на економски идеи и размисли.

„Гледаме како Талат Џафери со неподнослива леснотија вели ќе го објавел договорот со Грција и договорот за двојазичност без потпис од Претседателот, што предупредувам преставува ново кривично дело, чија одговорност брзо не застарува и ќе дојде ден, доколку се случи таков чекор, одговорноста за ова и многу други работи да биде покрената“, предупреди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во својата објава на фејсбук.

Инаку, на денешната средба меѓу премиерот Заев и Столтенберг во Брисел, генералниот секретар на НАТО, изрази очекување дека лидерите на земјите членки ќе ја поканат Македонија да ги почне разговорите за членство во Алијансата, но потенцираше дека земјата ќе стане официјална членка откако ќе се завршат сите обврски за договорот за името.

Бегството на Груевски

Портпаролот на унгарската Влада му одговори на Хан: Прочитај си го извештајот за Македонија

Објавено пред

Портпаролот на Владата на Унгарија, Золтан Ковач, му одговори на еврокомесарот Јоханес Хан, кој побара разумно или солидно објаснување од премиерот Виктор Орбан зошто му е доделен политички азил на поранешниот премиер Никола Груевски.

„Разумно објаснување? Почнете со читање на вашиот извештај за Македонија од март 2018 година за ризиците од политичко мешање во судството и извештајот од октомври 2017 година за затворите“, напиша Ковач.

Претходно, Хан на „Твитер“ објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски, тој од Виктор Орбан очекува солидно објаснување за основите на азил.

,,Владеењето на правото останува темелен принцип за земјите членки и земјите кандидати на ист начин. Клучно е за кредибилитетот на Европа. Изненадувачки е што Унгарија поддржува членство во ЕУ за Македонија, но, не ја смета за безбедна”, напиша Хан.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Димитров за обвинувањата од Вучиќ: Ние немаме интерес да ги влошуваме односите

Објавено пред

Случајот со бегството на поранешниот премиер Никола Груевски покажува колку е важна регионалната соработка, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Тој не даде прецизен коментар за обвинувањата на српскиот претседател, Александар Вучиќ, дека македонските власти се виновни за бегството на Груевски.

„Имаше коментар од Вучиќ и во однос на кривичното дело за кое е осуден Груевски, нешто што не се коментира ниту за домашни пресуди, а уште помалку за странски пресуди. Случајот покажува колку е важна регионалната соработка, покажува колку кога една земја се соочува со предизвици и сите земји од регионот се соочуваат со предизвик, тоа мислам дека е лекцијата од овој случај. Ние немаме интерес да влошуваме односи, напротив. Факт е дека живееме во време на предизвици, важно е да се фокусираме на ова, а не да добиваме поени со изјави од овој тип“, одговори Димитров на новинарско прашање дали обвинувањата на Вучиќ дека Македонија е виновна за бегството значи дека нема регионална соработка и дали ова може да ги наруши досегашните односи меѓу земјите во регионот.

Димитров рече дека парадоксално е Груевски да најде заштита во земја членка на Унијата.

„Парадоксално е човек кој е осуден и кој се соочува со други обвиненија и истраги да најде заштита во членка на ЕУ. Ова е проблем на Македонија, но и на Европската Унија и се доведува во кредибилитетот на владеење на правото во Унијата“. рече тој.

Министерот информира дека вршителот на должност и шеф на амбасадата во Тирана имал средба во албанското МНР на која ги добил сите информации што ги имаат тамошните власти. Рече дека очекува таква средба да се одржи и во српското Министерство со тамошниот амбасадор.

„Очекуваме да има таква средба и во Белград за да имаме официјални информации на дипломатско ниво“, рече Димитров.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Дармановиќ: Црна Гора немаше правна основа да го задржи Груевски

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, рече дека Црна Гора немала правна основа да го задржи поранешниот премиер Никола Груевски, кој на патот до Унгарија минал и низ црногорска територија.

