Контакт

Македонија

Решивме да ја поканиме Владата во Скопје за преговори со алијансата, се вели во нацрт-заклучокот на НАТО

Објавено пред

Нацрт-заклучоците на самитот на НАТО предвидуваат дека Македонија денеска ќе добие покана за почеток на преговорите за членство во алијансата и зачленување по заокружување на сите внатрешни процедури.

dobivaj vesti na viber

„Во 2008 одлучивме дека НАТО ќе ѝ додели покана на ПЈРМ за влез во алијансата штом се изнајде заеднички прифатливо решение за името во рамките на ООН. Го поздравуваме историскиот договор помеѓу Атина и Скопје за решение на спорот за името. Во согласност со нашата политика решивме да ја поканиме Владата во Скопје да почне преговори со алијансата. Целосна примена на сите предвидени внатрешни процедури во однос на договорот за решение на спорот за името е услов за успешно заокружување на пристапниот процес“, стои во нацрт-заклучоците.

Заклучоците го поздравуваат и договорот со Бугарија.

„Ги поздравуваме напорите на Владата во последната година и значајниот напредок што е постигнат за одредени итни реформски приоритети и охрабруваме дополнителни реформи за да се зајакне придонесот кон алијансата. НАТО ги поздравува и напорите за градење мултиетничко општество и повикува на дополнителни напори во таа област. НАТО го поздравува и македонскиот придонес во мисиите и меѓународната безбедност“, се наведува во нацрт-заклучоците.

Со оглед на тоа што станува збор за нацрт-текст, треба да се има предвид дека финалната верзија би можела да претрпи одредени промени.

Македонија

Пензионерите и учениците ќе ги добијат парите – помош од државата во втората половина на декември

Објавено пред

Во втората половина на декември пензионерите, учениците и студентите ќе ја добијат првата рата парична помош од државата, дел од последниот пакет антикризни мерки на Владата. Од Министерството за труд социјала за „Макфакс“ велат дека исплатата на финансиската помош ќе биде регулирана со закон за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани кој заеднички ќе го донесат Министерството за труд и социјала и Министерството за образование.

dobivaj vesti na viber

„Пензионерите и корисниците на социјални права предвидени во мерките е предвидено да ги добијат правата на своите трансакциски сметки, сметките на кои ги примаат пензиите или го остваруваат правото, во втората половина од декември. Финасиска поддршка ќе добијат ученици и студенти, најранливите категори граѓани, пензионери приматели на најниски пензии, корисници на надоместок заради попреченост, самохрани родители – корисници на гарантирана минимална помош и родители на деца со попреченост до 26 години кои користат посебен додаток“, велат од кабинетот на министерката Јована Тренчевска.

Парична помош од државата ќе добијат вкупно 187.000 пензионери. Колку им е помала пензијата толку е поголема помошта која ќе ја добиваат во следните пет месеци. Пензионерите со пензии до 14.000 денари ќе добиваат по 3.000 денари, оние со пензии од 14.000 до 16.000 денари ќе добиваат по 2.000 денари, а пензионерите со пензии од 16-19.000 денари ќе добиваат по 1.500 денари во следните пет месеци.

Ученици кои потекнуваат од семејства со месечни примања до 50.000 денари ќе добиваат помош од држава еден месец повеќе од пензионерите, односно шест месеци. Со мерките се опфатени над 105.000 ученици. Основците ќе добиваат по 1.200 денари, а средношколците по 1.800 денари месечно.

Најдолго, односно седум месеци, помош од државата ќе добиваат студентите. Опфатени се 15.000 студенти кои не живеат во местото на студирање. Ќе добиваат ваучер за превоз во вредност од 600 – 1.200 денари.

Најранливата категорија граѓани во која Владата смести вкупно 16.741 лице, ќе добиваат по 2.000 денари во следните пет месеци. Во оваа категорија спаѓаат корисниците на надоместок заради попреченост, самохраните родители корисници на Гарантирана минимална помош и родителите на деца со попреченост до 26 години.

Mерките се правени за граѓаните, не се правени за изборите, рече премиерот Ковачевски

 

Веднаш откога ги соопшти мерките, пред два дена, на премиерот Димитар Ковачевски му беше забележано дека тие се димензионирани како предизборен поткуп оти истекуваат околу изборите планирани за следната година. Тој објасни дека некои мерки истекуваат пред изборите, планирани за мај следната година, а некои по изборите и нагласи дека мерките се правени за граѓаните не се правени за изборите.

