Македонија
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 326 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 326 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 591 и има околу 490 празни болнички кревети во ковид центрите.
Според Министерството за здравство на дневна основа, во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, во болницата во Штип 28 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 21 пациент, во Велес се лекуваат 38 болни, а во Куманово 44 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 21, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 22 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 18 пациенти, во Кочани 5, во Кичево 8, Кавадарци 30, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар има 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Од Министерството за здравство информираат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Ресорното министерство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јанушев до Николовски: Фирмата на вашиот брат работи без да издава фискални сметки

На денешната собраниска седница Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ постави прашање до Љупчо Николовски, вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, дали знае дека неговиот брат преку фирма наплаќа готовина без да издава фискална сметка, а при тоа се кршат закони.
„Плаќање во готово без издавање фискална сметка и фискални уреди не се дозволени. Значи прашањето господине вицепремиер за корупција ми е дали имате информација дека фирмата на вашиот брат овозможува, спротивно на законот што го цитирав, за готовински плаќања промет на услуги, начин на плаќање без да се издаде фискална сметка“, го праша Јнушев, Николовски.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ праша дали Николовски е свесен за криминалот што се прави и дали за тоа ќе се поведе одговорност.
Македонија
Состанок за новата рамка за одржлив развој меѓу Обединетите нации и Македонија

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, заедно со резидентниот координатор на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Росана Дуџиакго, го одржаа првиот заеднички управен комитет за спроведување на новата рамка за соработка за одржлив развој на Обединетите нации и националните институции за 2021 година.
На воведното обраќање министерот Османи ги истакна модалитетите за најсоодветно искористување на поддршката што Република Северна Македонија ја добива од системот на ОН, а во насока на реализирање на развојните приоритети.
„Тоа што сакаме да го постигнеме е промена што е одржлива, видлива за крајните корисници – нашите граѓани, што ќе резултира во подобра правна рамка и поефикасни и одговорни институции”, истакна Османи.
На првиот состанок на Комитетот за 2021 година беа разгледани националните приоритети во доменот на одржливиот развој, при што беа одобрени клучните документи за спроведување на рамката за соработка со OОН за 2021-2025 година.
Инаку, рамката за соработка за одржлив развој на Обединетите нации со Северна Македонија за периодот 2021-2025 е стратешка програмска рамка за активностите на ООН во нашата земја и претставува збир на активности на агенциите на системот на ООН за поддршка на земјата во адресирање на приоритетите и предизвиците кон постигнување на целите за одржлив развој.
Во својство на членови на Комитетот, на состанокот активно учествуваа и министерот за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерот за образование и наука Мила Царовска, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
Македонија
Пендаровски се сретна со претставници на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945

Претседателот Стево Пендаровски прими делегација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945, составена од претседателот на Главниот одбор на сојузот, Никола Стојановски, и потпретседателот Борко Зафировски.
Делегацијата од Сојузот на борци од НОАВМ го информираше претседателот Пендаровски за актуелните случувања во нивната работа.
Претставниците на Сојузот на борци од НОАВМ, образложувајќи ја моменталната состојба во организацијата, го информираа претседателот Пендаровски за предизвиците во финансиското работење, што претставува проблем за нивно основно функционирање.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер