Контакт

Македонија

(Видео) Мицкоски: Ќе има одговорност за сите што палеа билборди

Објавено пред

За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, поставените билборди низ градот на кои се гледа како лидерот на СДСМ Зоран Заев носи „Луј Витон“ чанта, не било оцрнување на кампањата туку отсликување на реалната состојба во државата. Мицкоски рече дека билбордите покрај тоа што се бојдисувале, се палеле. Порача надлежните да превземат одговорност за овој случај за кој рече дека уништувањето на приватен имот е кривично дело.

„Не можам да се сложам дека е оцрнување, тоа е констатирање на реалноста. Ние ја констатираме реалноста каде што лидерот на партијата во својство на градоначалник на една општина самиот го кажува тоа што го пишува на билбордот. Ако ние сме земја која ќе биде дел од ЕУ, а нашите опоненти не можат да да ја истрпат критиката, тогаш како може да зборуваме за демократски избори. Освен што се бојадисуваа тие билборди, дури вчера и се палеа. Полицијата фати млади луѓе како ги палат билбордите. Порачувам тие млади луѓе да не веруваат слепо на наредбодавачите ,затоа што ќе има одговорност за сите после 12 април. Нека се сетат на сликата, како Катица Јанева се појавува со качулка, а Зоран Заев се откажува од неа. Тој ќе има имунитет во парламентот, а тие не. Овие луѓе нека не слушаат наредби од луѓе кои ќе понесат одговорност по 12 април, ова е порака од мене до сите тие луѓе“, рече Мицкоски.

Во однос на летоците кои пред неколку дена се појавија во неколку општини во Скопје на кои лидерот на опозициската партија се изедначува со неговиот претходник Груевски, Мицкоски рече дека тоа што се прикажувало не било точно и дека граѓаните добро знаеле да направат разлика и на кого ќе му ја дадат власта на изборите.

„Она што е прикажано на тие летоци е апсолутна невистина и уште една смислена лага од страна на блиските на Заев за ширење на лажни вести. Но, граѓаните се тие се тие кои на крајот треба да одлучат како ќе гласаат на 12 април. Јас верувам во мудроста на граѓаните и во нашата програма и верувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на изборите. Ние нема да ги палиме, кинеме и бојадисуваме“, додаде Мицкоски.

Македонија

Пендаровски до Пахор: Споделуваме сегашност во НАТО, уверен сум дека ќе имаме и заедничка иднина во ЕУ

Објавено пред

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“, претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека словенечкиот претседател, Борут Пахор, со што започна неговата официјална дводневна посета на Северна Македонија.

Во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата меѓу двајцата претседатели, се одржа и пленарен состанок на македонската и словенечката официјална делегација, како и заедничка прес-конференција.

На неа Пендаровски посочи дека посетата е значајна од повеќе аспекти, особено зошто словенечкиот претседател е прв државник кој ја посетува земјава во време на пандемија, со што, како што цени македонскиот претседател, се докажува стратешкото пријателство и традиционалната блискост меѓу двете држави.

„Словенија е наша сојузничка во НАТО, а помошта во спроведувањето на реформите во одбраната, како и соработката меѓу нашите две армии беше, и е од исклучително значење. Во делот на економијата, Словенија е наш значаен трговски партнер и инвеститор со години. И покрај намалената трговска размена оваа година поради здравствената криза, трговијата се одликува со стабилен раст. Наша задача е да го зголемиме нашиот извоз во Словенија и да го надоместиме трговскиот дефицит“, оцени Пендаровски.

Тој нагласи и дека земјава добива словенечка поддршка во справувањето со корона вирусот, а напомена дека подолг временски период словенечките полицајци работат заедно со нашите полициски службеници на јужната граница, во справување со повеќегодишната мигрантска и бегалска криза.

„Имаме позитивно минато како дел од поранешната држава, споделуваме заедничка сегашност како сојузници во НАТО, а јас сум длабоко уверен дека ќе имаме и заедничка иднина како дел од Европската Унија. Словенија безрезервно ја поддржа одлуката на Европскиот совет во март оваа година за почеток на преговорите за нашето членство во ЕУ, а сега не поддржува во намерата да ја одржиме првата меѓувладина конференција до крајот на оваа година“, рече македонскиот претседател.

Посочи и дека билатералните релации ги збогатуваат и нашите научници и уметници кои ги изучуваат и предаваат јазиците и остваруваат интензивна културна размена.

На крајот, Пендаровски изрази надеж дека успешната соработка меѓу двете држави ќе продолжи, а македонско-словенечкото пријателство ќе станува се поцврсто.

Прикажи повеќе...

Македонија

Тимоние на последна средба со Заев: За државата е важно да има конструктивност од сите политички субјекти

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, кој го завршува својот мандат во земјава.

Како што информираат од владината прес-служба, Заев на средбата изразил благодарност до амбасадорот Тимоние, за неговата посветена и принципиелна работа во насока на развој на демократските и европските вредности во нашата држава.

„Покажавме дека имаме капацитети да носиме одлуки со кои државата оди напред. Станавме членка на НАТО, добивме одлука за почеток на преговорите со ЕУ и ја очекуваме меѓувладината седница за отпочнување на преговорите, ја зацврстивме меѓуетничката кохезија дома, ги развиваме и понатаму добрососедските односи, што го покажа посетата на Атина каде што зборувавме за економија и соработка на бизнисите. Сега сме силно посветени на борбата со криминалот и корупцијата и владеењето на правото, што е потребно во европските интеграции, но и за нашите граѓани, кои очекуваат да ги обезбедиме европските стандарди дома“, посочил премиерот.

На средбата била изразена и заедничка согласност дека конструктивноста од страна на сите политички субјекти е важен фактор во развојот на државата.

Разговарано било и за можностите за развој на билатералната соработка, посебно во економијата, здравството, зелената енергија, дигитализацијата и било констатирано дека има услови за интензивирање на соработката.

Прикажи повеќе...

Македонија

Казна за Рудникот САСА – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето јаловина

Објавено пред

Откако при направениот увид и констатиран прекршок водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување согласно законот, правниот субјект Рудник САСА и Државниот инспекторат за животна средина склучија спогодба за плаќање глоба со задолжување за спроведување на девет мерки, во посредство на Комисијата за спогодување на Министерството за животна средина и просторно планирање, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

За сторениот прекршок истекување на јаловишен материјал од Рудникот САСА во Каменичка Река, што се случи на 14 овој месец, согласно ова спогодба Рудникот САСА е задолжен да ги исчисти деловите од речното корито на река Каменица од јаловишен материјал и истиот да го однесе на депонијата за јаловиште со која располага рудникот, врз основа на претходно обезбедена согласност, дозвола од МЖСПП.

Треба да се изврши интервентно чистење на талогот на јаловината од бунарската зона на Каменица со цел да се спречи понатамошно загадување на подземните води со кои се снабдуваат бунарите за водоснабдување на дел од населението од општина Македонска Каменица, а потоа да се продолжи со чистење на речното корито на реката и да се исчисти зафатот од талогот на мала хидроелектрана која е под јаловиште бр. 4 со цел ставање во функција на зафатот на вода за производство на електрична енергија.

Исто така, требад да го стабилизира објектот јаловишна брана бр.4 и однесениот материјал јаловишен песок да го замени со соодветен материјал со исти или повисоки јакосни карактеристики. Санацијата на јаловишната брана да биде според техничко решение изработено од Рудник САСА на основа на документација обезбедена согласно закон.

„Треба да се отстрани геосинтетичката облога во делот на конктактите каде потпира хидројаловипшната брана бр.4 за да не дојде до недозволена контактна филтарација,да се предвидат дополнителни мерки за оперирање со хидројаловиштето, пред сè зголемување на должината на плажата од јаловишна кал со кое ќе се минимизира можноста од повторна контактна филтрација, да се предвиди времено решение доколку има испуштање на заматена вода низ преливен колектор поради сигурност на браната при што заматената вода да биде задржана во постоен резервоар и со пумпна станица да биде вратена во технолошкиот процес и да се постапи согласно член 198 од Законот за води т.е. според препораките од Годишниот извештај за анализа и стабилност на брани изработен со елаборат за анализа и стабилност на брана за 2019 г, кој треба да биде одобрен согласно член 195 од Законот за води“, се вели во соопштението.