„Нашата позиција беше едноставна. Ние немавме никаква правна основа да задржиме македонски државјанин, односно поранешен премиер во автомобил со дипломатски таблички на странска држава“, изјави Дермановиќ на заедничката прес-конеференција со македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Димитров, во Скопје. Дармановиќ додаде дека црногорските гранични служби немале информации дека станува збор за осудено лице.

Тој рече дека потоа за сè ги информирале македонските безбедносни служби.

„За сè ги иформиравме безбедносните служби на Македонија така како што прават пријателските и партнерските држави. Од страна на Црна Гора немаше никакви игри туку постапивме така како што налагаат нашите закони“, рече Дермановиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Бегството на Груевски3 минути

Портпаролот на унгарската Влада му одговори на Хан: Прочитај си го извештајот за Македонија

Портпаролот на Владата на Унгарија, Золтан Ковач, му одговори на еврокомесарот Јоханес Хан, кој побара разумно или солидно објаснување од...

Бегството на Груевски2 часа

Дармановиќ: Црна Гора немаше правна основа да го задржи Груевски

Министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, рече дека Црна Гора немала правна основа да го задржи поранешниот...

Регион2 часа

Могерини: Косово итно да ја укине одлуката за царината на српската стока

Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, ја повика косовската Влада итно да ја укине одлуката за...

Топ4 часа

В петок состанок на телото за помирување

В петок, најверојатно, ќе се одржи состанок на координативното тело за помирување и интеграција. Деталите околу новиот предлог за амнестија...

Бегството на Груевски6 часа

Рот: Правото на азил е гест на хуманост за прогонетите, но не и за пријател на премиерот

Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот, упати критики до унгарските власти кои му доделија...

Македонија6 часа

Италијански медиуми: Папата Франциско во мај ќе ја посети Македонија

Папата Франциско во мај следната година ќе ја посети Македонија, објави римокатоличкиот интернет сервис „Религион дигитал“, повикувајќи се на извори...

Свет8 часа

Турција: Не е можно ЦИА да не знае кој дал наредба за убиството на Кашоги

Турција ги обвини САД дека се обидуваат да го игнорираат убиството на новинарот Џамал Кашоги, што се случи во саудискиот...

Бегството на Груевски10 часа

Унгарскиот министер за правда: Унгарија не може да го екстрадира Груевски, тој може да добие патнички документи

Унгарскиот министер за правда, Ласло Трочањи, за телевизијата „Еко“ изјави дека Никола Груевски може да аплицира за патнички документи како...

Македонија10 часа

Сијарто: Унгарските дипломати не го шверцуваа Груевски преку границите, тој имаше документи

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска одржа прес-конференција, на која рече дека Груевски морал да премине преку три...

Македонија11 час

(Видео) Апостолски: Недозволиво е да се одреди мерка притвор без да биде сослушан обвинетиот

Денеска, го добивме решението за мерката притвор на Сашо Мијалков. Без да се повика на сослушување, недозволиво е на обвинетиот...

Бегството на Груевски11 час

Директорот на затворот „Скопје“: Мијалков е во ќелија со други затвореници, има право на посети и два часа прошетка

Нема наредба од судот за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да биде спроведен на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ поврзан со...

Бегството на Груевски11 час

Хан очекува објаснување од Орбан за азилот на Груевски

Еврекомесарот за проширување, Јоханес Хан на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски,...

Свет12 часа

(Видео) Американскиот Сенат преку писмо побара од Трамп втора истрага за Кашоги

ЦИА не успеа со сигурност 100 %, да утврди дали саудискиот престолонаследник го наредил убиство на новинарот Џамал Кашоги, изјави...

Македонија12 часа

МЗД: Да се разреши составот на Комисијата која утврди дискриминација кон Груевски

Со утврдувањето дискриминација кон Никола Груевски, Комисијата за заштита од дискриминација покажа селективно и непрофесионално работење, смета Мрежата за заштита...

Македонија22 часа

СЈО барало притвор за Мијалков поради оперативни информации дека ќе бега

Во решението на кривичниот суд за притворот на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, пишува дека мерката му е определена...

Македонија24 часа

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија1 ден

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија1 ден

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized1 ден

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија1 ден

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Досие