Контакт

Македонија

Напаѓачите се осудени, но мотивот омраза не е докажан, oбјави адвокатот на Пендиков

Објавено пред

Двајцата обвинети за претепувањето на Христијан Пендиков – Илија Спасески и Борче Ангелов, од Основниот суд во Охрид се осудени на по осум месеци ефективна казна затвор за нанесување тешка телесна повреда, но судот смета дека мотивот „омраза“ не е докажан, изјави за БТА адвокатот на Пендиков, а пренесе Бугарското национално радио.

Пресудата е донесена нешто повеќе од две години откако беше закажано првото рочиште за случајот – тепачката што се случи во вечерните часови на 19 јануари 2023 година. пред ресторан во Охрид.

Секретарот на веќе поранешното бугарско здружение во Охрид, „Цар Борис Трети“ бил нападнат и завршил со два напукнати пршлени, скршена вилица, испукани ребра и три скршени заби. Тој беше донесен со претседателски авион на лекување на Воената медицинска академија во Софија, а случајот прерасна во политички скандал и предизвика нови тензии помеѓу Македонија и Бугарија. По неговото лекување во Бугарија, Пендиков доби и бугарско државјанство, кое му беше свечено врачено од страна на бугарскиот политички врв.

Пендиков тврдеше дека бил нападнат поради тоа што се чувствувал како Бугарин, додека одбраната го оспоруваше мотивот.

Деталните причини за пресудата што ја изрече судијата Бојан Мартиновски од охридскиот суд ќе станат јасни кога писмено ќе им биде презентирана на двете страни во случајот, по што секоја од нив – и обвинителството и одбраната – имаат право на жалба во рок од 14 дена, пренесе БНР.бг.

Најново

Македонија8 часа

10 години од поплавите, на комеморација прочитани имињата на загинатите: „Времето не ги избриша спомените, ниту пак ја намали тагата“

На комеморативен настан вечерва во Домот на културата 11 Октомври во Ченто беа прочитани имињата на 22 загинати во катастрофалните...

Забава9 часа

Кога е подобро да се зема витамин Д – наутро или навечер?

Витаминот Д е неопходен за здравјето, но често е тешко да се внесе доволно само од храна, поради што додатоците...

Свет9 часа

300.000 жртви на злоупотреба во француските цркви, Папата ќе се сретне со дел од нив

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за време на неговата четиридневна посета...

Забава10 часа

Секс еднаш месечно: Дали е тоа доволно за среќен брак?

Многу парови се прашуваат дали имаат доволно интимност, особено кога се споредуваат со другите. Експертите, сепак, истакнуваат дека не постои...

Забава10 часа

Намирници кои треба да ги избегнувате за вечера

Ако често се будите со надуеност и чувство на „тежок стомак“, причината можеби не е количината на храна, туку нејзиниот...

Свет11 часа

Побарувачката за „Патриот“ експлодира, Американците имаат помалку од 850 преостанати пресретнувачи

Побарувачката за американскиот систем за воздушна одбрана „Патриот“ силно порасна оваа година. Војната во Украина и ширењето на конфликтот на...

Свет11 часа

(Фото/видео) Еден од најголемите украински стадиони погоден во руски напад

Во денешниот руски напад врз Одеса, стадионот на „Чорноморец“, еден од најголемите во Украина и дом на истоимениот фудбалски клуб,...

Македонија12 часа

Утре сончево и многу топло време, попладне локален дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а...

Соопштенија12 часа

„Кожувчанка“: Само во последните 5 години, вложивме повеќе од 1.500.000 евра преку донации и спонзорства во Македонија

Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата, велат од „Кожувчанка“. „Само во последните...