Македонија
(Видео) На гласање дошла со маска со партиски симбол – полицијата ја привела

Претседатеот на избирачкиот одбор на гласачкото место бр. 2695 во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје побарал интервенција од полицијата бидејќи жена влегла на гласање со маска на која велат оти имало партиски симбол и не сакала да ја смени.
При доаѓање на полициските службеници, таа ја сменила маската и ѝ било овозможено да гласа, пришто било утврдено дека се работи за Е. Т. (37) од Скопје.
„Лицето потоа почнало на висок тон да се расправа со полициските службеници по што ѝ била дадена наредба да престане и да излезе надвор од училиштето за да не го нарушува јавниот ред и мир за време на гласањето, при што таа одбила и продолжила да го нарушува јавниот ред и мир“, велат од МВР.
На крајот, жената била приведена и против неа ќе биде поднесен записник за констатиран прекршок по чл. 4 – Нарушен ЈРМ со карање, викање, дрско и непристојно однесување и чл. 14 – Нарушување на ЈРМ со непочитување наредба од УПС од ЗППЈРМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Заев се сретна со новиот грчки амбасадор Кундурос: Пријателството меѓу државите промовира стабилност во регионот

Претседателот на Владата Зоран Заев, се сретна со Русос Кундурос, новиот амбасадор на Хеленската Република, во земјава.
На состанокот е пренесена порака од Атина за продолжување на пријателството помеѓу двете држави, преку унапредувањето на соработката во областите важни за граѓаните на двете држави, што се оценува дека е веќе во фаза на реализација.
Заеднички е констатирано дека Северна Македонија и Грција, преку пријателството, промовираат стабилност во целиот Западен Балкан. Изразена е поддршка од Грција на нашата држава за прогрес и во евроинтеграциите, по постигнатото членство во НАТО, како и за техничка помош во процесите важни за европските перспективи.
На средбата посебно е разговарано за интензивирање на економската соработка, каде, како и во енергетиката, се бележат видливи резултати.
„ Низ економијата, граѓаните на двете држави почнуваат да чувствуваат директни бенефити од Преспанскиот договор, како историски чекор и значајна определба на двете држави за градење добрососедски односи, инклузивна и конструктивна соработка“, рече премиерот Заев.
На средбата е посочена и важноста на соработката во областа на здравството, земјоделството, образованието, културата, социјалната заштита.
Премиерот Заев, упати покана преку амбасадорот Кундурос, до грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, за посета на Република Северна Македонија.
Македонија
Семејство завеано во викендичка на Попова Шапка, без струја и без храна

Четиричлено семејство од Скопје останало заглавено во викендичка на Попова Шапка, бидејќи поради големите снежни навеви пристапот бил отсечен.
За случајот ја информирале тетовската полиција, која излегла на терен за да ги евакуира.
Во куќата беа двајцата сопружници и две малолетни деца и тие не можеа да излезат надвор и да заминат кон Скопје, велат од полицијата.
Во викендичката немало ни електрична енергија, ниту, пак, резерви од храна и огрев.
Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка се упатиле кон викендичката за да ги евакуираат лицата, а во меѓувреме во координација со локалната самоуправа била ангажирана и потребната механизација за пробивање на пат.
Членовите на семејството потоа биле безбедно пренесени до нивниот дом во Скопје.
Утрово од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека на Попова Шапка има највисока снежна покривка, 40 сантиметри.
Македонија
Филипче: Ја разгледуваме можноста за набавка на вакцини од Кина

Владата ја разгледува можноста за набавка на вакцини од Кина. Како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, во моментот се чекаат детали во однос на цената и на испораката.
„До крајот на неделата верувам дека сите овие информации ќе ги имаме. Мораме да работиме на сите полиња за да обезбедиме интегрален процес, без пауза од моментот кога ќе почне имунизацијата“, вели министерот.
Филипче додаде дека властите во меѓувреме остануваат посветени на реализација на набавките за вакцините преку механизмот Ковакс и во директните набавки од компанијата „Фајзер“, но факт е дека компаниите се соочуваат со проблеми во испораката и доцнење на вакцините во целиот свет и во Европа.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот