Контакт

Македонија

На обвинителна купа први функционери на ДУИ – СЈО ги обвини дека уништиле изборен материјал

Објавено пред

Првите функционери на ДУИ обвинети во случајот „Титаник 3“ на специјалното јавно обвинителство, Ејуп Алими и Исмет Гури, денеска седнуваат на обвинителна клупа. СЈО ги обвини дека уништиле изборен материјал. Предметот ќе го суди судијката од одделот за кривично полнолетни, Оља Ристова. Ова е прв предмет на тимот на Јанева во кој им се суди на функционери на ДУИ. СЈО за нив бараше и притвор, па тие се жалеа до Апелациониот суд, но наместо таа мерка, судот им ги одзеде пасошите.

Обвинителката Фатиме Фетаи на јавна седница во Апелациониот суд изјави дека сведоци на специјалното обвинителство стравувале од пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими. Сведоците објаснувале дека Алими е многу моќен човек и е дел од ДУИ, која е на власт. Алими посочи дека и да го затворат во друга земја, ќе избега за да се врати во Македонија и да биде присутен за постапката што се води против него.

Исмет Гури беше помилуван од претседателот Иванов токму за овој случај. Тој е заменик-управник на регионалната дирекција на УЈП во Скопје. Ејуп Алими е координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Намалена смртноста кај новороденчињата во првите шест месеци од годинава

Објавено пред

Во првите шест месеци од 2018 година, споредено со истиот период лани, смртноста кај новороденчињата на Клиниката за гинекологија е намалена од 26 на 17 отсто, соопшти Министерството за здравство.

Од таму наведуваат дека Снежана Рсовац, педијатар, пулмолог и началник на педијатриската интензивна нега при Универзитетската детска клиника во Белград, која веќе еден месец престојува на скопската Клиника за гинекологија и акушерство како експерт, помага да се намали смртноста кај новороденчињата.

„За време на нејзиниот престој, за само еден месец направени се неколку суштински промени кои придонесуваат за поголема и поорганизирана работа на ова одделение, се разбира во интерес на малите пациенти. На иницијатива на доктор Рсовац, на ГАК на одделението за неонатална интензивна нега и терапија, воведени се нови листи на терапии, дозволени се посети на одделението за мајките и сега може да дојдат да бидат со бебето“, велат од Министерството за здравство.

Според нејзини насоки е воведена и неинванзивна вентилација преку постоечките респиратори и е воведен специјален Неопаф – респиратор во салите.

„Но, исто така во договор со директорите на трансфузиологија и радиологија, најден е начин како да се забрза изработка на анализите кои ќе бидат готови само за само еден ден, со што ќе се интензивира работата, а ќе се намали чекањето на резултатите, што е примарно за брза лекарска реакција кај новородените“, велат од Министерството.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Го сакам Водно“: Итно да се донесе специјалниот закон за Водно што го вети Шилегов

Објавено пред

Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ бара итно да се донесе специјален закон со кој заштитата на Водно нема да зависи од постапката на ревалоризација со која ќе се тргне заштитата од најголемиот дел, туку ќе се заштити перманентно секое дивеење и злоупотреба на планината. „Водно нема време за чекање на евалуации и експертизи, од кои на крај ќе остане незаштитено и целосно раскопано“, порачаа од „Го сакам Водно“.

Од таму велат дека градоначаликот на Град Скопје, Петре Шилегов, ветил специјален закон за Водно, но нема ништо од тоа, а самоволието на падините продолжува.

„Град Скопје демантира дека е пробиен пат на Водно, негира поврзаност на мистериозниот пат низ Водно со гасоводната траса на која се работи, објаснувајќи дека се работи за ’постоечка патека/пристапен пат до постоечки имоти (ниви) кој изминатиов период е исчистен (порамнет)’. Многу интересно е што баш сега, пред почеток на зимата, по години и години оставен ’непорамнет’, патот наеднаш се срамнил за сопствениците на нивите да дојдат до нив и ги работат. Се прашуваме што ги навело баш сега на вакво потег? Да не им текнало пченица да садат? Патеката/патот на google earth преку сателитските снимки што ги прават неколкупати годишно не може да го видите ни годинава, ни лани, ни изминатите години, има зеленило на негово место“, велат од „Го сакам Водно“.

Активистите велат дека од Градот Скопје навеле дека патот водел до ниви и затоа се исчистил и порамнил.

„Би сакале да потенцираме дека на тој потег, најблиската нива се наоѓа на 600 метри воздушна линија од новопробиениот пат. Нива надвор од населено место, а во граници на парк-шума Водно не смее да се обработува, што значи пристапен пат до неа е излишен.
За секаква активност во границите на парк-шумата Водно, особено за порамнување на пат, за отстранување на гранки, грмушки, како што самите навеле, потребно е одобрение од самите нив, Град Скопје. Поседување на уредна согласност издадена од страна на општина Сарај за оваа активност нема значење кога станува збор за парк-шума Водно, каде надлежност има Град Скопје“, велат од граѓанската иницијатива.

Од таму велат дека мора да се запре со префлање на топката помеѓу градот и општините, извртување на законите, со сивите зони на нерегулирано делување.

