Контакт

Македонија

МОН: Апсурдно е со референдум да се блокира дигитализацијата на образованието

Објавено пред

Правото на поднесување иницијатива за референдум е легитимно затоа што е уставно загарантирано. Но, сепак, причината поради која се користи ова право не е оправдана, апсурдно е на референдум да се блокираат напредокот и дигитализацијата со која се осовременува образованието. Промените мора да се случат. Новините се предизвик за сите, но од нив не треба да се откажуваме, туку, напротив, заедно и транспарентно да продолжиме да работиме на нивно интегрирање во системот, реагираат од Министерството за образование и наука на најавите за собирање потписи за референдум за граѓаните да се изјаснат за предлог-законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование.

Од ресорното Министерство нагласуваат дека законското решение, кое се однесува на материјалите за учење, е целосно во согласност со времето и ерата на ИТ-технологијата во која младите живеат и за повеќето од нив примената на електронски уред за совладување одредена наставна материја или тема, пребарување и истражување податоци преку интернет не претставува проблем, туку вообичаена практика, која со законот ќе стане достапна за сите, вклучително и за учениците од социјално ранливите семејства.

„Новиот закон за учебници и други наставни и дидактички материјали ќе ги донесе европските практики во нашите училишта, а придобивките од него, во согласност со планот за имплементација на реформите, етапно ќе стануваат достапни за учениците од разни одделенија во следните 5-6 години. Во меѓувреме, до усвојување на законот секој има можност за учество во негово подобрување преку конструктивни сугестии и забелешки, кои МОН како и досега со должно внимание ќе ги разгледува земајќи го предвид најдобриот интерес на учениците. Законското решение во кое е дефинирана етапната дигитализација на материјалите за учење ќе обезбеди поголема интерактивност, намалување на учењето во домашни услови, а воедно и инклузивност, имајќи предвид дека учебниците ќе бидат достапни во аудиоформат, но и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид. Всушност, ова е првиот недискриминирачки закон за учебници, кој ќе биде донесен во државата“, е потенцирано во соопштението од МОН.

Oд таму дообјаснуваат дека во учебниците се воведуваат теми од областа на мултикултурализмот, толеранцијата, почитување на различностите, како вредности, кои мора да ги поседува секој европски и граѓанин на современо општество. Можноста за ажурирање на учебниците секоја година, пак, ќе значи дека повеќе ќе нема да се применуваат учебници со застарена содржина.

Од МОН уште апелираат до сите што сакаат да придонесат за унапредување на законското решение, кое е достапно на веб-страницата на МОН, дека тоа може да го сторат преку повеќе канали за непосредна комуникација и сите промени да се креираат преку широка јавна дебата и инклузивен процес со учество првенствено на засегнатите страни и со многубројни други општествени фактори.

„Потсетуваме дека промените во врска со материјалите за учење се дел од поширок план за реформа на националниот образовен систем, содржан во програмата за работа на Владата и на Министерството за образование и наука, кој, пак, е резултат на сеопфатни анализи на квалитетот на националниот образовен систем спроведени од кредибилни меѓународни организации, како ОЕЦД и УНИЦЕФ“, се нагласува во писмениот допис од МОН.

Македонија

Општина Центар: Нема основи за суспензија на деталните урбанистички планови

Објавено пред

Општина Центар соопшти дека по добивањето на мислењето од Министерството за транспорт и врски за поднесените елаборати за суспензија на плановите, нема оснои за суспензија на деталните урбанистички планови.

„ Постапувајќи по Заклучок на Советот на Општина Центар, општината до Министерството за транспорт и врски достави вкупно 11 елаборати за 22 плански опфати, изработени од општинската Комисија за урбанизам. Комисијата за урбанизам на Општина Центар е истатата комисија која со свои предлози и досега учествуваше во минатите активности поврзани со суспензијата на ДУП-овите во Општина Центар.

Според мислењето добиено од Министерството за транспорт и врски, поднесените елаборати не се во согласност со членот 23, став 5 од Законот за урбанистичко планирање, кој го цитира како единствен правен основ за суспензија на план.

Општинската комисија за урбанизам ги изготвуваше елаборатите со врз основ на членот 35 од Законот за урбанистичко планирање, кој ја обработува неусогласеноста на урбанистичките планови и каде се наброени причините по кои може да се суспендира план, што Министерството го отфрли како неоснован“ наведе општината.

Во елаборатите кои Општина Центар ги достави до Министерството за транспорт и врски наведени се несовпаѓањата на параметрите на ДУП-овите со Генералниот урбанистички план (ГУП) на Град Скопје 2012-2022.

