Македонија
Муртезани потпиша меморандум за соработка со Молдавија за процесот на ЕУ-интеграцијата
Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Кишинев оствари средба со Заменик претседателката на Владата на Република Молдавија, задолжена за евроинтеграција, Кристина Герасимов. Во фокусот на разговорот беа билатералната соработка и заедничката амбиција за напредок на патот кон ЕУ, со што се зајакнуваат врските преку заемна поддршка и соработка.
Муртезани и Герасимов се осврнаа на тековните процеси за пристапување во ЕУ на Северна Македонија и Молдавија, при што беше ставен акцент на предизвиците и можностите во усогласувањето на националните политики со европските стандарди. Исто така, беа раземенети мислења за клучните приоритети на реформите, особено оние поврзани со зајакнувањето на институциите, унапредувањето на доброто владеење и поттикнувањето на економскиот развој.

Министерот Муртезани ја подвлече важноста на солидарноста и стратешките партнерства меѓу земјите кандидати и аспиранти од Западен Балкан и Источна Европа. Соговорниците се согласија дека унапредувањето на регионалната соработка и размената на добри практики се клучни за обезбедување континиуран напредок кон членството во ЕУ. Муртезани ја поздрави проактивната улога на Молдавија во промовирањето на европските вредности и ја потврди подготвеноста на Северна Македонија да ја продлабочи оваа соработка преку конкретни активности и иницијативи.

Средбата беше заокружена со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Владите на Северна Македонија и Молдавија, којшто поставува основа за редовна размена на искуства и најдобри практики во преговарачкиот процес со Европската Унија, како и за јакнење на капацитетите на институциите во двете земји. Оваа соработка ќе се фокусира на областите како што се европската легислатива, управувањето со фондовите на ЕУ и јакнење на институционалната ефикасност, со цел подобрување на спроведувањето на реформите и подготвеноста за интеграција во Унијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Мигранти за пари, Мицкоски ја распродава иднината на Македонија“, велат од СДСМ
„Со контра Резолуцијата ДПМНЕ-ЗНАМ признаа дека постои договор ‘мигранти за пари’. Во нивната контра Резолуција на ДПМНЕ воопшто нема одредба против носење мигранти од Британија за пари. Има игра на зборови, обид за поинакво дефинирање на мигрантите под превезот на ‘економски работници’ и ‘нелегални мигранти’“, велат од СДСМ.
„Ова е национално предавство за пари. Владата на Христијан Мицкоски ја става иднината на Македонија на пазар, на распродажба.
Државата е во тешка финансиска состојба, трезорот се затвора пред време, доцнат исплати на породилно, социјална помош, ДДВ, нема пари за плати и пензии. На власта и требаат пари ама не за граѓаните туку за да им врват наместените тендери.
Затоа договара мигранти за пари и скапи кредити кои утре ќе ги враќаат младите, идните македонски генерации.
СДСМ ќе се спротивстави и нема да го дозволи ова национално предаство, оваа распродажба.
Имаме решение. Нема да има мигранти, туку домаќинска политика, како во времето на СДСМ кога ги зголемивме платите и пензиите а државата одеше напред.
Наместо 161 тендер за една фирма, парите ќе се насочат кон за зголемување на платите и пензиите. Без криминал и корупција, без мигранти, парите назад кај граѓаните, со поголеми плати и пензии.
Одбраната на Македонија започна и нема да престане! Сите ќе одговарате!“, соопшти СДСМ.
Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија: Земјотресот е со епицентар на 42 километри северно од Скопје
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 07 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 42 км северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.

