Македонија
Намалена видливост на патиштата поради магла

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, на места по влажни коловози. Поради појава на магла, има намалена видливост од 50 до 100 метри во Тетово, Демир Капија и на планинскиот премин Ѓавато.
AМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата во котлините, речните долини и клисурите, каде што има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
24 нови пациенти хоспитализирани во Kовид центрите во Скопје, а се лекуваат вкупно 248 лица

Во изминатите 24 часа во Ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 24 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 248 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираат од министерството за здравство.
Според информациите од таму, во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти а 9 пациенти на Инфективната клиника. Во Козле биле примени 2 пациенти.
„Вкупно 248 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, велат од министерството за здравство.
Македонија
ИЈЗ: Зголемување од 3,9% на нови случаи, оздравени 1.760 лица

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 15 до 21 февруари 2021, тестирани се вкупно 15.849 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 2,8% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.320 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 3,9% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.007; 43,4%), со неделна инциденца – 163,0/100.000. Највисока неделна инциденца од 412,8/100.000 е регистрирана во Неготино и Кавадарци (409,0/100.000).
Процентот на позитивност се движи од 11,8 до 16,3%, просечно 14,7%, на исто ниво како минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=575, 24,8%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=445; 19,2%), 40-49 (n=442; 19,1%), 50-59 (n=413; 17,8%) и 20-29 (n=300; 12,9%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=38; 1,6%) и 10-19 години (n=107; 4,6%).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 1.760 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 30,1% помалку во споредба со минатата недела.
Пријавени се 70 смртни случаи од 13 градови, со зголемување од 62,8% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 65 лицa биле над 60 години, и 5 лица на возраст од 50-59 години.
Македонија
(Видео) Кузеска : Случајот со Мијалков е последен дебакл на Мицкоски

Случајот со Мијалков е последниот пораз, на Мицкоски, истакна на денешната прес конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Единствената улога на докажаниот губитник Христијан Мицкоски како шеф на ВМРО-ДПМНЕ е да го одбрани криминалот и да ја спречи правдата“, рече Кузеска.
Според неа, сите обиди на Мицкоски да го одбрани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ се пропаднати.
„Со што пропадна и неговата главна задача за која што Мијалков и Груевски го поставија на чело на ВМРО-ДПМНЕ. Се што прави Мицкоски е да го заштити менторот од Будимпешта, Груевски, да ги заштити Мијалков, Камчев, Милошоски, Димовски, Јанушев и сите останати сегашни и поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ, против кои се водат процеси пред надлежните судови“, рече Кузеска.
Додаде, дека сега, патот на правдата е чист и граѓаните како што рече се почесто ќе бидат сведоци на спроведена правда, но и на силен одговор од институциите кон сите кои се ставаат над Законот.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер