Контакт

Македонија

Насер Зибери кандидат на ДУИ за премиер Албанец

Објавено пред

ДУИ го претстави својот кандидат за премиер на државата. На промотивната конвенција во Преспа, ДУИ ја почна предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули, на која го промовира Насер Зибери како нивен кандидат за прв премиер Албанец на С.Македонија.

„По интензивните консултации со граѓанското општество, со академскиот свет, со стручното и креативно мислење, стигнавме до обединувачко и заслужно име на кандидатот за прв Албанец премиер. Тоа е Насер Зибери, кој ги има сите доблести да ја води извршната власт на земјата кон полна еднаквост“, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на конвенцијата.

Кандидатот за премиер Зибери во неговиот говор рече дека е убеден во тоа дека е дојдено времето за целосна еднаквост.

„Бев изненаден од повикот на Али Ахмети со покана за состанок во неговата канцеларија. Тој ме извести дека се консултирал со многу почитувани луѓе, граѓанското општество и академијата и моето име било меѓу номинираните како натпартиски кандидат. Искрено, бев изненаден и, секако, се чувствував ценето. Да бидам потполно искрен, си помислив дека ова не само што ќе го промени мојот живот, туку претставува и голема одговорност. Не е лесна одлука да се донесе и нема многу време за размислување. Но, челикот се кали во оган и за поединецот се суди според одлуките што ги носи за социјалното добро, затоа реков да“, рече Зибери.

Насер Зибери е роден во 1961 година во село Ласкарци, општина Сарај. Дипломирал на Правниот факултет. Во минатото беше висок функционер на ПДП, а во периодот од 1996 година до 1998 година беше министер за труд и социјална политика во Владата на Бранко Црвенковски. Пред да стане политичар, бил новинар, а повеќе од 10 години не е активен во политиката и работи како нотар.

Македонија

Во просек 13 отсто од тестираните за коронавирус во земјата се позитивни

Објавено пред

Во просек, 13 отсто од тестираните за Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 тестови, истакна министерот за здравство, Венко Филипче, кој на денешната прес-конференција во Владата се осврна на бројките и статистиката за Ковид-19 во Македонија.

„Во земјата досега се направени 68.059 тестирања. Стратегијата на широко интензивно тестирање, вклучително и тестирање на контакти на позитивните по индикација дава резултати. Овој пристап на дава да имаме еден широк увид на состојбата на ширењето на вирусот и овој систем помага да ја стабилизираме ситуацијата во двете жаришта пред се, во скопскиот и тетовскиот регион“, рече минисерот Филипче.

Според него, како резултат на оваа стратегија имаме рана детекција на асимптоматски случаи и нивно изолирање.

„Анализата во однос на процентот на позитивни од тестирани случаи покажува дека имаме просек од 13 проценти од вкупниот број на направени тестови и во изминатиот период оваа бројка не се менува значително“, додаде Филипче.

Тој потенцираше дека светот е далеку од крајот на пандемијата, бидејќи земјите кои веќе имаа прогласено крај на пандемијата, според најновите информации повторно имаат нови случаи на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Граѓаните мора да прифатат дека ваквата реалност ќе трае подолго од што се очекуваше

Објавено пред

Новиот бран на коронавирус кај нас дојде порано, граѓаните мора да прифатат дека ова ќе трае подолго од што се очекуваше, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој на денешната прес – конференција сподели и информации и анализи од Институтот за јавно здравје за последните две недели.

„Од последниот извештај од 20 до 28 јуни, споредено со претходната недела, регистрирани се 303 помалку нови случаи, 8 помалку смртни случаи, 216 повеќе оздравени пациенти.
Изминатата недела има 860, што е значајно помалку од 1000 случаи во просек во минатите три недели“, рече Филипче.

Тој појасни дека Р-нула факторот на преносливост во изминатите 10 дена, само два до три дена бил над 1,1, а целиот останат перод бил околу 0,9.

„Најзастапени се возрасните лица над 60 години со 26 проценти. 44 проценти од нив биле лица со претходни хронични заболувања. Апелирам возрасните и хронично болните да бидат исклучително внимателни. Смртноста во оваа група е и највисока“, рече Филипче.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, кое е најголемо жариште на вирусот.

Тој го истакна растот на новите случаи на Ковид-19 во земјите од регионот.

„СЗО извести дека 60 проценти од слуаите, на 10 милиони пациенти од светот се регистрирани во месец јуни. Тоа значи секаде има нов бран, а кај нас дојде нешто порано. Состојбата во светот исто така пoкажува дека вирусот во текот на летото ќе исчезне не се остварија. Светската статистика говори дека има пикови на новозаразени и починати, вирусот е тука и ќе остане подолго време, а ние треба да бидеме подготвени“, рече министерот Филипче.

Тој додаде дека граѓаните мора да прифатат дека ваквата реалност ќе трае подолго од она што сите земји во светот го очекуваа.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Интервју) Бачев: Ќе коалицираме со онаа партија која ќе се залага за враќање на уставното име

Објавено пред

Поништување на Преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија враќање на уставното име на државата се црвените линии под кои Единствена Македонија нема да влезе во коалиција со било која од двете најголеми партии изјави претседателот Јанко Баачев во интервјуто за „Maкфакс“.

Бачев се надева на влез во Собранието со околу 10 пратеници и вели дека нема да прави пазар по секоја цена.

„За нас нема разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ , во сите тие канцеларии во Брисел каде што оди Заев по него оди Мицкоски. За нас овие две партии во оснос на предавството што и го направија на државата се исти. Затоа ние сметаме дека во Парламентот треба да влезе една цврста национална партија која ќе застане зад државните интереси. Мора да престанеме со наредбите од странство и мора да си ја вратиме државата назад“, изјави Бачев.

Според Бачев, државата треба да биде надвор од Нато-алијансата, но и да ги прекине преговорите од Европската унија и да се определи за сојуз со Русија и интегрирање во Евроазиска економска унија.

„За нас како Единствена Македонија, светот не завршува во Брисел и во Вашингтон. Оние лаги што ги слушаме со години дека народот бил за НАТО и за ЕУ, се од лажните анкети на ИРИ и на ЦИА. Ние Макеоднија ќе ја придвижиме кон држави и сојузи кои што не признаваат како македонци. Затоа како Единствена Македонија се залагаме за сојуз со Русија. Што е НАТО помоќен од Русија, за да не брани и ни помага доколку е потребно“, додава Бачев.

Бачев смета дека треба да се поништи и Законот за двојазичност, но и да се спроведе попис кој ќе покаже точно колкав е процентот на малцинските заедници, кој ќе биде показател за уредување на нивните права во државата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Во просек 13 отсто од тестираните за коронавирус во земјата се позитивни

Во просек, 13 отсто од тестираните за Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 тестови, истакна министерот за здравство,...

Македонија24 минути

Филипче: Граѓаните мора да прифатат дека ваквата реалност ќе трае подолго од што се очекуваше

Новиот бран на коронавирус кај нас дојде порано, граѓаните мора да прифатат дека ова ќе трае подолго од што се...

Македонија24 минути

(Интервју) Бачев: Ќе коалицираме со онаа партија која ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на Преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија враќање на уставното име на државата се црвените линии под кои...

Македонија50 минути

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион1 час

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград,...

Македонија2 часа

Петмина починати и 78 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Македонија2 часа

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска влада

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска влада, влада што ќе остане...

Регион4 часа

(Видео) И покрај забраната, Грција им дозволи влез на српските туристи кои со часови чекале на граница

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Топ4 часа

Притвор за двајцата скопјани што киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани што киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Култура4 часа

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија5 часа

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјата

Бројот на заразени од коронавирус во земјата надмина 7.000 лица кога вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментот активни се...

Регион20 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион20 часа

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава21 час

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет22 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт23 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија23 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ24 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија1 ден

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија1 ден

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Досие