Контакт

Македонија

МНР го промовира „Глобал СОС“ – контакт-центар за граѓаните за итни ситуации во странство

Објавено пред

Во Министерството за надворешни работи денеска беше промовиран контакт-центарот за итни ситуации, наречен „Глобал СОС“, за сите граѓани на Република Северна Македонија, преку кој можат директно да се обратат за која било итна ситуација во странство и кој ќе им помогне или ќе ги поврзе со соодветната институција или конзуларен службеник кој ќе може да им ја обезбеди итната конзуларна услуга.

„Глобал СОС“ функционира на телефонскиот број +389 75 273 372 преку директен повик или на „Вибер“, преку email [email protected], преку интернет-страницата mfa.gov.mk, како и преку социјалните профили на МНР на „Фејсбук“ и „Твитер“. За многу кусо време ќе бидат достапни и апликациите „Вацап“ и „ФБ месенџер“.

Виртуелниот контакт-центар работи од 8 – 22 часот секој ден, а на интернет-страницата на mfa.gov.mk се објавени дежурни телефони во сите дипломатско-конзуларни претставништва, кои се достапни 24/7. За кусо време и контакт центарот во МНР ќе биде достапен 24 часа.

Граѓаните можат да се обратат за секој случај кој го сметаат за итен, а особено за случаи како смртен случај или несреќа, изгубен или украден пасош, сообраќајна или друга незгода, елементарни и природни непогоди. МНР апелира граѓаните да го користат контакт-центарот само за итни случаи.

Македонија

(Видео) Каракамишева: Законот се користи за да се удомат кадрите на СЈО

Објавено пред

„Законот е лоша имитација на оној од 2007 година, да беше реформски, ќе имавме сосема нов закон, а не лоша компилација од претходниот за кој имаше забелешки од Венециската комисија и тие да бидат вметнати во овој закон“, рече професорката по уставно право, Тања Каракамишева, на дебатата за законот за Јавното обвинителство. Според неа, со овој закон не е намерата да се донесе реформа во правосудниот систем, туку да се удомат кадрите на СЈО.

„Ова е имитација на реформски акт. Полтронско вметнување одредби од забелешките од 2007 година. Ќе ви дадам еден пример – ако некоја девојка во 2007 година побарала мислење од моден креатор за облека, дали по 13 години, кога таа е веќе оформена жена, би ја носела таа креација? Сметам дека предлагачот го користи овој закон да ги удоми кадрите на СЈО“, рече Каракамишева.

Таа додава дека законот е противуставен и дека во ваква верзија не треба воопшто да се носи, туку да се изработи нов. Вели дека сè уште стои на ставот дека и Законот за СЈО не требало да биде донесен.

„Цврсто стоев на ставот дека Законот за СЈО ќе го поткопа правниот систем во државата. Се покажа дека сум била во право“, додаде Каракамишева.

Прикажи повеќе...

Македонија

Фетаи предлага при изборот на обвинители да се вклучи и канцеларијата на ЕУ

Објавено пред

Обвинителката Фатиме Фетаи предложи при изворот на обвинители за гонење организиран криминал и корупција да се вклучи и канцеларијата на ЕУ во земјата. Фетаи вели дека на овој начин би се отстраниле сите сомнежи за кандидатите кои се подложни на политички и други влијанија.

„Ние сме мала земја и може да има влијанија. За да го тргнеме товарот, а изборот да биде без дамки, предлагам во постапката за избор на шеф и обвинители во тоа Обвинителство да биде вклучена и канцеларија на ЕУ во земјата преку мониторинг, почнувајќи од моментот на интервјуирање до изборот на кандидатите и тие да имаат право да дадат мислење за тие кандидати. Исто така, би кажала дека и јавноста треба максимално да биде вклучена – дали преку јавно објавување или на интервјуата – да видиме какво претходно искуство имал кандидатот. Само на тој начин би биле способни да ја тргнеме прашината за изборот на кадрите и да изградиме доверба во јавнообвинтелскиот систем“, рече Фетаи.

Таа истакна дека предложеното законско решение не е идеално, но е солидно и дека треба од Основното обвинителство за гонење криминал и корупција да се тргне делот „основно“ за да може обвинителите своите предмети да ги застапуваат и пред Апелациониот суд.

Прикажи повеќе...

Македонија

Жбогар: Да продолжат реформите, законот за Јавното обвинителство да се донесе пред да се распушти Собранието

Објавено пред

Евроамбасадорот Самуел Жбогар порача дека земјава треба да продолжи со реформите во клучните области и дека новиот закон за Јавното обвинителство ќе биде донесен пред да се распушти парламентот.

