Македонија
Над 340.000 пензионери во државата од денес ќе добиваат за 2.500 денари повисоки пензии
Над 340.000 пензионери во Република Северна Македонија од денес ќе добиваат за 2.500 денари повисока пензија. Со линеарното покачување на пензиите во септември и мартовската пензија во април пензионерите добиваат за 5.000 денари повисоки пензии за 9 месеци мандат на оваа Влада, извести МТСП.
„Покачувањето на пензиите беше едно од предизборните ветувања на оваа Влада, која веднаш, на првата владина седница, почна со постапката за нејзино реализирање.
Како Влада и ресорно министерство ја потврдуваме грижата за нашата највозрасна категорија граѓани. Продолжуваме и понатаму со креирање политики и мерки, кои ќе го унапредуваат квалитетот на живот на пензионерите“, велат од МТСП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
