Контакт

Македонија

Момчето на Фросина: Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите, не ни дозволија заедно да остариме

Објавено пред

Момчето на Фросина Кулакова, која смртно беше прегазена на пешачки премин на „Партизанска“, со потресна објава се огласи на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

Петар Ристов упати порака дека ќе се бори до последен здив правдата да биде задоволена.

„Ангелче мое, заедно растевме и му се радувавме на животот, но не ни дозволија заедно и да остариме. Нашите планови ги срушија за миг. Ти беше личност полна со љубов и разбирање за секој и секогаш борбена до крај сѐ додека не си ја постигнеше зацртаната цел. Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите, а ние овде ќе се бориме до последен здив ПРАВДАТА за тебе да биде задоволена и монструмот што те покоси и нѐ зацрни да си ја добие заслужената казна. Знам дека баш ти ни ја даваш оваа сила од горе за да станеме и да се бориме против сите што придонесоа тебе да те снема на ваков суров начин. Знај дека беше и вечно ќе останеш најсакана, АНГЕЛУ мој“, напиша тој во објава на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Петар Ристов (@ristov.p)

Фросина Кулакова беше прегазена на пешачки премин на булеварот Партизански одреди во Скопје на 29 јануари од 20-годишниот Васил Јованов за кого беше објавено дека возел пијан, без возачка дозвола и поминал на црвено светло. Настанот предизвика револт во јавноста, особено по сознанијата дека сторителот и претходно бил во судир со законот.

Во петокот Кривичен му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на осомничениот поради постоење на основите од чл. 165 ст. 1 т. 1, 2 и 3, односно опасност од бегство, попречување на истрагата со влијание врз сведоци и опасност да го повтори делото. Кривичен се огласи и во однос на претходните судски постапки што биле водени против осомничениот, при што напомена дека Јованов на 31.7.2024 година бил првостепено осуден, со пресуда К.бр. 1439/24 по кој постапувала судијата Даниела Алексовска-Стојановска и тоа за две кривични дела – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215 ст. 1 и чл. 215 ст. 1 вв со чл.  22 од КЗ, со која пресуда, поради неговата возраст, со неполни 20 години, а во согласност со одредбите од Законот за правата на децата, судот му изрекол воспитна мерка.

Македонија

Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки на Минхенската безбедносна конференција .

dobivaj vesti na viber

Премиерот Мицкоски говореше за новите предизвици кои се исправаат пред НАТО, за плановите на Македонија во областа на енергетиката, како и за идните односи во Европа.

Тој посочи дека воопшто не е изненаден од говорите на Минхенската безбедносна конференција и одредени промени на „ветриштата кои дуваат”.

Кога зборуваме за НАТО не заборавајте дека мојата држава за да стане член на НАТО, го промени името. Кога се зборува за откажувања и за двојни стандарди не треба да заборавиме на ова.

Нашата посветеност за НАТО не може да се доведе во прашање, со многу страдање и понижувања станавме членка на НАТО- рече премиерот Мицкоски и дополни дека не е изненаден од последните случувања и најави на американската администрација.

Премиерот Мицкоски посочи дека кога се говори за двојни стандарди во политкиката треба да се има предвид македонското прашање, затоа што две декади кандидатскиот статус не може да се претвори во членство заради вештачките прашања кои се отвораат.

Ги слушнав гласините во Минхен, за мешање во внатрешните прашања, но кога го менувавме нашето знаме, кога ја менувавме валутата или кога го менувавме нашето уставно име, што беше тоа? Не ли беше тоа мешање во внатрешните работи и зошто тогаш никој гласно не говореше. Дури и сега се соочуваме со барање за менување на уставот пак, доколку сакаме да почнеме преговори со ЕУ. Што е тоа? Зарем не е тоа мешање во внатрешните работи?- запраша Мицкоски.

Ние сме дел од Европа и сакаме да ги аплицираме европските вредности. Но она што се случува е нешто што е комплетно различно. Ние сме сведоци на тн “балканизација на Европа“, наместо “европеизација на Балканот“. Некои балкански земји членки ги донесоа балканските спорови и балканските вредности во Брисел, наместо да е обратно.

Вие рековте дека Русија го негира украинскиот идентитет, јазик, црква, ужасна инвазија која беше многу погрешна во 21 век, но во исто време парламентот на една од најмладите членки на ЕУ го негира македонскиот идентитет, македонскиот јазик кој е официјален јазик на ООН од 1945 и е меѓународно кодификуван од 1977, тогаш за што зборуваме? Зошто сите молчат тогаш- потенцираше Мицкоски и посочи дека Македонија мора да добие извесност на својот пат кон ЕУ.

Во врска пак со енергетските планови и Македонија како крстосница додаде:

„ Ова изгледа како визија за иднината на Северна Македонија која има огромен потенцијал. Да се биде копнена земја може да се смета за недостаток, но вашиот пристап- да ја искористите географската положба преку Коридорите 8 и 10 е многу стратешка.

