Контакт

Македонија

Москва ја поздрави одлуката на СПЦ за одобрување на канонското единство со МПЦ

Објавено пред

Руската православна црква ја поздравува одлуката на Српската црква да го обнови канонското општење со Македонската црква.

dobivaj vesti na viber

„Руската православна црква ја поздравува одлуката на Српската сестринска црква да ја обнови канонската заедница со Македонската православна црква, Охридската архиепископија“, рече Балашов истакнувајќи дека тоа претставува надминување на полувенковниот црковен раскол.

Претходно, Светиот архијерејски синод на СПЦ излезе со соопштение за Македонската православна црква – Охридска архиепископија, во кое го признава канонскиот статус на МПЦ и најави повторно воспоставување литургиско општење со неа.

Воедно, се забележува дека во дијалогот за идниот и конечен канонски статус на МПЦ раководството на СПЦ ќе постапува исклучиво во согласност со канонските и црковните норми и принципи без геополитички и црковнополитички пристап.

„Српската православна црква претходно не го призна делот што се отцепи од неа во Северна Македонија, наречен Македонска православна црква, кој како таков беше признаен од македонските власти и од Вселенската патријаршија“, пишуваат српските медиуми.

Во оваа насока секретарот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, протојереј Игор Јакимчук, рече дека Руската православна црква (РПЦ) ги признава ексклузивните канонски права на Српската православна црква (СПЦ) во Северна Македонија.

Македонија

(Видео) Пендаровски и министрите за европски прашања на Ирска и Финска разговарале за францускиот предлог

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими ирскиот државен министер за европски прашања, Томас Брн и финската министерка за европски прашања Тути Тупураинен, кои се во заедничка посета на Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

На средбата биле потврдени пријателските односи со двете земји, заемната посветеност за унапредување на политичкиот дијалог, како и за поинтензивна и сеопфатна билатерална соработка.

„Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија ја цени континуираната поддршка од Ирска и Финска за нашиот евроинтеграциски процес, како и помошта во исполнување на европската агенда и реформските задачи во повеќе витални области.

На средбата беа разменети мислења за актуелните политички случувања во земјава, во контекст на францускиот предлог за започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ“, информираа од кабинетот на Пендаровски.

Oд стрaна на министрите било истакнато дека идејата за Европска политичка заедница не претставува замена за полноправно членство во ЕУ, туку додадена вредност за време на процесот кој води кон зачленување во Унијата.

Соговорниците размениле мислења и за состојбите во регионот на Западен Балкан, како и за економските и безбедносните импликации врз регионот предизвикани од руската воена агресија врз Украина. Притоа, била констататирана потребата од зајакнување на меѓународната безбедност и мултилатерален пристап во решавање на глобалните предизвици и во таа насока,  поздравена била одлуката Финска и Шведска да бидат официјално поканети да се придружат на НАТО, донесена за време на последниот Самит на Алијансата во Мадрид.

Прикажи повеќе...

Македонија

Хакерски напад на фејсбук-страницата на УКИМ

Објавено пред

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје соопшти дека е изведен хакерски напад на нивната фејсбук-страница и оти таа моментно е контролирана од непознат субјект.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, како што се посочува во соопштението, преземени се сите активности во согласност со статутот на УКИМ, позитивната законска регулатива во државата и правилата на работење на „Фејсбук“.

„Се извинуваме за настанатите непријатности и се оградуваме од сите објави на неа до повторно преземање на администрирањето од страна на службите на УКИМ“, се наведува во соопштението на Универзитетот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Објавено пред

Владата на својата официјална веб-страница го објави францускиот предлог интегрално преведен на македонски јазик.

dobivaj vesti na viber

Oд Владата коментираат дека предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација, која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите фактори во државата вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите.

Францускиот предлог може да се преземе на следните линкови:

• Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија – општ став на ЕУ

• Предлог-заклучоци на ЕУ

• Заеднички став на ЕУ

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Владата на својата официјална веб-страница го објави францускиот предлог интегрално преведен на македонски јазик. Oд Владата коментираат дека предлогот во...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски: Утре ќе биде владината седница, ако имаат разум да го слушнат народот

Утре ќе биде владината седница според нашите информации и затоа ја повикувам цела Македонија утре да дојде тука. Можностите се...