Покрај тоа за правното лице Рудник САСА е изречена глоба во висина од 50 000 евра, а за одговорното лице глоба во висина од 15 000 евра во денарска противвредност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Пендаровски до Пахор: Споделуваме сегашност во НАТО, уверен сум дека ќе имаме и заедничка иднина во ЕУ

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“, претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Македонија27 минути

Казна за Рудникот САСА – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето јаловина

Откако при направениот увид и констатиран прекршок водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување согласно...

Свет43 минути

(Видео) Ковид-19 создал мутација којашто е уште позаразна

Резултатите од една нова студија покажуваат дека Ковид-19 создал нова мутација која се чини дека е уште позаразна, а експертите...

Македонија1 час

Николовски ќе бара мотивациско писмо од директорите за да спречи корупција

Вицепремиерот Љупчо Николовски бара од граѓаните да не очекуваат чудо за брзо време бидејќи проблемот со корупцијата во Македонија постои...

Македонија2 часа

Маричиќ не поддржува бирање државен јавен обвинител со политички договор

Не веруваме дека е добар начин на избор на обвинител со политички договор меѓу партиите, рече министерот за правда, Бојан...

Регион2 часа

(Видео) Во Србија се урна воен авион „Миг 21“

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово при извршување на редовна задача за летање во селото Брасина, во...

Свет3 часа

Водечкиот германски епидемиолог предупредува: Пандемијата допрва ќе почне

Водечкиот германски епидемиолог Кристијан Дростен во својот говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвременото славење на успехот...

Свет3 часа

Трамп: Бајден ќе ја уништи Флорида, мојот план ќе го уништи вирусот

Како дел од предизборната кампања, американскиот претседател, Доналд Трамп, ги посети Северна Каролина и Флорида, некои од државите каде што...

Свет3 часа

Бројот на заболени од Ковид-19 во САД надмина 7 милиони

Бројот на заболени со коронавирус во САД вчера надмина седум милиони, што е повеќе од 20 проценти од вкупниот број...

Македонија3 часа

Заев: Бруталноста од полициски службеници врз граѓани Роми е за најсилна осуда

Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент, во кој полицајци брутално тепаат Роми. Според него, таквото однесување е срамно за...

Регион3 часа

Албански претседател: Косово гарант за безбедноста на Балканот

Претседателот на Албанија, Илир Мета, на 75. заседание на ООН изјави дека членството на Косово во ООН би било корисно...

Свет18 часа

Гутереш: Вирусот се шири во сите правци, потфрли заедничката соработка

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19....

Топ18 часа

(Видео) Во Визбегово пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, уапсени три лица

Попладнево, околу 15 часот, Единицата за недозволена трговија со дрога извршила претреси во скопско Визбегово, при што пронајдена била мини...

Европа19 часа

Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот

Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е одземен додека тој во болница во...

Македонија20 часа

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаја на...

Македонија22 часа

Владата ќе го разгледа барањето за продложување на породилното отсуство

Владата ќе ги разгледа барањата на родителите кои предлагаат времено продолжување на породилното отсуство за месец или два и ќе...

Свет22 часа

Ниту едно вакцинирано лице во Москва немало компликации

Не се забележани компликации кај ниту едно од 3.000 лица кои биле вакцинирани против коронавирусот во Москва како дел од...

Македонија23 часа

Врховниот суд ја потврди 4-годишната казна за Сеад Кочан

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените...

Македонија24 часа

Рангелова: Ја докажав правдата и слободно можам да се пресметам со тие кои ме обвинуваа

Експратеничката Даниела Рангелова, која е ослободена во предметот „Насилство во Центар“, по судењето, на сведоците кои лажно сведочеле против неа...

Македонија1 ден

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот...

Досие