„Земјата треба да продолжи да ја демонстрира својата посветеност на реформите во клучните области. Се надеваме дека новиот закон за Јавното обвинителство ќе биде усвоен пред распуштање на Собранието. Предлог-законот кој е на маса е добра основа за донесување консензуална одлука“, порача Жбогар во својот говор на тркалезната маса во Скопје за перспективите и предизвиците на патот кон ЕУ и НАТО.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Жбогар: Да продолжат реформите, законот за Јавното обвинителство да се донесе пред да се распушти Собранието

Евроамбасадорот Самуел Жбогар порача дека земјава треба да продолжи со реформите во клучните области и дека новиот закон за Јавното...

Спорт2 часа

За 24 часа милион ипол луѓе се потпишаа Коби да е на новото лого на НБА

Повеќе од 1.5 милиони луѓе за помалку од 24 часа се потпишаа на он-лајн петицијата силуетата на Коби Брајант да...

Македонија2 часа

„Анима мунди“: Ужас на скопските улици, се превезува распнат коњ

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ објави вознемирувачка фотографија на распнат коњ како со камион го превезуваат на скопските...

Македонија3 часа

Откриени креаторите на „Јавна соба“, МВР ќе ги достави доказите до Обвинителството

Министерство за внатрешни работи, сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, во координација со СВР Скопје изврши идентификација на сопственикот...

Македонија4 часа

Вештак во судењето за Ласкарци: Човечкиот фактор пресуден за несреќата

Првата реакција и обидот за сопирање кај возачот настанала во првата секунда, кога ја кренал ногата за гас и ја...

Македонија6 часа

(Видео) Чулев: Спасовски последниот ден делел решенија и во 12 навечер

Само во последните две години МВР потрошило над 4 милиони евра за судски постапки од вработени кои тужеле главно за...

Македонија7 часа

Филипче: Состојбата е под контрола, нема причина за паника за коронавирус во нашата држава

Состојбата е целосно под контрола, во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника за коронавирус во...

Македонија8 часа

Рустеми: Јанева бараше да се утврди штетата во „Поштенска банка“ и да се затвори истрагата

Обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО сведочеше денеска пред судот за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата...

Топ8 часа

Се судрија автобус и автомобил на автопатот Куманово-Табановце, дваесетина луѓе повредени

Дваесет и едно лице се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, помеѓу...

Култура8 часа

Тимот на „Медена земја“ на настан пред „оскарите“ во друштво со големите холивудски ѕвезди

Тимот на „Медена земја“ беше дел од настан во театарот „Долби“ во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и...

Свет9 часа

Откриено што се случувало во хеликоптерот на Брајант во последните моменти пред несреќата

Кошаркарската легенда Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во неделата наутро по локално време откако леталото во кое беше ѕвездата...

Свет11 час

Трамп денеска ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска ќе го претстави мировниот план за Блискиот Исток, кој претходно го најави како...

Свет11 час

Во Германија потврден прв случај на коронавирусот

Во Германија е потврден прв случај на смртоносниот коронавирус, кој се појави во Кина и се прошири и во други...

Свет11 час

Бројот на жртви од коронавирусот во Кина надмина 100

Бројката на починати од коронавирусот во Кина надмина 100. Според најновите податоци, се работи за 106 смртни случаи, а во...

Македонија24 часа

(Видео) Поранешни вработени во ОХИС: Во фабриката има остатоци од опасна жива

Поранешни вработени во фабриката ОХИС тврдат дека во кругот на фабриката има опасна жива како остаток од работењето на некогашниот...

Топ1 ден

Тело на 60-годишна жена извлечено од водите на Вардар

Телото на 60-годишна жена било извлечено од реката Вардар во Скопје. „Вчера, во СВР Скопје било пријавено дека во водите...

Македонија1 ден

Град Скопје објави итни мерки и препораки поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи и поскапен паркинг се дел од итните мерки од надлежност на Град Скопје,...

Македонија1 ден

Во Скопје и Тетово надминат прагот на загадување, стапуваат на сила препораките на Владата

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи,...

Македонија1 ден

(Видео) Стефанова: Дејствијата на Јанева нанесоа огромна штета на СЈО

Дали Катица Јанева е виновна за кривичното дело што се суди, ќе си одлучи судечкиот совет што ја води оваа...

Економија1 ден

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата ќе поевтинат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни...

Досие