Контакт

Македонија

Наместо да нѐ изолира, Иванов нека се изолира од политиката, реагира Владата

Објавено пред

За македонската иднина не одлучува Иванов, туку граѓаните, реагира Владата по обраќањето на претседателот Ѓорге Иванов, кој ја отфрли можноста да го потпише договорот со Грција  за надминување на спорот.

„Владата со жалење констатира дека Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во своето обраќање до јавноста не успеа да се издигне над сопствената немоќ и да ја види перспективата што се отвора пред нашата држава со договорот што овие денови го финализираа и го договорија владите на Република Македонија и на Република Грција. Иванов нема чувство на одговорност и презема дејства на недозволива манипулација, со што им штети на државата, на граѓаните и директно дејствува против јакнењето на македонскиот идентитет“, се вели во реакцијата на Владата.

Според нив, Иванов не се залага за решенија и не работи за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ, а тоа за граѓаните се приоритети од највисок национален интерес.

„Наместо да ја кочи македонската иднина и да ја турка нашата земја во изолација, најдобро е Иванов сам себе си да се изолира од политичката сцена“, порачаа од Владата и го повторија нивниот став дека со овој договор се потврдува и зајакнува македонскиот етнички и културен идентитет.

Македонија

(Вознемирувачно видео) „Анима мунди“ бара казна за трујачите на кучиња во Охрид

Објавено пред

Од

По медиумските информации за присуство на бројни бездомни кучиња во Охрид, „Анима мунди“ соопшти за низа случаи на убиства на животните, во ек на туристичката сезона, на прометни локации и среде бел ден.

„Податоците, слики и видео снимки ни пристигаат од бројни шокирани, преплашени граѓани и туристи кои се обидувале да им помогнат на животните но немале шанса да успеат – животните умирале во најтешки маки а отровот кој бил расфрлан бил со толку силно дејство што и со вдишување бил смртоносен. Ова видео кое ви го доставуваме мора да го погледне целата македонска јавност за да се види со какви високо токсични/смртоносни се служат граѓаните, слободно и неконтролирано ги набавуваат и расфрлаат без притоа да одговара било кој. Ова исклучително вознемирувачко видео за жал треба да го погледа секој за за сликовито да се долови и претпостави каков би бил отровот доколку дојде во допир со некое дете“, соопшти „Анима мунди“.

Од здружението велат дека кучињата се бездомни и не се виновни што се на улица, туку се и самите жртви на неодговорни сопственици кои ги размножуваат и напуштаат кога ќе им здодеат. „Анима мунди“ бара од Општините кои располагаат со финансиски средства да ги стерилизираат животните, да ги третираат хумано без исклучок и најстрого да го казнат неодговорното сопствеништво.

„Општините се должни да го превенираат и казнат насилството врз животните, масовното труење на животни кое е опасно по животот на сите и за кои законот предвидува и казна затвор. Ќе се превземе ли нешто за да се фати овој сторител, како и сите други кои убиваат животни? Бараме итна интервенција од општината, Агенцијата за храна и ветеринарство како и Министерството за внатрешни работи со цел да се стави крај на ова монструозно дивеење по улиците, парковите, тревниците преку конечно изрекување на казна затвор за лицата кои злоупотребуваат отровни материии, вршат кривично дело мачење на животни, предизвикуваат општа опасност пред која и луѓето и животните можат да бидат жртва“, апелира „Анима мунди“.

Прикажи повеќе...

Македонија

До денеска 724 пријави од дијаспората за гласање на референдумот

Објавено пред

Од

Заклучно со денеска до 14 часот, преку веб-апликацијата dijaspora.se​c.mk до Државната изборна комисија доставени се 742 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на земјата во странство.

Од нив, 702 пријави се прифатени, 11 се одбиени, а другите се во обработка, соопшти ДИК.

