Контакт

Македонија

Намалени цените на билетите за скијање на Попова Шапка

Објавено пред

Ски-центарот „Попова Шапка“ соопшти дека ги намалува цените на билетите.

Со намалувањето, од сабота, 30 јануари, до крајот на сезоната билетите ќе може да се набават по следниве цени: дневен ски-билет – 800 денари; полудневен ски-билет – 550 денари; детски ски-билет – 400 денари; ноќно скијање – 400 денари; поединечен билет за двосед „Син Врв“ – 150 денари; поединечен билет за жичницата шестосед „Лајтнер“ – 150 денари; поединечен билет за двоседот „Св. Илија“ – 100 денари.

За сите билети во ски-центарот се наплаќа повратна кауција во висина од 200 денари. Средствата од кауцијата се рефундираат при враќање на ски-билетот на благајната.

 

Македонија

Министерството за култура: Нема да навлегуваме во математиките на партиите

Објавено пред

Министерството нема да навлегува во математиките на партиите. Културата обединува, а не пресметува, реагираат од Министерството на прес-конференцијата на коалицијата меѓу Алтернативата и Алијансата за Албанците.

„Фактот дека лани е направен долг од 3 милиони евра на штета на културните работници и уметниците доволно говори за ланската математика што била правена во Министерството, а сега е предмет на финансиската полиција“, велат од таму.

Министерството за култура, пишува во реакцијата, останува доследно на ставот дека основни критериуми според кои работеа комисиите одлучувајќи по пријавите за годишниот конкурс беа: квалитетот на проектите, нивното значење за јавниот интерес во културата, нивната релевантност во животот на граѓаните, поддршка на автори од разни етнички заедници, стимулирање креативни млади творци, на ранливи и маргинализирани групи, како и реално вреднување на трудот за да се заштити достоинството на авторот.

„Нашата земја е мултикултурна, вредност што сите заедно мора да ја негуваме и почитуваме“, се наведува во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Маричиќ: И Евростат потврди дека Законот за пописот е во согласност со највисоките стандарди

Објавено пред

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, рече дека од Евростат потврдиле дека Законот за пописот и методологијата по која ќе биде спроведен е по највисоките пропишани стандарди што се воспоставени во сите развиени земји.

„По одговорот што стигна од Евростат, се поклопуваат сите сомнежи на опозицијата и за методологијата и за Законот за пописот, како и за начинот на кој ќе се спроведе пописот. Ајде да се обединиме, да ја оставиме дневната политиката настрана и заедно да го спроведеме пописот. Ги повикувам сите политички партии и ги охрабрувам да го направат тоа. Пописот ѝ е потребен, пред сè, на државата, нам, на сите граѓани, а не на партиите. Вчера беше донесен и здравствениот протокол за изведување на пописот од страна на Комисијата за заразни болести, па оттука ќе бидат исполнети и сите здравствени протоколи за цел безбедно спроведување на пописот“, потенцира Маричиќ.

Министерот пред пратениците рече дека веќе следната недела почнува попишувањето на неколку групи граѓани, меѓу кои и на дијаспората. Ќе се попишуваат од понеделник и припадниците на Армијата, лицата во воспитно-поправните установи, затворите, дипломатите и нивните семејства во странство, како и бездомните лица.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев донира дел од парите од Хесенската мировна награда за справување со Ковид-19

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев донира дел од парите од Хесенската мировна награда за справување со Ковид-19, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

„Во свое лично име, во име на Министерството за здравство и сите оние што се на првата линија во борбата со Ковид-19, упатувам благодарност до премиерот Зоран Заев за неговото лично учество во оваа заедничка акција. Премиерот својот дел од Хесенската мировна награда, што ја добија со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во висина од 12.500 евра, ја донира во солидарниот фонд за справување со Ковид-19“, напиша Филипче на „Фејсбук“.

Тој додава дека огромен број заедници, компании, но и индивидуалци се приклучиле преку оваа иницијатива во заедничкото справување со планетарната криза.

„Солидарноста е клучна во периодот што следува и нашето општество мора да функционира како едно“, напиша Филипче.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Тројца кумановци формирале терористичка група по примерот на Исламската држава

Тројца кумановци се обвинети за тероризам и формирање ќелија по примерот на познатата терористичка организација Исламска држава. Во терористичката група...

