Контакт

Македонија

Муцунски во Будимпешта: Нашиот јазик, идентитетот и културно-историскиот континуитет не може да бидат предмет на преговори

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше и се обрати на меѓународната конференција Budapest Global Dialogue 2025, која се одржува во главниот град на Унгарија, во организација на Унгарскиот институт за меѓународни прашања и Фондацијата за следење на истражувањата.

Во своето воведно обраќање на конференцијата, министерот Муцунски ја нагласи потребата од проактивна и кохезивна европска политика во услови на зголемена глобална нестабилност и променлив геополитички контекст. Притоа, истакна дека посилна и покоординирана Европска унија, во партнерство со стабилна трансатлантска врска, претставува суштински предуслов за справување со надворешните предизвици и зачувување на безбедноста и просперитетот на европскиот континент.

Посебен акцент во обраќањето беше ставен на политиката на проширување, која министерот Муцунски ја оцени како стратешки важна за релевантноста и иднината на Европската унија. Тој подвлече дека нашата држава и земјите од Западен Балкан се составен дел од европската безбедносна и економска архитектура, како и од напорите за зголемување на конкурентноста и иновативноста на Унијата.

„Европската интеграција на регионот не треба да се гледа исклучиво како геополитички избор, туку како заедничка стратешка потреба и одговорност,“ истакна министерот Муцунски.

Во своето излагање тој подвлече дека македонскиот народ ја има платено цената на трпение и компромиси, но нагласи дека постојат линии што нема да бидат преминати — затоа што тие ја определуваат суштината на нашиот национален идентитет.

„Нашиот јазик, идентитет и културно-историски континуитет не може да бидат предмет на преговори. Тие се душата на нашата нација. Посветени сме на интеграцијата, но подеднакво и на одбраната на нашето достоинство и правото да бидеме тоа што сме — без услови, без извинување, без бришење,“ рече Муцунски.

Тој додаде дека ова не е став на инает, туку на самопочит, потенцирајќи дека иднината во Европа мора да се гради врз взаемно признавање и доверба, а не врз бришење на историјата или наметнати наративи.

Најново

Спорт13 минути

ФИФА покрена постапка против Паредес, можна суспензија од неколку месеци

Леандро Паредес би можел скапо да плати за своето однесување по финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија. ФИФА...

Спорт16 минути

Меси: Болката е огромна.. Ви благодарам… Честитки до Шпанија

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, се огласи по поразот во финалето на Светското првенство. Фудбалерите на Аргентина не успеаја да...

Спорт20 минути

(Видео) Два милиони луѓе ги пречекаа светските шампиони

Два милиони луѓе ја пречекаа шпанската фудбалска репрезентација вечерва на улиците на Мадрид, откако ја освоија титулата на Светското првенство...

Македонија2 часа

Објавено со што е загадена водата во Гостивар, жителите ја пиеле од 25 јуни кога биле поставени пумпи од канал

Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина...

Забава3 часа

(Видео) Читач на усни: Трамп ја повторуваше истата реченица на секој шпански играч

Доналд Трамп вчера им го додели трофејот и медалите на победниците на Светското првенство, шпанската репрезентација. Американскиот претседател, исто така,...

Забава4 часа

Зошто утринската прошетка е една од најдобрите навики за здравјето?

Не секоја форма на чување на здравјето мора да биде поврзана со големи промени и напорни тренинзи. Понекогаш една од...

Свет4 часа

Мамдани проверува дали може да го уапси Нетанјаху; Трамп: Нема да биде уапсен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да биде уапсен за време на неговата посета...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Изгледа СДС не знаат што е истрага и доверливост на информации

Изгледа СДС не знаат што е истрага и доверливост на информации, со цел постапката да се компромитира. Или, пак, нивните интереси...

Спорт4 часа

(Видео) Јамал откри што му рекол Меси по финалето: „Неговите зборови вредат колку медал“

Шпанија вчера ја освои својата втора светска титула победувајќи ја Аргентина во финалето на Светското првенство. Фуријата славеше во големото...