Контакт

Македонија

Мицов: Партијата „Погреб за Македонија“ го охрабрува албанскиот сепаратизам

Објавено пред

Единствена Македонија одржа прес-конференција за стопирањето на изградбата на првата руска црква во Скопје. На прес-конференцијата заменик-претседателот на Единствена Македонија, Стефан Влахов Мицов, рече дека владејачката партија „Погреб за Македонија“, составена од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ продолжува со скандалозните и опасни активности со кои се загрозуваат највисоките национални и државни интереси на македонската држава и македонскиот народ.

„Веднаш да кажам, пред два дена партијата „Погреб за Македонија“ донесе одлука да се стопира изградбата на руската црква во Скопје. Иако и досега во континуитет од 4 години правеше проблеми за нејзината изградба. Внимавајте добро, ова се случува веднаш по заминувањето на Александар Дугин и Леонид Савин од Македонија, кои беа во тридневна посета по покана на нашата партија Единствена Македонија. Ваквиот чекор на партијата „Погреб за Македонија“ претставува опасна провокација, која силно го вознемирува македонскиот народ бидејќи власта удри врз првата руска црква во земјата“, рече Мицов.

Од друга страна, додаде тој, ќе потсетам дека поминаа 10 дена од нашата прес-конференција на која споделивме со јавноста правосилно решение и заклучок на надлежниот инспекторат за рушење на најголемата и најскапа џамија дивоградба во Скопје изградена со пари од една радикална исламска држава. Меѓутоа, за ова од партијата „Погреб за Македонија“ целосен молк. Во овој контекст треба да се спомне и за џамијата дивоградба, која се гради на Попова Шапка на овој скијачки центар. Треба ли да потсетиме и за споменикот – орелот на УЧК во Чаир, кој исто така е дивоградба, а градоначалникот Шилегов вулгарно изјави дека баш затоа дека е дивоградба не можел да го сруши. Или, пак, за новоизградените во цела Македонија повеќе од 350 џамии, голем дел од нив исто дивоградби“.

„Значи, во Скопје и во цела Македонија може да се градат џамии и споменици дивоградби на албанското малцинство, но не може изградба на легални цркви и крстови, како овој во Бутел, со сета потребна документација. Владејачката партија „Погреб за Македонија“ во сите свои дејствја го поставува албанското малцинство надвор од македонските закони, го охрабрува неговиот сепаратизам и дозволува создавање посебна албанска „држава“ во Република Македонија“, изјави Стефан Влахов Мицов.

 

Најново

Македонија8 часа

10 години од поплавите, на комеморација прочитани имињата на загинатите: „Времето не ги избриша спомените, ниту пак ја намали тагата“

На комеморативен настан вечерва во Домот на културата 11 Октомври во Ченто беа прочитани имињата на 22 загинати во катастрофалните...

Забава9 часа

Кога е подобро да се зема витамин Д – наутро или навечер?

Витаминот Д е неопходен за здравјето, но често е тешко да се внесе доволно само од храна, поради што додатоците...

Свет10 часа

300.000 жртви на злоупотреба во француските цркви, Папата ќе се сретне со дел од нив

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за време на неговата четиридневна посета...

Забава10 часа

Секс еднаш месечно: Дали е тоа доволно за среќен брак?

Многу парови се прашуваат дали имаат доволно интимност, особено кога се споредуваат со другите. Експертите, сепак, истакнуваат дека не постои...

Забава11 часа

Намирници кои треба да ги избегнувате за вечера

Ако често се будите со надуеност и чувство на „тежок стомак“, причината можеби не е количината на храна, туку нејзиниот...

Свет11 часа

Побарувачката за „Патриот“ експлодира, Американците имаат помалку од 850 преостанати пресретнувачи

Побарувачката за американскиот систем за воздушна одбрана „Патриот“ силно порасна оваа година. Војната во Украина и ширењето на конфликтот на...

Свет12 часа

(Фото/видео) Еден од најголемите украински стадиони погоден во руски напад

Во денешниот руски напад врз Одеса, стадионот на „Чорноморец“, еден од најголемите во Украина и дом на истоимениот фудбалски клуб,...

Македонија12 часа

Утре сончево и многу топло време, попладне локален дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а...

Соопштенија12 часа

„Кожувчанка“: Само во последните 5 години, вложивме повеќе од 1.500.000 евра преку донации и спонзорства во Македонија

Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата, велат од „Кожувчанка“. „Само во последните...