Свет4 часа

Близок соработник на Путин: Ако дојде до трета светска војна, прво ќе го гаѓаме Лондон

Близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Лондон може да биде првата стратешка цел во случај на трета...

Македонија4 часа

Преговорите со Бугарија не смеат да бидат тајни – подготвен документ на експертската јавност

Институтот за демократија и Институтот за европска политика подготвија заеднички документ како одговор на францускиот предлог за преговарачката рамка и...

Македонија5 часа

И Села го поддржа францускиот предлог

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, изјави дека го поддржуваат францускиот предлог, по средбата со премиерот Ковачевски. „Не се...

Македонија7 часа

Движење Беса: Го прифаќаме францускиот предлог, за време на уставните измени, да се отстрани „20%“ и да пишува албански јазик

Движењето Беса будно ја следи актуелната политичка состојба во земјава, особено во насока на деблокирање на евроинтегративниот процес на земјата...

Македонија7 часа

Демократскиот сојуз за францускиот предлог: Да се промени преговарачката рамка

Претседателството на Демократскиот сојуз го разгледал модифицираниот Француски предлог (Преговарачката рамка, заклучоците на Европскиот совет) за започнување на преговорите со...

Свет8 часа

(Видео) Поплави во Сиднеј, се евакуираат илјадници луѓе – најавени се поинтензивни врнежи

Наредба за евакуација е издадена за десетици илјади жители на Сиднеј, откако обилните врнежи поплавија неколку населби во најголемиот град...

Свет8 часа

(Видео) Очевидци за крвавиот настан во Копенхаген: Ги мамеше луѓето да му се приближат

Напаѓачаот од Копенхаген се обидел да ги намами жртвите велејќи им дека неговото оружје е лажно, за да ги натера...

Свет9 часа

(Видео) Напад во трговски центар во Копенхаген, убиени тројца и ранети неколку луѓе

Тројца луѓе загинаа, а неколку се ранети во пукање што се случило синоќа во трговски центар во Копенхаген, соопшти данската...

Свет10 часа

Украина објави список со барања за продолжување на преговорите со Русија

Советник на началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Михаил Подољак, презентираше листа на барања за продолжување на преговорите со...

Свет12 часа

Зеленски: Украинските војници се повлекоа од Лисичанск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски доцна синоќа призна дека украинските сили се повлекле од Лисичанск во Донбас. Тој вети дека ќе...

Македонија21 час

Дејвид Гир: Чисто е, одредницата за македонскиот јазик во преговарачката рамка е без дообјаснувања

Дејвид Гир – амбасадорот на Европската Унија во земјава со поддршка за Северна Македонија за побрзо отпочнување на пристапните преговори....

Македонија22 часа

(Видео) Протестот против францускиот предлог и денеска пред Владата

Пред Владата вечерва продолжи протестот под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“. Учесниците се против прифаќањето на францускиот предлог за тргање...

Македонија23 часа

Димитров: Со францускиот предлог Албанија е слободна да си оди напред, а Северна Македонија е таа што е изолирана

Поранешниот министер за надворешни работи од СДСМ и еден од потписниците на Преспанскиот договор – Никола Димитров на Фејсбук детално...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Сметам дека сите пратеници треба да го прифатат менувањето на Уставот

Премиерот Димитар Ковачевски за трите предлози на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не одговори конкретно дали ги отфрла, но посочи...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Му понудив на Ковачевски да го отфрли предлогот, а јас да се повлечам од барање предвремени избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски понудил три решенија за францускиот предлог. Тој не добил никаков одговор на барањата од премиерот...

Македонија1 ден

(Видео) Францускиот предлог прифатлив за Пендаровски

Шефот на државата, Стево Пендаровски кажа дека предлогот од Франција за него е прифатлив. Според него, тој е транзиционен и...

Политика1 ден

Османи до Димовски: Наше е сега дали ќе се одлучиме да го затвориме прашањето за јазикот во ЕУ, еднаш засекогаш

Не се отворените писма начин, но еве нека биде тоа почеток, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи на социјалните...

Македонија1 ден

ВМРО-Народна: Ако нешто е јасно во договорот тоа е дека македонскиот јазик е кристално чисто дефиниран

ВМРО-Народна партија ги разбира сите оние кои се против францускиот предлог и против напредокот на Македонија на европскиот пат, велат...