„ Во мислењето добиено од Министерството за транспорт и врски се наведува дека параметрите кои се во линиските центри со намена А,Б и В се неограничени и не влегуваат во билансите, со што тој аргумент ни беше побиен. Во однос на неусогласувањето на регулационите линии на ГУП со ДУП, во Мислењето стои дека со тоа не се прави штета на јавниот интерес и дека во елаборатите никаде не е утврдена штета на јавниот интерес, со што Општина Центар нема основ за суспензија на плановите“ објаснуваат од Општина Центар.

Прикажи повеќе...

Македонија

Николовски-Брнз: Актите на претседателот Бајден се охрабрувачки пораки за стабилен и просперитетен Западен Балкан

Објавено пред

Заменик на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денеска имаше средба со амбасадорката на САД, Кејт Брнз. На средбата, фокусот беше ставен на Извршната наредба издадена од Претседателот Бајден, со која им се дава овластување на сојузните власти да блокираат имот и да им забранат влез на сите лица за кои администрацијата во Вашингтон ќе оцени дека работат на дестабилизација и против клучните договори во регионот на Западниот Балкан, вклучително и Северна Македонија.

Вицепремиерот Николовски изрази задоволство што во Извршната наредба е ставен фокус и на борбата против корупцијата, што е еден од врвните приоритети на Република Северна Македонија. Во тој контекст, вицепремиерот Николовски ја информираше амбасадорката Брнз за мерките и активностите што Владата на РСМ ги презема за спречување на корупцијата, како и за реализацијата на владиниот План за борба против корупција.

Амбасадорката Брнз ја потенцираше важноста од преземање мерки за борба против корупцијата, што е во интерес на сите граѓани на Северна Македонија, но истовремено е важно за евроинтеграцискиот напредок на државата. Исто така, амбасадорката Брнз, ја потврди поддршката на САД за Северна Македонија и нејзните граѓани на евроатланскиот пат.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре сончево со умерена облачност, попладне дожд и грмежи

Објавено пред

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ=7

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во следните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Во сабота се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во постепен пораст.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Путин: Преговорите беа добри, амбасадорите се враќаат

Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференцијата по самитот со неговиот американски колега Џозеф Бајден рече дека преговорите биле „добри“. Toj...

Европа1 час

EMA даде позитивна оценка на клиничките испитувања на „спутник В“

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави позитивен извештај за резултатите од клиничките испитувања на руската вакцина „спутник В“ против коронавирус,...

Македонија5 часа

Заев: Изгубен е Мицкоски, ако некој го најде, нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Зоран Заев реагира на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека македонскиот идентитет е изгубен и дека утре...

Македонија5 часа

Регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.802 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на...

Македонија5 часа

Отфрлена пријавата за Џафери и за пратениците што се појавија во Собрание заболени од коронавирус

Основното јавно обвинителство Скопје ги отфрли кривичните пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и Левицата против претседателот на Собранието, Талат Џафери, и...

Македонија8 часа

ЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји за патување

Европската Унија одлучи да ја стави Република Северна Македонија на списокот на земји што се безбедни за патување, пренесуват европските...

Свет9 часа

Борел: Три принципи во новата стратегија на ЕУ кон Русија

Новата надворешнополитичка стратегија на ЕУ кон Русија ќе се заснова на три принципи: одбивање, воздржаност и соработка, изјави високиот претставник...

Регион9 часа

Нови мерки во Србија – дозволени се матурски прослави, угостителите може да работат и на затворено

Поради постабилната епидемиолошка состојба во Србија, од денес во сила се нови мерки, од кои повеќето се однесуваат на угостителските...

Македонија10 часа

Од денеска нема полициски час, дозволени се веселби и настани на отворено

Од ноќеска на полноќ престана да важи одлуката за полициски час, а се укина и ограничувањето на работното време на...

Свет11 час

Средбата Путин – Бајден во Женева под строго засилени мерки

Денеска, во Женева, американскиот претседател, Џо Бајден, ќе се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин, и тоа ќе биде нивна...

Економија11 час

Денеска се затвора јавниот повик за ваучери за одмор на работници со ниски приходи

Министерството за економија ги известува граѓаните дека заклучно со денешниот ден, 16 јуни (среда), се затвора јавниот повик за издавање...

Свет11 час

(Видео) Израел бомбардира позиции на Хамас, прекршено примирјето во Појасот Газа

Израел синоќа ги бомбардира позициите на Хамас, со тоа беше прекршено примирјето во Појасот Газа, јавуваат светските агенции. Израелската страна...

Топ1 ден

Пронајдени 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Полицијата пронајде 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Според информациите на МВР, приведени се две...

Македонија1 ден

28 новозаразени од коронавирус, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на...

Македонија1 ден

Актерката Силвија Стојановска доби три и пол години затвор поради учество во шверц на кокаин

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Нејзиниот...

Македонија1 ден

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 дози вакцини од „Астра зенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини на „Астра зенека“...

Свет1 ден

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија1 ден

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Македонија1 ден

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар ниту, пак, да...

Свет1 ден

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Досие