Контакт

Македонија

Моловите ќе работат до 22 часот

Објавено пред

Владата на денешната седница донесе Одлука за измена и дополнување на Протоколот за редовна работа на моловите.

Со одлуката, работното време на овие објекти се определува во периодот од 10:00 до 22:00 часот, со исклучок на недела кој останува неработен ден.

Моловите кои беа затворени од почетокот на пандемијата, се отворија на 13 мај, но со посебни правила и протоколи.

Македонија

(Видео) Заев: Се забразува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Објавено пред

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за тоа е доказ и утврдувањето на предлогот за преговарачката рамка, што пак значи дека се утврдуваат правилата по кои ќе се одвиваат преговорите на Македонија за членство во Унијата.

„Европската Унија вчера го утврди предлогот за преговарачката рамка, за преговорите за членство и го достави на разгледување до државите членки. Северна Македонија оди уште поблиску кон Унијата. Македонската интеграција забрзува. Оваа вест доаѓа по цели 19 години од потпишување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација како прв чекор кон интеграцијата во ЕУ. 15 години по добивање на кандидатскиот статус, по 11 позитивни препораки за почеток на преговорите и по историската одлука на советот за почеток на преговорите за членство на нашата земја во ЕУ на 26 март оваа година. Очекуваме наредната недела да започне дискусијата по рамката за преговори на експертско ниво. И во периодот пред нас, рамката да биде усвоена од земјите членки со што преговорите и формално ќе започнат“, кажа Заев.

Во однос на јазикот, лидерот на СДСМ, Заев, кажа дека преводот на цело европско законодавство на македонски јазик е уште еден доказ дека не сме го изгубиле јазикот, како што тврдеа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе европското законодавство пред да станеме земја членка на Европската Унија. Тоа го сметаме за нешто нормално, стандардна работа, бидејќи согласно нашата лична карта во Обединетите нации, согласно нашето право на самоопределување, нашиот јазик е македонски, а нашата комуникација ја водиме и на македонски јазик. Ова е уште една потврда и признание за македонскиот јазик. Ова нека биде и апел да запрат со лагите оние кои со месеци лажеа и велеа дека ‘сме го изгубиле јазикот’. И да престанат да ни го навредуваат и омаловажуваат јазикот нарекувајќи го ‘северџански’. Ги повикувам нив, ВМРО-ДПМНЕ, да се одважат и да го поздрават усвојувањето на предлог преговарачката рамка. Да ја поздрават и веста дека законодавството на ЕУ ќе биде преведено на нашиот македонски јазик. Беа против интеграцијата во НАТО и ЕУ преку Договорот од Преспа. Беа против Законот за јавно обвинителство кој носи правда. Мицкоски не аплаудираше кога тука во Собранието го усвоивме протоколот за членство во НАТО“, додаде Заев.

Според него, усвојувањето на преговарачката рамка е уште еден доказ дека СДСМ може покрај НАТО, државата да ја интегрира и во Европската Унија.

„Вчерашниот ден е само силна потврда дека нашата татковина сигурно чекори на европскиот пат, пат кој носи суштински реформи, економски развој, силно земјоделие, владеење на правото и шанси за подобар живот на сите македонски граѓани, тука, дома. Ова е процес кој ни ја носи Европската Унија дома. Со отпочнувањето на преговорите ние почнуваме нова фаза од нашето унапредување, нова фаза од македонската европеизација, наша интеграција во економскиот и политичкиот систем на ЕУ. По членството во НАТО, полека но сигурно го забрзуваме и процесот на интеграција во ЕУ. Двете определби ги остварување во период од три години. Тоа е успех на Владата, институциите предводени од СДСМ, тоа успех и на сите граѓани кои се определени иднината да ја градиме во ЕУ“, кажа Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Кекеновски: Ќе побараме уставни промени за укинување на имунитетот на носителите на јавни фунции

Објавено пред

„Покрај стратешките определби ние како коалиција подготвивме и краткорочни приоритети, се со цел да докажеме дека, прво сме сериозна коалиција и второ, да сето тоа што ќе го ветиме, дека ќе го реализираме. Во првите триесет дена од нашиот избор, ќе побараме ургентна промена на Уставот, односно уставни промени со коишто ќе го укинеме имунитетот на носителите на јавни фунции. Кога говорам за имунитет, говорам за имунитетот на пратениците, за имунитетот на претседателот на држава, на судиите и обвинителите, на членовите на републичкиот судски совет, советот на јавни обвинители и Уставниот суд. Значи единствено сметаме дека е реално имунитет да има претседателот на државата и она што посебно сметаме дека нема потреба да се кријат зад имунитето сите носители на јавни фунции, доколку си ја извршуваат функцијата совесно и чесно“, изјави Јове Кекеноски кандидат на Единствена Македонија.