Во однос на податоците од јавниот увид во Избирачкиот список, Државната изборна комисија информира дека заклучно со вчерашниот ден 1.216 граѓани извршиле јавен увид во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Од нив, најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 188, во Радовиш – 104 и во Струмица – 101.

Прикажи повеќе...

Македонија

Зошто редовно се калкулира и навреме не се објавува тендер за набавка на инсулин?

Објавено пред

Од

Министерот за здравство, Венко Филипче, сè уште не најде долготрајно решение за проблемот со недостиг на инсулин за дијабетичарите. По неговото доаѓање на чело на Mинистерството, беа извршени две вонредни набавки на инсулин, првата во декември 2017, а потоа и во јуни оваа година.

Од Министерството за здравство, вчера, по објавата на „Макфакс“ за недостиг од инсулин, соопштија дека уште денеска ќе биде распишан тендерот за набавка на лекот. Но, сепак, останува отворено прашањето зошто министерот за здравство цели пет месеци распишува тендер и покрај сознанијата дека има недостиг на инсулин. Уште во март годинава од Министерството најавуваа дека се прават последните подготовки и анализа за потребните количини инсулини, но тендерот не беше пуштен.

„Макфакс“ се обиде да стапи во контакт со министерот Филипче, но тој не одговори на нашите повици за разлика од вчера кога вети дека денеска ќе даде одговор на нашите прашања.

Националниот координатор за здравство, Гоце Чакаровски, за „Макфакс“ рече дека тендерот за набавка на инсулин е изготвен, но нема информација зошто се чека да се објави по што нè препрати да се обратиме до кабинетот на министерот Филипче.

Оттаму ни потврдија дека тендерот ќе биде објавен во текот на денот, односно дека се чека на министерот да се врати од владината седница за да го потпише. На прашањето зошто толку долго се чекаше за објавување на тендерот, од кабинетот образложија дека причината за задоцнувањето е тоа што било потребно подолго време бидејќи се собирале детаљни информации за бројот на пациенти, се вршеле процени, точна анализа и проверка на потребната количина сè со цел да не се дојде до ситуација да има потреба од интервентен увоз.

Претходниот редовен тендер беше распишан во 2016 година од страна на ексминситерот за здравство, Никола Тодоров, кој беше цел на напад на јавноста поради критериумите што беа поставени на тендерот. Дијабетичарите се жалат дека добиваат неквалитетен инсулин што не ги задоволува ИСО-стандардите, а исто така има жалби и за квалитетот на глукометрите со кои се мери висината на шеќерот во крвта.

Претседателката на Здружението на лицата со дијабетес, „Алегрија“, Рената Јакимовиќ, вчера за „Макфакс“ истакна дека дијабетичарите се принудени меѓу себе да си позајмуваат инсулин бидејќи не може да го најдат во аптеките. Министерството за здравство по оваа изјава испрати реакција во која се вели дека на повидок нема никаква инсулинска криза, односно дека има доволно инсулин во инсулинските аптеки и покрај сведочењата на лицата со дијабетес дека во аптеките каде што го набавуваат лекот нема доволно инсулин.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Зошто редовно се калкулира и навреме не се објавува тендер за набавка на инсулин?

Министерот за здравство, Венко Филипче, сè уште не најде долготрајно решение за проблемот со недостиг на инсулин за дијабетичарите. По...

Македонија42 минути

УЈП ќе има неограничен пристап до сметките на граѓаните, но тој треба да биде контролиран

Увидот на Упрвата за јавни приходи во личните податоци мора да се ограничи, а евентуалната размена на податоците со банките...

Македонија1 час

(Видео) Министрите сè уште немаат материјали за разрешување на Лазе Велковски

Владата сè уште не го разгледала предлогот за разрешување на директорот на Биро за јавна безбедност, Лазе Велковски. Министерот Љупчо...