Коридорот 8, кој ги поврзува Црното Море со Јадранското Море, е критичен не само за економијата туку и за НАТО, бидејќи создава силна транспортна оска од Исток кон Запад.

Истовремено, модернизацијата на Коридорот 10 може да го промени начинот на кој суровините и производите патуваат низ Европа, намалувајќи ја зависноста од далечни пристаништа како Ротердам и Хамбург. Ако пристаништето во Солун стане клучна точка за транспорт, Северна Македонија ќе добие значителна економска и геополитичка предност. “

Прикажи повеќе...

Македонија

Вклучувањето на Бугарите во Уставот е само првиот чекор и ќе овозможи почеток на преговорите, му рекол бугарскиот министер на Муцунски

Објавено пред

Не е можно повторно преговарање или заобиколување на постигнатите договори зад кои стои цела ЕУ. Ваква порака испратил бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, до неговиот колега Тимчо Муцунски, на состанокот на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

dobivaj vesti na viber

Во дописот на бугарското МНР за средбата, се наведува дека се разговарало за билатералните односи помеѓу двете земји.

„Министерот Георгиев истакна дека добрососедските односи се критериум во процесот на евроинтеграциите. Тој нагласи дека за градење добрососедство потребна е доверба, отворен дијалог, предвидливост и исполнување на обврските“, соопшти бугарското МНР.

Георгиев, како што се додава во соопштението на бугарската институција, бил дециден дека ставот на Бугарија во однос на европската интеграција на Република Северна Македонија е јасен и конзистентен.

Тамошното МНР потсетува дека европскиот компромис од 2022 година вклучува комплекс на мерки и нивното целосно спроведување е единствениот пат напред.  На средбата било истакнато дека вклучувањето на Бугарите, на рамноправна основа со другите народи, во Уставот на Република Северна Македонија е само првиот чекор, чиешто спроведување ќе му овозможи на Скопје да ги почне преговорите за членство.

Претходно за средбата со соопштение излезе и македонското МНР. Од тука информираа дека на состанокот меѓу двајцата министри станало збор за билатералните разлики, блокадата на европскиот пат на државата од страна на Бугарија, и правата на македонското малцинство во Бугарија.

Министерот Муцунски, како што велат од МНР, изразил жалење што, наместо развој на добрососедската политика, односите меѓу двете земји остануваат оптоварени со билатерални спорови, опишувајќи ги како непринципиелна пречка на македонскиот евроинтегративен процес.

Прикажи повеќе...

Македонија

Семејството на Фросина Кулакова со порака до институциите, утре ќе се приклучи на протестот

Објавено пред

Росица Кулакова, сестрата на трагично загинатата Фросина најави дека утрешниот протестен марш е со јасни барања до надлежните институции.

dobivaj vesti na viber

Семејството ја повикува Владата да продолжи со поддршката и да ги сослуша барањата што ќе произлезат на протестите, а пратениците активно да се вклучат во промената на законите. Ќе се протестира и пред Апелација со порака до чинителите на судската власт да престанат да ги бранат нечесните меѓу нив.

Во прилог повикот за протестот:

„16.30ч пред Универзална Сала.

Симболично тргнуваме од овде. Местото каде што заврши сонот на Фосина. Местото каде што се прели чашата со крв. Местото каде што оваа иницијатива започна. Да и оддадеме почит на Фросина но и на сите жртви на корумпираниот и трул систем.

17.00ч пред Влада ( извршна власт)

Ние како семејство јавно се заблагодаривме и сме благодарни на досегашната поддршка од Владата.
Не протестираме против Владата, напротив, бараме да продолжи да не поддржува и нас како семејство, но исто така бараме да ја поддржи и иницијативата “Кој е следен” и да ги сослуша барањата што ќе произлезат од протестите. Истото го бараме не само од власта туку и од опозицијата!

17.45ч пред Собрание (законодавна власт)

Бараме да се вклучат во промената на законите и Парламентот активно да контролира како тие закони се спроведуваат.

18.30ч пред Апелационен Суд (судска власт)

Бараме да се свестат дека гнојот во општеството доаѓа од овде! Бараме да сфатат дека и тие се дел од народот! Бараме чинителите на судската власт да престанат да ги бранат нечесните меѓу нив, а веруваме дека не сите судии и обвинители се исти!

Ве повикуваме сите да ни се приклучите во оваа борба за подобро утре! Сите сме Фросина!!! Секој еден може да е следен“.

Фросина Кулакова загина во сообраќајка на пешачки премин на „Партизанска“, кога во неа удри автомобил управуван од 20-годишниот Васил Јованов. Возилото го управувал пијан, без возачка дозвола и без да застане на црвено светло.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки на Минхенската безбедносна конференција . Премиерот...

