Контакт

Македонија

МНР му врачи протестна нота на унгарскиот амбасадор поради бегството на Груевски

Објавено пред

Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс, на средба кај државниот секретар Виктор Димовски.

„Целта на средбата беше предавање на протестна нота од македонска до унгарска страна, а по повод последните информации поврзани со бегството на Никола Груевски и неговото барање за азил во Унгарија“ соопшти МНР.

Како што се наведува од министерството, Димовски изразил надеж дека Унгарија во случајов ќе постапи во духот на добрите билатерални односи и на европските вредности и принципи поврзани со владеење на правото и во тој контекст веднаш и без одлагање ќе го отфрли барањето за добивање на азилантски статус на осуденикот и бегалец од правдата Никола Груевски и истиот ќе го предаде на Република Македонија, заради извршување на изречената казна затвор, како и продолжување и завршување на останатите судски постапки против него.

Македонија

(Видео) Ветингот во судството доцни поради недостаток на судии, вели Заев

Објавено пред

Во однос на законот за ветинг, предлогот од ДУИ, премиерот Заев рече дека му бил доставен викендов, но не го разгледал.

Тој вели дека останува на ставот за ветинг и во судството и во другите институции, а причините што се уште не се спровел, е дефицитот на судии и обвинители.

„Распуштање со право на реизбор беше нашиот став за судството. Со европските партнери кога разговаравме побараа лична одговроност, а не колективна. А втората причина е ресурскиот капацитет како да се пополнат испразнетите судски и обвинителски места, ако тие заминат по ветингот“, рече Заев.

Додаде дека во државата има 750 судиски места според системизација, а во моментов има 520 судии.

Ако се прочистат уште 300 нема како да се пополнат, иако Академијата за судии и обвинители веќе има конкурс, додаде премиерот.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски, само потврдуваат како владеел Груевски

Објавено пред

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство, изјави премиерот Заев на прашање дали чувствува одговорност за обајвувањето на „бомбите“ и насилните протести кои се случија.

„Викаат 30-ка со кромид да му дадете, тоа потврдува дека влијаеле во судството. Таму има уште многу разговори и јасно во сите се гледа дека се обидуваат да скријат убиство и да монтираат притвор и тоа го потврдувам“, рече Заев.

„И мене ми доаѓаше да ја кршам оградата на Владата затоа што се однесуваа како богови и одлучуваа за човечки судбини“, додаде Заев на прашање дали чувствува одговорност за сечење и монтирање на материјалите и за инцидентите по објавувањето на „бомбата“ за Нешкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи до новата американска амбасадорка: Остануваме доверлив партнер на САД на Балканот

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со новоименуваната американска амбасадорка, Кејт Мари Брнс.

Како што информираат од кабинетот на вицепремиерот, тој упатил честитки до амбасадорката по повод нејзиното назначување и ѝ посакал успешна работа.

„САД не се само стратешки партнер на Република Северна Македонија туку и најважен пријател, чија поддршка може да се препознае во сите позначајни успеси на земјава од нејзината независност“, рекол Османи, при што потенцирал дека државата останува доверлив партнер на САД на Балканот.

На средбата Османи и Брнс разговарале и за поддршката на САД за членството на државава во НАТО во очекување на ратификацијата на протоколот за НАТО од страна на Сенатот во наредните месеци.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски, само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија1 час

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија1 час

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија2 часа

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија2 часа

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија3 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија5 часа

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава6 часа

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет6 часа

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет7 часа

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Регион8 часа

Макрон во посета на Србија

Францускиот претседател, Емануел Mакрон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Србија со намера да покаже дека Париз сè уште...

Спорт17 часа

(Видео) По триумфот во Вимблдон, Ѓоковиќ ексклузивно за Макфакс: Ја прифаќам поканата од премиерот да ја посетам Македонија

По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на две прашања...

Европа19 часа

(Видео) Приведени повеќе од 150 лица по воената парада во Париз 

Вкупно 152 лица се приведени денеска во Париз, на маргините на воената парада која се одржа по повод националниот празник...

Спорт19 часа

Федерер: Незаборавно финале, ќе се обидам што е можно побргу да го заборавам

Роџер Федерер беше премногу блиску до својата 21. гренд слем титула, но не успеа да го доведе мечот до крај,...

Свет20 часа

(Видео) Авион успева да избегне катастрофален пад врз населено место

На видео снимка направена од автомобил овековечен е драматичен момент кога тајландски воен пилот го насочува својот авион далеку од...

Спорт20 часа

Трилер на Вимблдон! Ѓоковиќ по пет часа тенис го „собори“ Федерер

Новак Ѓоковиќ по петти пат ја освои титулата од Вимблдон, откако во едно историско финале со 7:6(5)/1:6/7:6(4)/4:6/12:12(3) го совлада освојувачот...

Регион20 часа

Ердоган: Испораката на С-400 системите ќе заврши в година

Испораката на руските ракетни системи С-400, Турција би можела да ја заврши до април следната година, изјави денеска турскиот претседател,...

Регион21 час

Јулски снег во Бугарија

На планината Рила во Бугарија, падна снег, објави Метео Балканс. Лошите временски услови ја зафатија Бугарија, а метеоролозите најавуваат обилни...

Македонија23 часа

Лидерската средба е неизвесна, власта и опозицијата не можат да ги усогласат темите

Неизвесно е дали ќе има лидерска средба помеѓу првите луѓе на најголемите политички партии, а несогласувања постојат во оснос на...

Култура1 ден

(Видео) Огнен и Марина ја крунисаа љубовта на 46-тата Галичка свадба

Во Галичник денеска се одржа 46-то издание на традиционалната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“, која повеќе од 4 децении ги негува...

Досие