„Макфакс“ побара објаснување што било клучно во одредувањето колку месеци ќе трае секоја од мерките кои предвидуваат парична помош. Од кабинетот на министерката Тренчевска објаснија дека кај учениците се раководел од учебната година, а кај пензионерите од месеците во кои се чувствуваат ефектите од продолжената енергетска криза.

„За учениците и студентите периодот на финансиска поддршка е планиран согласно траењето на учебната година, а за пензионерите со ниски пензии и ранливите категории на граѓани поддршката е планирана да ги покрие месеците кога трошоците на домаќинствата за енергенси  се зголемени. Мерките се насочени кон таргетирана поддршка на ранливи категории на граѓани во услови на зголемени трошоци на живот, како и  продолжените ефекти од енергетската криза и стабилизирање на ценовната криза“, објаснуваат од кабинетот на Тренчевска.

Овој пакет мерки, деветти по ред на Владата е со вкупна вредност од 662 милиони евра и покрај мерки за помош на учениците, пензионерите и најранливите категории граѓани, предвидува мерки и субвенции за земјоделците, за компаниите, мерки за зголемување на платите во јавниот сектор, но и мерки за зголемување на платите во приватните компании.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски – Обрајен: Стратешки интерес на Македонија е заштита на националните и идентитетски обележја и влез во ЕУ

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Владо Мисајловски оствари средба со Џејмс Обрајен, помошник државен секретар за Европски и Евроазиски прашања на САД.

dobivaj vesti na viber

На средбата соговорниците ги потврдија добрите односи и потребата за ползување на придобивките од стратешкото партнерство на САД со Македонија.

Воедно Мицкоски истакна дека стратешки интерес на Македонија освен членството во Европската Унија е и заштита на националните и идентитетски обележја на македонскиот народ и Македонија.

Од страна на Мицкоски беше афирмирана потребата за сериозна борба против корупцијата и криминалот како голем проблем на граѓаните, и неопходноста од системски реформи кои ќе го подобрат стандардот на државата.

Соговорниците се осврнале на повеќе прашања од регионално значење како и идните политики во однос на тие теми и области.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заврши првиот ден од самитот на ОБСЕ во Скопје: во фокусот војната во Украина

Објавено пред

Првиот ден од 30. Самит на министрите за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) заврши денеска во Скопје и ќе продолжи утре.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на обраќањата на шефовите на делегациите беше војната во Украина, а најголемо внимание, според написите во медиумите, привлече присуството и обраќањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Лавров денеска изјави дека ОБСЕ е пред колапс и дека Западот ги убива шансите за заживување на организацијата.

Ова е првпат Лавров да престојува во европска земја членка на НАТО од почетокот на руската специјална операција во Украина.

Иако изминативе денови се очекуваше средба помеѓу Лавров и државниот секретар на САД Ентони Блинкен бидејќи тие првпат ќе се затекнеа заедно на едно место, тоа не се случи. Имено, Лавров пристигна во Скопје откако Блинкен го напушти и отпатува за Тел Авив, анализираат медиумите во регионот.

На најголемиот меѓународен политички настан организиран во Северна Македонија од нејзината независност присуствуваат шефовите на дипломатиите на најголемиот број земји-учеснички на ОБСЕ – САД, Канада, Велика Британија, министрите на земјите членки на ЕУ и НАТО, од Медитеранот, Блискиот Исток и Централна Азија.

За утре се планирани три настани на теми: Млади и граѓанско општество, За луѓето е влијанието на теренските операции на ОБСЕ во 2023 година и Зачувување на плурализмот, безбедност на новинарките.

Министерскиот состанок започна вчера со неформална вечера на повеќето министри, каде тема на разговор беше воената агресија врз Украина и потребата од функционална Организација во време на конфликти и зголемени тензии.

Министрите за надворешни работи на Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија денеска во Скопје, за време на Министерскиот совет на ОБСЕ, потпишаа заедничка декларација за борба против корупцијата.

Шефовите на дипломатиите Ивица Дачиќ, Филип Ивановиќ, Бујар Османи, Елмедин Конаковиќ и Игли Хасани во Заедничката изјава како клучни точки ги наведуваат промоцијата на дигиталните алатки за рано откривање на криминалот, спречување на корупција и зголемена транспарентност, ефикасно користење на алатките за враќање на средствата и зголемување на капацитетот за намалување на ризиците поврзани со дигиталните средства, како што се криптовалутите, во контекст на перење пари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Пензионерите и учениците ќе ги добијат парите – помош од државата во втората половина на декември

Во втората половина на декември пензионерите, учениците и студентите ќе ја добијат првата рата парична помош од државата, дел од...

