Контакт

Македонија

Наместо 18, ќе одлежи осум години затвор: велешанецот што смртно прегази дете и избега доби десет години пониска казна од Апелација

Објавено пред

Наместо 18 години затвор, велешанецот Ангелчо Николов, кој ја прегази 11-годишната Магдалена Иванова и ја усмрти, ќе треба да издржи осум години затвор, одлучи скопска Апелација. Второстепените судии му ја намалија казната за десет години. Пресудата на Апелација е донесена по пет месеци од изрекувањето на првостепената бидејќи Николов издржува притвор поради опасност од бегство, кој му беше изречен сѐ до правосилност.

„Апелациониот суд Скопје информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-349/23 , а по изречена првостепена пресуда на Основниот суд Велес, донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот А.Н. од Велес, делумно се уважува. Согласно донесената одлука за сторено кривично дело: Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, од член 300 став 2 в.в. со член 297 1 од Кривичниот законик, на обвинетиот му се утврдува казна затвор во траење од седум години и шест месеци, а за кривично дело: Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, од член 301 став 1 од Кривичниот законик, веќе определената казна затвор со првостепената пресуда од една година се зема за утврдена, па со примена на член 44 за двете кривични дела му се изрекува единствена казна затвор во траење од осум (8) години“, соопшти Апелација.

Пресудата е правосилна, а ценети се сите олеснителни и отежителни околности. Казната е преиначена со образложение дека велешкиот суд не ги проценил доволно сите олеснителни околности за обвинетиот возач.

Николов беше возач на „мерцедесот“, кој во пијана состојба, на пешачки премин, ја прегази малата Магдалена. Тој се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и за неукажување помош.

Сообраќајната несреќа се случи на десетина дена пред Нова година. Возачот Николов беше во бегство, а по два дена, полицијата го уапси. Тој го управуваше возилото „мерцедес“ со прекумерна брзина, како што и призна. Освен жртвата, 11-годишното девојче, повреди имаше и мајката.

Најново

Црна хроника9 минути

Со метални предмети го нападнале на паркинг простор пред одморалиште во Струга

Вчера во 17:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека во 00:50 часот на паркинг простор пред одморалиште во Струга,...

Македонија13 минути

Герасимовски: Барам јавно извинување за односот кон советниците и администрацијата на јавната презентација за „Барутана“

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар побара јавно извинување од советничката група...

Македонија26 минути

Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос укинатата пресудата од страна на Врховен суд за трагедијата кај...

Македонија28 минути

Мицкоски: Целосно е реновиран одделот за неврофизиологија на Универзитетската клиника за неврологија

Здравството е еден од врвните приоритети и во периодот кој што следи сериозно сме посветени кон реконструкција на целокупниот здравствен...

Култура55 минути

„ПРО-ЗА Балкан“ по 14. пат ширум ќе ѝ ги отвори вратите на балканската книжевност

Три фестивалски и четири дополнителни вечери ја сочинуваат програмата на 14. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ што ќе биде отворен...

Регион59 минути

Ќе се преиспитаат безбедносните мерки по нападот во училиштето: „Ќе анализираме сè“

Момир Карин, директор на Дирекцијата во Министерството за наука, образование и млади, пристигна во училиштето по инцидентот утрово во кој...

Спорт1 час

(Видео) Тренерот поднесе оставка, претседателот експресно ја одби

Фенербахче е во центарот на вниманието по ремито 1:1 со Рома на почетокот од Лигата на шампионите. Тренерот Исмаил Картал...

Регион1 час

(Видео) Мајката на ранетиот ученик во Загреб: Ми рече ‘мамо, само повикај брза помош’, а потоа врската се прекина

Ученикот кој утрово беше избоден во Електротехничкото училиште во Загреб моментално е во операционата сала, објавија хрватските медиуми. „Синот ми...

Свет1 час

Хилари Клинтон: Ужасно е да се каже, но Нетанјаху можеби сакал да види што може да направи Хамас

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон го доведе во прашање начинот на кој израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху постапил по наводното...