Контакт

Македонија

Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат, донација од Јапонија

Објавено пред

На Клиниката за детски болести денеска беше промовиран дигитален мобилен рендген-апарат, обезбеден со поддршка од Амбасадата на Јапонија.

„Станува збор за дигитален мобилен рендген-апарат, во вредност над 60 илјади евра. Оваа инвестиција претставува значаен чекор кон подобрување на здравствената грижа за најмладите пациенти. Изразувам длабока благодарност до Амбасадата на Јапонија, а особено до амбасадорката Сецуко Кавахара за нејзиниот личен ангажман и за долгогодишната, пријателска и плодна соработка. Оваа донација е уште еден доказ за силното партнерство меѓу нашите две земји и за вистинската грижа на Јапонија кон градење отпорен и хуман здравствен систем“, изјави државниот секретар во Министерството за здравство, Бесим Мемеди.

Амбасадорката на Јапонија во нашата држава, Сецуко Кавахара, потсети дека во рамките на заедничката соработка веќе се имплементирани над 70 проекти во здравствениот сектор и истакна дека поддршката за оваа клиника значи придобивка за пациентите од целата држава.

Воедно, директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди, се заблагодари за значајниот придонес за унапредување на здравствените услуги во оваа клиника како врвна терциерна установа, која годишно згрижува над пет илјади деца со најсложени здравствени состојби.

„Новата апаратура за нас претставува чекор напред во унапредување на здравствената грижа за најмладите пациенти“, рече Мемеди.

Најново

Спорт6 часа

(Видео) Франција за 14 минути ја прегази Белгија, Италија уште еднаш ја совлада Турција

Репрезентацијата на Франција ја победи Белгија во натпреварот од четвртото коло од Групата 1 од елитната А дивизија на Лигата...

Спорт7 часа

(Видео) Медведев: Ужасно се чувствувам, сакам лично да му се извинам на човекот

Данил Медведев се огласи по неговата дисквалификација во полуфиналето во Пекинг против Новак Ѓоковиќ и истакна дека е многу повеќе...

Спорт8 часа

Валтери Ботас од Малезија до Сингапур патува со велосипед

Трките во Малезија и Сингапур се сметаат за меѓу физички напорните во календарот на Формула 1, но тоа не е...

Регион8 часа

Солзавец пред Собранието во Приштина, демонстрантите не им дозволуваа на пратениците да излезат

Косовската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го блокираа Собранието во Приштина и не им дозволуваа...

Спорт8 часа

Топ 10 најплатени тренери во светот: Карло Анчелоти ја предводи листата

Карло Анчелоти, предводникот на Бразил е најплатениот селектор во светот на фудбалот. Како што објавија светските медиуми и специјализираните портали,...

Свет8 часа

(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви,...

Свет8 часа

Иранскиот претседател: Нема смисла да преговараме со САД додека ни се закануваат

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави немаат смисла, за време на средбата со ерменскиот...

Забава8 часа

Сем Алтман предупредува: Не ѝ припишувајте религиска моќ на вештачката интелигенција

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, јавно предупреди дека луѓето не треба да ѝ припишуваат религиска моќ на вештачката интелигенција...

Регион9 часа

(Видео) Австриски јутјубери влегле на воен аеродром во Србија и се качувале по авиони

Двајца австриски јутјубери објавија видео за кое тврдат дека го прикажува нивното неовластено влегување во воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“...