Тој вели дека ќе се заложи во првите триесет дена за укинување на енормните патни трошоци кои ги добиваат пратениците кои што доаѓаат од внатрешноста и на сите да им се принава патни трошоци во висина на автобуска карта на редовна автобуска линија.

„Понатаму, укинување на функцијата заменик министер и заменик претседател на Владата за спроведување на Рамковниот договор од причина што рамковниот договор е одамна спроведен, меѓутоа од друга страна и се проширени неговите рамки, па од таму ќе се залагаме за негова ревизија.Трето, распуштање на Уставниот суд и нов состав и избор на нов составен од стаменити и стручни персони кои имаат знаење, капацитет и дигнитет, а не како досега партиски послушници кои реагираат на повик на оние кои што ги делигирале и кои што им дале поддршка во институциите.

Укинување на Изборниот законик кои протежираат би партизам, наместо мулти партизам и секако укинување на одредбите кои што се однесуваат на техничката Влада на сто дена пред изборите.
И шесто од овие краткорочни приоритети гарантираме дека најмногу во шеесет дена од од нашиот избор ќе ги изнесеме на површина сите нејаснотии и нелогичности кои се поврзани со носителите на власта како “Рекет 1” и “Рекет 2”, случајот “Империја” и ќе бараме најстроги казни за сите инволвирани страни во овој случај. Ќе ги казниме сите виновници од власта кои му овозможија на поранешниот премиер да побегне од лицето на правдата.

Исто така во првите шест месеци од изборите ќе направиме генерално прочивствување на судството, Обвинителството и полицијата во смисла да го преиспитаме стручниот капацитет на сите овие носители на јавни функции. Понатаму да го преиспитаме потеклото на имот на судиите и обвинителите. Да ги преиспитуваме одлуките кои што тие ги донеле и секаде онаму каде што ќе се утврдат аномалии би требало да ја завршат својата функција и и да сносат соодветна материјална и кривична одговорност.Сигурно дека преиспитување на стекнатиот имот на сите оние кои што биле на власт во последниве дваесет и повеќе години и конфискација на нелегално стекнатиот имот“, вели Кекеновски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Со донација на коскена срцевина македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Објавено пред

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен донор од нашата земја кој дарува за непознат пациент од Република Бугарија.

„Ова е третпат како донор од Северна Македонија дарува за пациент од друга земја. Клетките се користат за трансплантација на коскена срцевина кај хематолошки болни пациенти. Упатувам голема благодарност за храброста, алтруизмот и хуманоста на донорот кој без двоумење прифати да дарува матични клетки. Со овој чин, спасуваме човечки животи. Спасуваме животи на наши блиски, роднини, пријатели. На пациентот од Бугарија му посакувам побрзо закрепнување“, изјави директорот на Институтот, Седула Усеини.

Секој возрасен здрав човек на возраст помеѓу 18 и 50 години може да дарува коскена срцевина во Институтот за имунологија и хумана генетика.

Преку подигнување на свеста за хуманост, солидарност и запишување во Националниот дарителски регистар, секој граѓанин може да се понуди да спаси човечки живот дарувајќи коскена срцевина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

(Видео) Заев: Се забразува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет12 минути

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија31 минута

Со донација на коскена срцевина македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет35 минути

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија39 минути

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (01/02.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет51 минута

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство Дејвид Кларк денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет60 минути

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет1 час

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет13 часа

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија19 часа

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија19 часа

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија19 часа

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија20 часа

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија20 часа

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Регион22 часа

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија22 часа

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Економија22 часа

Игротеките бараат поддршка и протоколи за почеток со работа

Три конкретни мерки за што поскоро отворање и почеток со работа предложи Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности и...

Македонија24 часа

Ременски бара обвинителката Русковска да биде изземена од судењето за „Меѓународен сојуз“

Фросина Ременски, третообвинета во случајот „Меѓународен сојуз“, заедно со Бојан Јовановски-Боки 13, бара да се изземе обвинителката Вилма Русковска од...

Македонија1 ден

Лицата со Ковид-19, во самоизолација и хронично болните можат да се пријавуваат за гласање за изборите

Почнува пријавувањето до општинските изборни комисии на лицата со Ковид-19 и во самоизолација, на болните, немоќните и хронично болните за...

Македонија1 ден

Бројот на починати од коронавирус во земјава надмина 300, границите на ЕУ остануваат затворени за македонските граѓани

Земјата со недели се соочува со троцифрени бројки на новозаразени од Ковид-19 на дневна основа, а бројот на починати од...

Досие