Македонија
МТСП: 2.631 лице се стекнаа со социјална пензија

Од почетокот на спроведувањето на социјалната реформа, па досега 2.631 лице се стекнале со правото на користење на социјална пензија предвидена со законската регулатива за социјална сигурност на стари лица.
Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, месечниот надоместок изнесува околу 6.000 денари, средства со кои социјално се обезбедуваат лицата над 65 години коишто немаат други извори на егзистенција.
Право на социјална пензија имаат сите лица коишто се државјани на земјава најмалку 15 години и не примаат старосна пензија, вклучувајќи ги и лицата без ден работен стаж.
„За домаќинствата каде што и мажот и жената ги исполнуваат условите за користење на социјална пензија месечниот надоместок го користи само еден член, бидејќи станува збор за право од социјалната заштита и не е поврзано со ПИО.
Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите граѓани и граѓанки коишто ги исполнуваат условите предвидени со законската регулатива да поднесат барање за остварување на социјална пензија во месно надлежните центри за социјални работи“, информираат од МТСП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ангажирани 60 војници за пожарот кај Ѓорче Петров, грчките канадери упатени кај Дојран

По барање на Центарот за управување со кризи, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај селото Николиќ, во близина на Дојран, заедно со две грчки противпожарни екипи.
Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување дејствува во Крива Паланка, додека хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи е упатен кон селото Орман, општина Ѓорче Петров.
Армијата активно учествува во гаснењето на повеќе позиции. Приоритет е пожарот кај касарната Ѓорче Петров, каде што се ангажирани 60 припадници. Распоредени се војници и во село Николиќ, во Крива Паланка, а една екипа од АБХО е ангажирана на пожарот во Визбегово.
Македонија
Поради пожар затворен дел од скопската обиколница

Поради пожар, затворен за сообраќај е делот од скопската обиколница од клучка Радишани кон Тетово, соопшти МВР.
Полицијата информира и дека од 17.20 часот е пуштен сообраќајот кон ГП Блаце, но само за патнички возила, а останува во важност забраната за движење на товарните возила.
Македонија
Најдено починато лице во близина на пожар во Кривопаланечко

Едно лице е најдено починато во близина на пожар во сeлото Лозаново, Кривопаланечко, соопшти МВР.
Во присуство на јавен обвинител се врши увид.