Контакт

Македонија

Музејот на Народната банка отворен за јавноста: располага со најголемата јавна нумизматичка збирка во државата

Објавено пред

Музејот на Народната банка со својата постојана поставка повторно е отворен за јавноста. Со речиси 23.000 монети од разни историски епохи, почнувајќи од почетокот на V век пр. н. е. до денес, Музејот на Народната банка располага со најголемата јавна нумизматичка збирка во државата.

На простор од 240 м2 се изложени околу 1.000 монети од збирката на Музејот, распоредени во 36 витрини.

При осмислувањето на постојаната музејска поставка акцентот e ставен на развојот на монетарните системи и нивните стандарди во општествата што оставиле свој белег во историјата на државата. Општествените и културните случувања, кои се одразиле врз иконографијата и дизајнот на парите, исто така имаат свое место во Музејот. Следејќи ги светските трендови поврзани со улогата на централните банки во грижата за сопственото културно наследство, Народната банка во 1999 година почна со откуп на стари и ретки пари од нашите почва преку кој ја изгради денешната единствена збирка. Влегувајќи во ова поле на музејска дејност, Народната банка денес е еден од столбовите во заштитата на движното културно наследство.

Влезот за посетителите е бесплатен, секој работен ден од 9 до 15 часот, а достапни се и групни посети со закажување однапред.

Најново

Македонија54 секунди

Нова огнена битка: 31 пожар на отворено, три жаришта сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека со 07:30 часот регистрирани се 31 пожар на отворен простор од кои три...

Спорт7 минути

Мбапе: Со години сум најдобар во светот, никој немаше подобра сезона од мене

Килиан Мбапе ја продолжи својата кампања за самопромоција во изборот за Златна топка. Оваа недела, „Лекип“ објави мини-интервју со ѕвездата...

Македонија9 минути

Грин Машинс го зајакнува присуството на американскиот пазар – ГМ720зе и ГМ500зе претставени на саем во Хјустон

Грин Машинс, бренд на македонската компанија БРАКО, продолжува да го зајакнува своето присуство на американскиот пазар. Компанијата учествуваше на саемот...

Свет30 минути

Ракетен напад врз Одеса: 16 повредени, меѓу нив и петмесечно бебе

Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, во утринскиот ракетен напад врз Одеса, соопшти претседателот на Одеската...

Uncategorized35 минути

Скандал на свадба: Младоженецот цела вечер ѝ се враќал на бившата, невестата не издржала

Свадбената веселба во околината на Лазаревац започнала токму како што замислувале младенците – со музика, многу гости, честитки, насмевки и...

Свет57 минути

Повеќе од 40 повредени откако воз излета од шини во северозападна Франција

Најмалку 44 лица се повредени, од кои една жена потешко, кога дел од регионален воз со околу 180 патници синоќа...

Uncategorized1 час

Пензионерите повторно креваат глас: „Не може едни да добијат покачување од 3.000, а други само од 600 денари“

Барањето за линеарно зголемување на пензиите повторно го отвораат пензионерите, кои побараа од министерот за социјална политика, демографија и млади,...

Македонија1 час

Денеска заладување и дожд, потоа повторно сонце

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд ја очекува Македонија денеска, а локално врнежите ќе бидат проследени со невреме,...

Свет12 часа

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД: Сега, пред да биде предоцна

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика да се покрене постапка за забрана на крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД)...