Македонија
Мијалков излегува од притвор пред Нова година

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, сепак излегува од притвор. Уважена е неговата жалба од апелација откако Кривичниот суд му одреди мерка притвор за „Плацови на Водно“.
Засега не е познато дали одлучувал истиот состав на Кривичниот совет или, пак, некои од членовите барале, место нив, да одлучи нивната замена.
Сега, затворот „Скопје“ во Шутo Oризари треба да ја добие одлуката по што веќе вечерва Мијалков треба да биде дома. Одлуката на судиите значи дека тие сметаат оти Мијалков нема да избега ако биде на слобода.
„Пуштено е решението во првостепениот суд. Жалбата е уважена, укината е мерката притвор“, велат од Апелација.
Инаку, Вишото јавно обвинителство доставило предлог да се одбие жалбата на Мијалков за определениот притвор за „Плацови на Водно“. Нему и натаму му е активна и одлуката да се ослободи од притвор со хипотека на имот вреден 11.106.501 евро.
Инаку, судиите на апелација, Тања Милева, Енвер Беџети и Ѓоко Ристов, кои пред пет дена донесоа решение дека Сашо Мијалков може да излезе од притвор со хипотека на имот вреден 11.106.501 евро, се истите што во јуни му ја одбија гаранцијата што се состоеше речиси од истиот имот и тежеше 10.871.170 евра. Не е познато дали овој состав повторно одлучувал.
Ако во јуни во образложението на решението е наведено дека постои реална опасност Мијалков да избега доколку се брани од слобода, со посочување дека еднаш не бил достапен 24 часа за да биде спроведен на издржување мерка притвор, сега овој аргумент на тројцата судии исто така го нема. Во решението донесено пред два дена стои дека тој има потесно семејство, во кое е родител, дека е познат и со утврден идентитет се цени тежината на делото. Разликата помеѓу двете одлуки е и тоа што овој пат истите судии, за разлика од претходно, не го зеле предвид фактот дека Мијалков има две неправосилни осудителни пресуди за предметите „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ со вкупно 20-годишна затворска казна. Не се цени ниту дека против него се водат и други кривични предмети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Може нема да се менуваат табличките туку врз нив ќе се ставаат НМК налепници, вели Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа најавувa дека е можно да се донесе решение во врска со регистарските таблички на возилата кое нема да претставува финансиско оптоварување на граѓаните.
Тој укажува дека оваа обврска произлегува од Преспанскиот договор, но дека е во тек дебата за начинот како ќе биде спроведена, со оглед на бројните реакции дека обновувањето би ги чинело граѓаните вкупно 11 милиони евра. Спасовски вели дека се размислува и за друг, поевтин начин, односно за ставање налепници врз постоечките таблици.
„Имаме ние формирано веќе работна група во МВР којашто работи токму на овој аспект бидејќи разговаравме и со министерот за транспорт и врски, имаме комуникација преку МТПС со „Макамтранс“ затоа што промената подразбира и промена во документацијата, дозволите и т.н и за мене е најважно што може да се помогне за сите. Знаеме дека обврската е до наредната година да бидат променети табличките како што впрочем е и со документите и ние мислам дека за многу кратко време ќе имаме решение коешто би било поволно за граѓаните. Јас така барем се надевам и очекувам со тоа што од друга страна ќе мора да се стават и норми на строги казни за сите оние коишто нема да го почитуваат тоа како решение. Мора да направиме комбинација којашто ќе биде од интерес на граѓаните меѓутоа и да имаме сериозна одговорност. Така што, налепниците се една од опциите, меѓутоа кога ќе се донесе одлуката и решението ќе ги соопштиме на граѓаните. Секако дека нас ни е најважно да бидат задоволни граѓаните“, вели министерот Спасовски во интервјуто за Радио Слободна Европа.
Македонија
Приведен крадец од Битола, одземеното вратено на сопственикот

Вчера од страна на полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола на стариот пат Прилеп – Битола бил лишен од слобода А.М. (38) од Битола, кој управувал патничко возило”опел” со битолски регистарски ознаки.
Тој е осомничен за извршена тешка кражба во РЕК Битола, од каде се одземени ролни железо од Рудникот Брод, сопственост на РЕК Битола.
Пронајдените предмети се вратени на сопственикот, а по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
Македонија
Спасовски: Лажните дојави за бомби се од група од Македонија и ќе одговараат за тероризам

Набргу група македонски државјани ќе добијат кривични пријави за тероризам и ќе одговараат за лажните дојави за бомби во училиштата и други објекти, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Коментирајќи ги обвинувањата на опозицијата дека фаворизира одредени криминални групи, Спасовски тврди дека нема селекција во борбата против криминалот.
– За нас беше многу важно безбедноста на граѓаните, учениците на наставниот кадар да биде на највисоко можно ниво и во тој дел апсолутно не е променето ништо со протоколите, значи безбедноста мора да се сочува на едно високо ниво. Веќе поднесовме една кривична пријава против еден малолетник и практично навлегуваме во една група на лица коишто учествувале во праќањето на дојавите по електронски пат и токму користењето на VPN адреси итн и сме во позиција за која за многу скоро време целата таа група ќе биде комплетно разоткриена, – вели Спасовски во интервјуто.
На прашањето зошто било потребно толку време да се разоткрие групата и да се направат нови безбеносни протоколи во училиштата Спасовски вели дека „за секоја работа треба да има добра подготовка“.
– Индикативно е како од моментот на донесувањето на новите протоколи од утредента имаме сериозно намалување или престанување на дојавите. Тоа само укажува дека интензивно се работеше не само кон подготовка на процедурата, туку и во делот на истрагите. И ние само ја детектиравме таа криминална група која се занимаваше со ваквите дојави, за голем дел од дојавите за поголем временски период и за повеќе институции во коишто беа дојавите. Секако дека постои и другата тенденција, а тоа е геостратешките интереси коишто се испреплетуваат во државата, – вели Спасовски за РСЕ.
Тој е дециден дека дојавите за бомбми потекнуваат од македонски државјани.