Македонија10 часа

Вклучувањето на Бугарите во Уставот е само првиот чекор и ќе овозможи почеток на преговорите, му рекол бугарскиот министер на Муцунски

Не е можно повторно преговарање или заобиколување на постигнатите договори зад кои стои цела ЕУ. Ваква порака испратил бугарскиот министер...

Македонија10 часа

Муцунски на средбата со бугарскиот колега ја отвори темата за македонското малцинство и нивните права

Прашањето за почитување на правата и слободите на припадниците на македонското малцинство во Бугарија и потребата од спроведување на одлуките...

Топ14 часа

Убиството во Чаир се случило поради сообраќајна расправија, осомничени се осум лица од кои три се во бегство

Осомничени се осум лица поради убиството во Чаир се случи ноќта помеѓу 10 и 11 февруари. Од нив шест се...

Македонија14 часа

Коцевски немал судир на интереси за ниту еден предмет – се огласи Обвинителството по обвинувањата на Милошоски

Обвинителството реагира дека тврдењата на пратеникот Антонијо Милошоски за поврзаност на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски со Иџет Мемети и Наќе...

Свет15 часа

Зеленски од Минхен: Путин планира напади врз други земји, на Европа и’ се потребни вооружени сили

Европските лидери треба да почнат да создаваат европска армија како одговор на военото засилување на Русија, изјави украинскиот претседател Володимир...

Топ17 часа

Македонски државјанин учествувал во сообраќајка во Албанија, загинала жена

Тешка сообраќајка во која учествувал македонски државјанин се случила на магистралниот патен правец Прењас-Либражд. Според информациите на албанските медиуми,  до...

Македонија18 часа

СДСМ: Цените пораснаа за повеќе од 5 отсто, Владата е неспособна

Најновите податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека цените пораснале за 5,2 отсто. Споредено со јануари 2024 година трошоците...

Македонија19 часа

Велешанка заврши во притвор: каменувала дете, го удрила со нога во стомакот, а му се заканувала и на својот татко дека ќе го убие

Oбвинителството од Велес поведе постапка против 24-годишна велешанка која во изминатите неколку дена извршила повеќе кривични дела – Загрозување на...

Македонија19 часа

Извештајот на „Транспаренси“ докажува дека е потребна итна смена на oбвинителот Коцевски, смета ВМРО-ДПМНЕ

Извештајот на „Транспаренси“ е доказ за тоа дека е потребна итна смена на јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ....

Свет20 часа

„Розите се црвени… ќе ве депортираме“: Честитка од Белата куќа за Денот на вљубените

Во САД Денот на вљубените се слави на 14 февруари, а Белата куќа не ја пропушти можноста да го честита...

Македонија2 дена

Во една удрил гром, во друга нема клима, половина од државните станици за квалитетот на воздухот не даваат целосни резултати

Половина од 22-те државните мерни станици за квалитетот на воздухот не даваат целосни резултати во ек на најголемо загадување на...

Македонија2 дена

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка

Основното јавно обвинителство Битола, постапувајќи по пријава од Управата за финансиска полиција, поведе постапка против седум лица за кривично дело...

Македонија2 дена

Ниту било разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара, уверува ВМРО-ДПМНЕ

Ниту било разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара, граѓаните да бидат спокојни, велат од ВМРО-ДПМНЕ....

Македонија2 дена

Министерството за правда со допис до Владата со предлог за разрешување на државниот јавен обвинител

Министерството за правда соопшти дека постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата на РСМ одржана на 11.02.2025 година презеде...

Македонија2 дена

Промената на државниот грб единствено оди во прилог на балистичките апетити на партиите од албанскиот блок, велат од Левицата

За Левица, најавената промена на државниот грб е директен удар врз АСНОМ, како конститутивен елемент на македонската република. На наследниците...

Македонија2 дена

Подготвени сме во пакет да ги решиме и грбот и химната и 20 отсто и ако има и други етнички прашања што досега се ставаа под тепих, вели Таравари

Министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата „Влен“, Арбен Таравари, е подготвен не само за грбот туку во...

Топ2 дена

Возило излета од патот во Македонска Каменица: тешко повреден возачот

Вчера во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека околу 13.00 часот во с.Моштица, општина Македонска Каменица, движејќи се по...

Македонија2 дена

Вработените во Филхармонијата со писмо до Мицкоски: Директор се избира легитимно на конкурс и треба да биде со најдобра програма и професионални квалификации

Вработените во Македонската филхармонија преку писмо се обратија до премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура Зоран Љутков, по повод...

Свет2 дена

Орбан ја исмеа Каја Калас; Дипломат на ЕУ: Американците носат хаос

Европските лидери почнаа да ги прилагодуваат своите политики на новата реалност без американска заштита – и во исто време почнаа...