Џенова, несреќа, Италија Џенова, несреќа, Италија
Европа2 часа

(Видео) Најмалку 10 луѓе загинаа во несреќата на мостот во Џенова

Најмалку 10 луѓе загинаа во несреќата што се случи на автопат кај Џенова, Италија, кога се урна мост. Министерот за...

Економија2 часа

Четири компании со иновации изјавиле дека се поврзани со функционери

Четири од вкупно 77 компании добитници на грантови за иновации изјавиле дека во сопственичката структура имаат лице носител на јавна...

Економија4 часа

Ердоган најави бојкот на електронските уреди од САД

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека ќе следува бојкот на електронските уреди од САД  по заострувањето на односите со...

Топ5 часа

Почина шестмесечно бебе во Штип

Шестмесечно бебе без знаци на живот вчера било донесено во штипската болница. На неговото тело немало траги на насилство, а...

Свет6 часа

Трамп го потпиша законот за одбранбена политика вреден 716 милијарди долари

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го потпиша законот за годишната одбранбена политика, вреден 716 милијарди долари, што предвидува модернизација и...

Економија7 часа

Светски познатиот американски бренд за брза храна КФЦ доаѓа во Македонија

Премиерот Зоран Заев синоќа оствари средба со Фатмир Зимбери, сопственик на лиценцата за отворање ресторани за брза храна на американскиот бренд...

Топ7 часа

Пожар во „Неуромедика“, штетата сѐ уште не е утврдена

Пожар избувнал ноќеска во болницата „Неуромедика“ во центарот на Скопје. Како што информираат од Противпожарната бигада на град Скопје, пожарот...

Македонија7 часа

Владата на седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на директорот на БЈБ

Владата денeска на седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, кој...

Македонија22 часа

По објавата на ,,Макфакс”, Министерството за здравство уште утре ќе распише тендер за набавка на инсулин

По објавата на ,,Макфакс” за недостиг на инсулин во државата, Министерството за здравство одлучи уште утре да распише тендер за...

Економија1 ден

(Видео) Заев: УЈП ќе ги гледа сметките оти најмала наплата на даноците има кај оние со најголеми приходи

Увидот на Управата за јавни приходи (УЈП) во банкарските сметки на граѓаните ќе служи само за државата да си ги...

renata-jakimovic renata-jakimovic
Македонија1 ден

Дијабетичарите принудени меѓу себе да си позајмуваат инсулин бидејќи го нема во аптеките

На повидок е нова инсулинска криза во Република Македонија, дијабетичарите со месеци мака мачат да дојдат до лекот од кој...

Македонија1 ден

(Видео) Лазе Велковски останува во МВР и по евентуалното разрешување

Лазе Велковски, директор на Бирото за јавна безбедност, ќе остане во МВР, дури и ако Владата на утрешната седница го...

Регион1 ден

Ставен под контрола пожарот на грчкиот остров Евија

Ставен е под контрола шумскиот пожар што избувна вчера на грчкиот остров Евија. Поради пожарот, на островот претходно денеска беше...

Македонија1 ден

За четири дена 528 пријави од дијаспората за претстојниот референдум

На повикот на Државната изборна комисија преку интеренет-апликација, со која гласачите од дијаспората може електронски на страницата да поднесат барање...

Македонија1 ден

Претседателот на Бугарија бара анекс-договор со Македонија

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, смета дека македонскиот премиер, Зоран Заев, не ѝ се извинил на соседната земја по изјавата...

Македонија1 ден

Чавков и пратениците следната недела на суд за крвавиот четврток

Следната недела, на 22 август, обвинетите за настаните во Собранието на крвавиот четврток повторно седнуваат на обвинителна клупа. Меѓу нив...

Македонија1 ден

Обвинетите во предметите на СЈО, се враќаат во обвинителни клупи

Во четврток, по еден месец пауза, продолжува рочиштето за случајот „Титаник“, а на обвинителна клупа се враќаат ексфункционерите Никола Груевски,...

Досие