Контакт

Македонија

МТСП: Самохраните родители кои имаат ниски примања нема да плаќаат за градинка

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска сите самохрани родители кои имаат плата и месечни приходи во износ до минималната плата утврдена со закон ќе бидат ослободени од плаќање партиципација за сместување на дете во детска градинка.

„Согласно со заложбите за поддршка на самохраните родители, содржани во програмата за работа на Владата на Република Македонија, министерката Мила Царовска го измени правилникот за условите, критериумите и начинот на остварување на правото на партиципација во трошоците за згрижување, воспитание, одмор и рекреација на деца во јавните установи за деца.

Во членот 3 од правилникот е предвидено дека ,,Правото на партиципација во јавна установа за деца – детска градинка се остварува за дете од семејство на самохран родител (aко еден од родителите е починат или не е познат или му е одземено родителското право или ако од други причини едниот родител е спречен да го врши родителското право), со плата и други месечни приходи во износ до минималната плата утврдена со закон.

Ги известуваме јавните установи за деца – детските градинки и сите самохрани родители кои ги исполнуваат законските услови за остварување на правото на партиципација да поднесат барање со потребната документација, наведена во правилникот, до јавната установа за деца во која детето престојува, односно е згрижено, за остварување на правото на партиципација. Правилникот е објавен во Службен весник на 20 март 2018 и на веб-страницата на МТСП“ се наведува во соопштението од министерството.

Најново

Македонија27 секунди

По повеќе од 33 часа работа на терен на пожарникарите од ТППЕ Битола, изгаснати пожарите во повеќе села во општините Могила, Новаци и Битола.

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола, со целокупниот расположлив капацитет, повеќе од 33 часа интервенираше на пожарите што на 12 август...

Македонија4 минути

Голема акција за чистење на атмосферската и фекалната канализација во Бутел

Општина Бутел спроведува голема акција за чистење и одржување на атмосферската и фекалната канализациона мрежа на својата територија. Градоначалникот Дарко...

Македонија8 минути

(Видео) СДСМ: Граѓаните на Гостивар чекаат Мицкоски и Клековски да се вратат од „екскурзија“

Граѓаните на Гостивар пет недели немаат безбедна вода за пиење, а според СДСМ, власта предводена од премиерот Христијан Мицкоски и...

Македонија15 минути

(Видео) Петрушевски: Ширењето паника за водата е крајно сериозно, институциите го расчистуваат случајот

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче е заедно на Егејот со својот другар Зоран Заев, но влијае на оние кои...

Економија32 минути

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments за групни нарачки

Корисниците сега можат директно во апликацијата да платат за своите артикли кога заедно нарачуваат од ресторани со пријателите, семејството или...

Македонија34 минути

Николоски: Со инсталација на новиот систем, македонското небо добива највисоко ниво во контрола на безбедност

Поставувањето на новиот АТМ систем во М-НАВ е од исклучително значење за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во...

Спорт1 час

Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати

Новак Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати, велејќи дека во последните две години...

Македонија1 час

(Видео) СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски за објавување службена тајна

СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски, соопшти Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ. „Поминаа 9 дена од...

Македонија2 часа

Влен: Артан Груби е „црната кутија“ и од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски

Обвнинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето. Ахмети најавува повлекување од...