Контакт

Македонија

МТСП: Неколкукратно зголемен буџетот за превенција и заштита од семејно насилство

Објавено пред

Имплементацијата на постојниот Законот за превенцијата, спречувањето и заштитата од семејното насилство беше тема на дискусија на јавна расправа, која денеска се одржа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собранието.

Претставничката од Министерството за труд и социјална политика, Софија Спасовска, во своето поздравно обраќање истакна дека Министерството за труд и социјална политика направило повеќе чекори со кои се подобрува положбата на жените во општеството. За таа цел, посочи Спасовски, неколкукратно се зголемени и средствата во буџетот наменети за давателите на услуги. За 2019 година се предвидени 6,4 милиони денари, а во 2017 година биле предвидени само 1 милион денари.

„Во 2018 година Северна Македонија ја ратификува Истанбулската конвенција по што го усвои акцискиот план за нејзино спроведување за период до 2023 година. Тука се предвидени конкретни активности, а посебен фокус во имплементацијата на акцискиот план е во националната легислатива и развивање специјализирани сервиси за жртви на родово базирано насилство. За да ја имплементираме Конвенцијата, истовремено развиваме и услуги. Имаме кризен центар во Скопје со престој 24/48 часа, СОС-линија, 5 специјализирани сервиси за жртви на семејно насилство, а годинава, во согласност со акцискиот план, се воспоставени 8 сервиси во планските региони. До крајот на годината е предвидено отворање уште два сервиса. До крајот на годината предвидено е отворање специјализирани сервиси во сите плански региони на територијата на државата. Досега се воспоставени 8 сервиси, а до крајот на 2019 ќе бидат отворени уште два“, рече Спасовска.

Спасовска потенцира дека во тек е изработка на нов закон со кој ќе бидат опфатени сите форми на насилство врз жената и дека за него набргу ќе бидат отворени јавни дебати.

Покрај претставничката од Министерството за труд и социјална политика, на јавната расправа воведно обраќање имаше и претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Даниела Рангелова, Росана Дуџак, постојана координаторка на ОН во Република Северна Македонија, и претставник од Министерството за внатрешни работи.

Македонија

Фетаи ја ослободи Рангелова во „Насилство во Центар“

Објавено пред

По три ипол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против експратеничката Даниела Рангелова, но и против Борче Богдановски и Милан Андоновски, кои се гонеа како извршители во случајот „Насилство во центар“. Со ова, тројцата се ослободени во овој предмет.

Сега, во предметот остануваат обвинети Миле Јанакиески, Никола Груевски кој е амнестиран од експретседателот на државата, Ѓорѓе Иванов и уште неколкумина кои се товарат дека го извршиле насилството пред општината.

Фетаи пред судот го читаше прочистениот текст од обвинението, заедно со пцостите, за кои, тврди дека ги кажале дел од обвинетите на протестот пред Општина Центар во 2013 година.

Претходно, Еленко Миланов, бранител на Миле Јанакиески за „Макфакс“ рече дека ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Јанакиески е од старт жртва во тој предмет, бидејќи нема ништо што укажува на него.

Останатите обвинети се товарат за поттикнување и организирање насилни протести пред просториите на Општината, кои биле организирани дека наводно се против запирање на изградба на црквата „Свети Констатин и Елена“ на улица „Македонија“, а всушност причината била да се спречи седница на Советот на Општина Центар, на која требало да се променат деталните урбанистички планови.

Случајот го води судијата Душко Јосифовски, а застапници на обвинението се Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Реновиран Центарот за дијабетес на Клиника за ендокринологија

Објавено пред

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче вчера ја посети Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и болести на метаболизмот, каде е извршена реконструкција на амбулантско-поликлиничкиот дел за прием на пациенти со дијабетес – Центарот за дијабетес.

„На Клиниката за ендокринологија комплетно реновиравме 5 дијабетолошки амбуланти, направена е посебна амбуланта за преглед на итни пациенти со ургентни дијабетолошки компликации. Исто така, отворен е Кабинет за дијабетично стапало и опремен со термален скенер за стапало и дигитален биотензиометар – вибротест. Пациентите со дијабетес може да имаат сериозни и несакани последици од ковид инфекција и затоа посебно се водеше сметка да се осовремени Центарот за дијабетес со цел спроведување на посебните протоколи кои се неопходни при преглед на амбулантски болни во услови на пандемија. Изминатиот период имавме сериозни инфраструктурни зајакнувања на здравствени установи кои и во услови на пандемија со ковид-19 непречено продолжуваат, а таков е примерот и со оваа Клиника“, истакна министерот Филипче по посетата на оваа установа.

Во оваа установа регулиран е протокот на болните, дефинирани се патеки на движење во согласност со протоколите за одржување на дистанца, сите амбуланти се опремени со UV ламби со цел темелна дезинфекција на просторот.

,,Изминатиот период на Клиниката целосно беа реновирани одделот за интензивна нега, дел од болничкото одделение и собата за изолација. За офталмолошкиот кабинет беше набавена фундус камера, биомикроскоп за преглед на предниот очен сегмент и апарат за бесконтактно мерење на очен притисок, а оваа јавно-здравствена установа е вклучена во интернационален проект од светски рамки за ран скрининг на компликации од дијабетична ретинопатија. Набавени се и два ехо апарати за преглед на тироидна жлезда, за ендокринолошката амбуланта”, вели директорката на установата д-р Саша Јовановска Мишевска.

Овие активности се дел од долгорочната стратегија за унапредување на услугите во јавното здравство и подобрување на условите за работа на здравствените работници. Со несмалено темпо продолжуваме да го подигнуваме нивото и квалитетот на здравствена заштита и значително да вложуваме во инфраструктурното зајакнување на установите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Посебен сообраќаен режим утре и задутре поради посетата на словенечкиот претседател

Објавено пред

Mинистерството за внатрешни работи утре и задутре (петок и сабота) ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, поради официјалната посета на претседателот на Република Словенија, Н.Е. г. Борут Пахор на Република Северна Македонија.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Фетаи ја ослободи Рангелова во „Насилство во Центар“

По три ипол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против експратеничката Даниела Рангелова, но и против Борче Богдановски...

Европа1 час

Германија ја шири „црната“ листа

Германија стави региони од 11 европски земји на списокот со ризични области поради бројот на луѓе кои страдаат од коронавирус...

Македонија2 часа

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ одложено за во октомври

Судењето за случајот познат во јавноста како „Меѓународен сојуз“ се одложува за во октомври. Како што соопшти кривичниот суд, главната...

Европа2 часа

Грците осудија двајца Руси на по 300 години затвор

Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот...

Македонија3 часа

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата. Башким Хасани е избран за заменик...

Европа3 часа

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет4 часа

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет13 часа

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата

„Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе во затвори, луѓе што страдаат...

Свет15 часа

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат....

Свет17 часа

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет17 часа

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија17 часа

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија18 часа

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Македонија19 часа

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Македонија20 часа

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и анксиозност кај обвинителката

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај...

Регион20 часа

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите коалиции, пренесуваат црногорските...

Македонија21 час

Бошковски од Инфективна: „Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“

Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично, вели лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, по информацијата дека синоќа...

Македонија21 час

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки, Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Свет21 час

Путин: Во Русија наскоро ќе биде регистрирана уште една вакцина против коронавирус

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека наскоро ќе биде регистрирана втората руска вакцина против коронавирусот. „Наскоро ќе биде регистрирана друга...

Досие