Македонија6 часа

Денеска и утре состаноци на мешовитата комисија со Бугарија, ќе се разговара за Гоце Делчев

Учебниците за седмо одделение и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се очекува да бидат ставени „на маса“...

Македонија6 часа

Почната постапката за набавка на 100.000 дози од руската вакцина

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вчера Владата го овластила да потпише договор за набавка на руската вакцина. „Станува...

Македонија6 часа

Со британскиот вид се заразени 70 проценти од тестираните во „Жан Митрев“

Британскиот вид на коронавирусот е присутен во 70 отсто од случаите, покажале испитувањата на Клиничката болница „Жан Митрев’, кои денеска...

Македонија7 часа

Захариева: Нема да подлегнеме на притисок за Северна Македонија, ЕУ не е Југославија

Бугарија нема да подлегне на притисок за интеграциите на Северна Македонија, изјави за БТВ вицепремиерката и министерка за надворешни работи,...

Европа7 часа

ЕУ е поделена околу сертификатот за вакцинација

Европските лидери денес ќе одржат состанок со цел да се договорат за сертификатите за граѓаните на Европската Унија кои биле...

Регион8 часа

Бугарија ја критикувa „Астразенека“ за доцнењето со вакцините: „Ни ја зедовте надежта“

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, ја критикуваше „Астразенека“ за неуспехот да ја испочитува договорената испорака на вакцини. Бугарија исто...

Европа19 часа

Истражување: Британскиот сој на вирусот 64 отсто ги зголемува шансите заразените да завршат во болница

Луѓето инфицирани со позаразната варијанта на коронавирусот, која првпат беше откриена во Велика Британија, имаат поголем ризик од хоспитализација, покажа...

Македонија1 ден

13 починати и 725 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на...

Македонија1 ден

Филипче: Немам информации дали Мијалков се тестирал и дали пријавил самоизолација

Министерот за здравство, Венко Филипче, нема информации за тоа дали поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков се тестирал за...

Топ1 ден

(Видео) Вработени во фабрика за канабис во Кочанско ја продавале дрогата нелегално

Тројца вработени во фабриката за канабис за медицински цели во кочанското село Уларци одгледувале марихуана за продажба на нелегалниот пазар....

Свет1 ден

Вакцината на „Синофарм“ е 72,51 процент ефикасна против коронавирусот

Подружницата на „Синофарм“ при Институтот за биолошки производи во Вухан денес објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 покажала дека во...

Македонија1 ден

Свадбите остануваат забранети

За помош на угостителите може да се разговара, но олабавувањето на мерките и дозвола за организирање свадби, како што бараат,...

Македонија1 ден

Борел: Не се преправаме дека ве сакаме, ќе почнеме преговори со Скопје и Тирана

Европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел изјави дека Европската Унија не се преправа дека го сака Западен Балкан во...

Свет1 ден

СЗО: Три нови видови коронавирус се шират низ светот од минатата година

Според податоците на СЗО, низ светот се шират три нови видови коронавирусот од минатата година. Од СЗО информираат дека новиот...

Македонија1 ден

СДСМ: Институциите покажаа капацитет за обезбедување на правдата

Христијан Мицкоски, бранителот на криминалот и потрчко на Никола Груевски и Сашо Мијалков, вчера доживеа нов пораз откако институциите покажаа...

Македонија1 ден

Денеска ќе пристигне втората пратка вакцини од Србија

Денеска треба да пристигне втората пратка од вакцините на „Фајзер“, што ќе ја достави Србија. Министерот за здравство, Венко Филипче,...

Свет2 дена

(Видео) Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес

Најдобриот голфер Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во близина на Лос...

Македонија2 дена

Мијалков однесен во домашен притвор на Водно

Во полициски автомобил со затемнети стакла Сашо Мијалков беше изнесен од Обвинителството за гонење организиран криминал. Автомобилот беше во придружба...

Македонија2 дена

Русковска: Не верувам дека Мијалков бил болен

Обвинителката Вилма Русковска рече дека е среќна што ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, сам се пријавил во Обвинителството. Таа објасни...

Досие