Македонија10 часа

Заврши првиот ден од самитот на ОБСЕ во Скопје: во фокусот војната во Украина

Првиот ден од 30. Самит на министрите за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) заврши...

Европа11 часа

Лавров добил провокативна порака на самитот на ОБСЕ, објави руската амбасада во Скопје

Сергеј Лавров добил провокативна порака на самитот на ОБСЕ што од денеска се одржува во Скопје. Ваквата информација ја пренесуваат...

Топ13 часа

Ученик истакнал албанско знаме во училишниот двор во Велес: случајот го пријавил директорот

Денеска во 10.00 часот во СВР Велес, директор во средно училиште во Велес пријавил дека во училишниот двор од страна...

Свет13 часа

Зеленски: Се сомневам дека Украина некогаш ќе стане членка на НАТО, ќе биде потешко да се врати Донбас отколку Крим

Ќе биде потешко да се врати Донбас отколку Крим, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски на средбата со студентите во Миколаев....

Македонија17 часа

ОБСЕ е потребна за да го поттикне мултилатерализмот и да ја олесни соработката, рече Османи на отворањето на состанокот

Со повик за обединување за заложбите на ОБСЕ, упатен до министрите за надворешни работи, претседавачот со ОБСЕ и министер за...

Македонија20 часа

(Видео) Пречек и отворање на 30. министерски совет на ОБСЕ

Главниот град Скопје е домаќин на 30. министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ. Во...

Свет20 часа

По престојот во Скопје, американскиот државен секретар стигна во Израел

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска пристигна во Тел Авив, каде што се очекува да се сретне со израелските лидери...

Свет21 час

Во последен момент продолжено примерјето, Хамас ослободи уште 16 заложници

Израел и Хамас се согласија да го продолжат примирјето за најмалку уште еден ден, неколку минути пред крајот на шестдневното...

Свет21 час

Хенри Кисинџер почина на 100-годишна возраст

Хенри Кисинџер, контроверзниот нобеловец и моќен дипломат, почина во средата на 100-годишна возраст, соопшти неговата геополитичка консултантска фирма „Кисинџер асошиејтс“....

Македонија21 час

Продолжува потрагата по Вања, вклучен и Интерпол

Потрагата по исчезнатата Вања Ѓорчевска влегува во четвртиот ден. Како што вчера информираа од МВР, распишана е меѓународна потерница од...

Македонија1 ден

Лавров слета во Скопје – стигнал преку Грција, а не преку Бугарија, јавува „ТАСС“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна доцна вечерва во Скопје, за да учествува на Советот на министри за...

Македонија1 ден

Борел од Скопје: Лавров ќе слушне од сите зошто ја изолираме Русија, па нека му пренесе на господарот на Кремљ

Некои земји учесници не беа воодушевени од вашата одлука на состанокот на ОБСЕ во Скопје да присуствува министерот за надворешни...

Македонија1 ден

(Видео) Блинкен во Скопје: САД ќе ја поддржуваат Северна Македонија во нејзините следни чекори за членството во ЕУ

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски попладнево во Скопје се сретна со американскиот државен секретар Антони Блинкен. На средбата, Ковачевски и...

Македонија2 дена

Починато бебе донесено во неготинската болница

Родители однеле починато бебе во неготинската Итна медицинска помош, соопштија денеска од СВР Велес. „Вчера во девет часот во ОВР...

Македонија2 дена

Скопје преплавено со фотографиите на Вања, исчезна во најфреквентниот дел: за неа јавија и балканските медиуми

Во Македонија продолжува потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска, која исчезна во Скопје на пат кон училиштето. Оттогаш таа е изгубена,...

Македонија2 дена

Ловци ја бараат исчезнатата Вања и на непристапни места: МВР ја бара во градот, ние надвор од него

Исчезнатото девојче од Скопје, Вања Ѓорчевска, од вчера го бараат и ловците откако претседателот на Ловечката федерација, Влатко Алексовски, синоќа...

Регион2 дена

Дачиќ: Состанокот на ОБСЕ во Скопје ќе биде многу тежок

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека министерскиот состанок на земјите од Организацијата за безбедност и...

Топ2 дена

Во Косово уапсени шест лица, тројца од Македонија: фалсификувале 85.000 евра во монети

Специјалното обвинителство на Косово, косовската полиција, Дирекцијата за истрага на економски криминал и корупција, спроведоа акција при што беше идентификувана...

Топ2 дена

24-годишна државјанка на Албанија загина во тешка сообраќајна незгода на автопатот Тетово – Скопје

Вчера попладне, во 14 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“ во насока од Тетово кон...