„За спречување на ваквите самоволија, бараме најитно носење на законот за Водно, но како Lex specialis, специјален закон со кој заштитата на Водно нема да зависи од постапката на ревалоризација со која ќе се тргне заштитата од најголемиот дел, туку со специјален закон ќе се заштити перманентно секое дивеење и злоупотреба на Водно. Водно нема време за чекање на евалуации и експертизи, од кои на крај ќе остане незаштитено и целосно раскопано.
На Водно му се потребни дополнителни средства и човечки капацитети. Потребна е совесна служба, добро екипирана и со соодветна опрема за справување со секакви кризни ситуации и 24-часовна контрола на планината. Јасен список на дозволени и недозволени работи кој стриктно ќе се почитува. И конечно, јасно означени граници. Границите кои ги бараме со години, ќе мора да ги поставите, без одлагање. Градоначалникот Петре Шилегов вети ваков специјален закон за Водно, а со оглед на самоволието кое продолжува и трае на падините на Водно, бараме негово најитно носење“, порачаа од „Го сакам Водно“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Свечена aкадемија за денот на албанската азбука и 110-годишнината од Битолскиот конгрес

Објавено пред

Во организација на Секретаријатот за европски прашања, а во име на Собранието и Владата на Република Македонија, во просториите на Музејот на албанската азбука во Битола денеска се одржа свечена академија по повод 22 ноември –Денот на албанската азбука и 110-годишнината од Битолскиот конгрес.

На настанот учествуваа еминентни претставници од Академија на науките на Албанија, албанска Академија за албанолошки студии, албанолошкиот Институт на Косово; Институт на историјата на Косово, како и повеќе истакнати научни, општествени и политички претставници од Македонија.

„Прославата на еден од најважните јубилеи, 110-годишнината од Битолскиот конгрес и унификацијата на албанската азбука продолжува со промоции на повеќе книги, научни трудови; предвидено е и научна конференција во Битола, додека централен настан ќе биде утрешниот настап на уметничкиот великан Шкелзен Доли со концерт на виолина во придружба на Македонската филхармонија, а под диригентската палка на Михаел Мацијашчик од Полска на кој ќе присуствуваат и претседателите на Албанија и Косово – Илир Мета и Хашим Тачи, со што овој историски јубилеј ќе биде одбележан на високо регионално ниво, со присуство на претставниците на Албанците од целиот регион“, се вели во соопштението од Секретаријатот за европски прашања.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

В петок состанок на телото за помирување

В петок, најверојатно, ќе се одржи состанок на координативното тело за помирување и интеграција. Деталите околу новиот предлог за амнестија...

Бегството на Груевски3 часа

Рот: Правото на азил е гест на хуманост за прогонетите, но не и за пријател на премиерот

Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот, упати критики до унгарските власти кои му доделија...

Македонија4 часа

Италијански медиуми: Папата Франциско во мај ќе ја посети Македонија

Папата Франциско во мај следната година ќе ја посети Македонија, објави римокатоличкиот интернет сервис „Религион дигитал“, повикувајќи се на извори...

Свет6 часа

Турција: Не е можно ЦИА да не знае кој дал наредба за убиството на Кашоги

Турција ги обвини САД дека се обидуваат да го игнорираат убиството на новинарот Џамал Кашоги, што се случи во саудискиот...

Бегството на Груевски7 часа

Унгарскиот министер за правда: Унгарија не може да го екстрадира Груевски, тој може да добие патнички документи

Унгарскиот министер за правда, Ласло Трочањи, за телевизијата „Еко“ изјави дека Никола Груевски може да аплицира за патнички документи како...

Македонија8 часа

Сијарто: Унгарските дипломати не го шверцуваа Груевски преку границите, тој имаше документи

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска одржа прес-конференција, на која рече дека Груевски морал да премине преку три...

Македонија9 часа

(Видео) Апостолски: Недозволиво е да се одреди мерка притвор без да биде сослушан обвинетиот

Денеска, го добивме решението за мерката притвор на Сашо Мијалков. Без да се повика на сослушување, недозволиво е на обвинетиот...

Бегството на Груевски9 часа

Директорот на затворот „Скопје“: Мијалков е во ќелија со други затвореници, има право на посети и два часа прошетка

Нема наредба од судот за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да биде спроведен на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ поврзан со...

Македонија9 часа

Хан очекува објаснување од Орбан за азилот на Груевски

Еврекомесарот за проширување, Јоханес Хан на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски,...

Свет10 часа

(Видео) Американскиот Сенат преку писмо побара од Трамп втора истрага за Кашоги

ЦИА не успеа со сигурност 100 %, да утврди дали саудискиот престолонаследник го наредил убиство на новинарот Џамал Кашоги, изјави...

Македонија10 часа

МЗД: Да се разреши составот на Комисијата која утврди дискриминација кон Груевски

Со утврдувањето дискриминација кон Никола Груевски, Комисијата за заштита од дискриминација покажа селективно и непрофесионално работење, смета Мрежата за заштита...

Македонија20 часа

СЈО барало притвор за Мијалков поради оперативни информации дека ќе бега

Во решението на кривичниот суд за притворот на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, пишува дека мерката му е определена...

Македонија21 час

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија23 часа

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија1 ден

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized1 ден

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија1 ден

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски1 ден

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија1 ден

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски1 ден

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Досие