Контакт

Македонија

МОН апелира сите универзитети да се обидат да воведат онлајн-настава

Објавено пред

Од понеделник сите високообразовни установи во земјата да воведат онлајн-настава со цел да продолжи академската година и студентите да го совладуваат материјалот во согласност со студиските програми на кои се запишани. Оваа тема беше фокус на разговорот помеѓу министерот за образование и наука, Арбер Адеми, и претставници на јавните и приватните универзитети на денешната средба во Министерството за образование и наука по која беше одржана и прес-конференција.

Министерот Адеми извести дека во согласност со информациите од високообразовните установи, некои од нив веќе ја применуваат онлајн-наставата за своите студенти, но интенцијата е од следната недела оваа форма на настава да се воведе на сите факултети.

„Се работи за начин на настава кој не е неизводлив и практично дел од факултетите веќе го применуваат не само сега, туку и во регуларен, нормален тек на студиската година. Олеснителна околност е и тоа што станува збор за студенти, личности на возраст кога дигиталните вештини се веќе совладани, односно студентите поседуваат способности за ракување со ИТ-уреди и за примена на онлајн-алатки и апликации за едукација за разлика од, да речеме, најмалите ученици – првоодделенчињата, од кои повеќето не поседуваат ИТ-уреди и не знаат да ракуваат со нив и за нив онлајн-наставата е прилично тешка и не е најсоодветна солуција. Овде ситуацијата е поинаква“, рече Адеми.

Министерот нагласи дека во согласност со информациите што ги добил од ректорите, од аспект на можности и информатичко-технолошка опременост на универзитетите и спремност на професорите да дадат личен придонес во целата заложба, очекува во текот на следната недела со оваа форма на едукација да бидат опфатени најголем дел од студентите.

„Тоа ќе биде голема придобивка за идните академски граѓани, чие време нема да биде залудно потрошено додека трае оваа кризна состојба, која тешко може да се предвиди во која насока ќе се движи, а ние сме должни активно да дејствуваме со цел на некој начин да обезбедиме нормализација на многу процеси во секојдневието кои се нарушени, вклучително и на образовниот процес“, потенцира Адеми.

На прес-конференцијата се обратија и проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ и претседател на Интеруниверзитетската конференција, како и проф. д-р Томе Неновски, ректор на УАКС и претседател на Конференцијата на приватни високообразовни установи во Република Северна Македонија, кои изразија уверување дека постои силна заложба и координација помеѓу раководствата на универзитетите, со цел да се помогне при воведувањето форми на далечинско учење во сите високообразовни установи во кои сè уште тоа не е направено.

Поради состојбата со ширењето на коронавирусот, со одлука на Владата сите образовни установи во земјата се привремено затворени, а надлежните институции заедно со раководствата на градинките, училиштата и факултетите изнаоѓаат начини на неформална едукација со цел квалитетно и корисно пополнување на времето на децата од претшколска возраст, за учениците и за студентите додека се дома.

Македонија

Следува променливо време со дожд и грмежи

Објавено пред

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од Скопската Котлина ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 26 степени.

В четврток ќе преовладува променливо облачно време со попладневна нестабилност и услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Преодно стабилизирање на времето ќе има в петок. Под влијание на влажен бран за време на викендот, особено в сабота, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во следните денови ќе дува умерен до засилен јужен ветер, поинтензивен в сабота.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кината и театрите може да работат според протоколите за организирање настани

Објавено пред

Владата на денешната седница донесе одлука да се отворат културните институции.

Во однос на работата на кината, театрите, оперските претстави, балетските претстави, другите манифестации со филмски проекции, мултимедиумските проекти, фестивалите и други манифестации од дејноста на културата, Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести во согласност со што за овие дејности ќе важи веќе донесениот протокол за организирање настани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Објавено пред

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата на седница го усвои извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесените барања од страна на основачот на училиштето за организирање настава со физичко присуство за периодот од 2 септември до 14 септември.

Во однос на основните училишта, шест државни училишта за деца со посебни образовни потреби, едно приватно средно училиште со одобрение за експериментална настава во основно училиште, 15 централни општински основни училишта и 147 подрачни основни училишта ќе добијат дозвола за настава со физичко присуство, а услови за настава со физичко присуство не исполнувале 32 централни општински основни училишта, 11 подрачни и 2 приватни училишта.

„Според извештајот, за организирање настава со физичко присуство во средните училишта биле доставени вкупно 66 барања, од кои Комисијата предлага согласност да добијат 4 училишта, од кои: 2 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште, 1 општинско средно училиште. Делумна согласност за реализација само на стручните предмети и практичната настава да добијат 10 училишта (5 уметнички, 4 општински училишта и 1 државно училиште – Спортската академија)“, стои во соопштението на Владата.

По предлог на Комисијата за заразни болести, денеска усвоен е и протоколот за работа на едукативните центри, музичките училишта и центрите/училиштата за странски јазици во услови на епидемија на Ковид-19.

Градинките, училиштата и факултетите беа затворени со одлука на Владата, која беше донесена на 10 март годинава поради коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија3 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија4 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет5 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија8 часа

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија9 часа

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија10 часа

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија11 час

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет11 час

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа13 часа

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт13 часа

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија13 часа

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија14 часа

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет14 часа

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија15 часа

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Македонија15 часа

Пендаровски: Неопходни се силни Обединети нации, реформирани и прилагодени на новата реалност

Претседателот Стево Пендаровски преку видеопорака се обрати на настанот на високо ниво, што по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата...

Македонија16 часа

Димитров во прва работна посета на Брисел од формирањето на новата Влада

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е...

Македонија1 ден

Игор Јанушев се повлече од функцијата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија1 ден

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Досие