Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ слави без Груевски, исклучените членови и разрешените функционери

Објавено пред

Ниту еден од исклучените партиски членови и разрешените функционери не пристигна во Македонскиот народен театар, каде вечерва ВМРО-ДПМНЕ одржува свеченост, по повод одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Присутен не е ниту екс-премиерот и почесен претседател, Никола Груевски.

Со овации беше пречекан лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски кој влезе во салата додека се интонираше партиската химна.

Мицкоски ќе биде единствениот кој ќе се обрати на свеченоста.

Прославата се случува еден ден по синоќешниот состанок на Централниот комитет кој предложи од партијата да бидат исклучени ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков и поранешниот министер за здравство Никола Тодоров оти ги убедувале пратениците да гласаат за промена на Уставот, предвидена со Преспанскиот договор. Од функцијата потпретседател на партијата беше разрешен и актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, како и членот на извршниот комитет Костадин Богданов.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Кабинетот на Иванов: Кривичниот суд го злоупотреби претседателот

Објавено пред

Во врска со соопштението на Основниот суд Скопје 1, во кое се обвинува претседателот Ѓорге Иванов за мешање во судската власт, Кабинетот на претседателот на Република Македонија смета дека повикувањето на овој суд за независност и мешање во судската власт има цел да ја прикрие направената злоупотреба на неточна информација.

„Немојте позади независноста на судот да ја затскривате вашата одговорност дека врз основа на фалсификат со невистинита содржина и конструкција на лаги е злоупотребен претседателот на Република Македонија, носите решенија за притвор и спроведувате притворска политика“, се вели во реакцијата.

Од Кабинетот на Иванов посочуваат дека дека јавноста преку јавно објавените решенија за притвор се запозна со содржината на copy-paste класифицираната „строго доверлива“ белешка што поведува и друг вид на одговорност за непрофесионално однесување во судски предмети.

„Кабинетот на претседателот на Република Македонија никогаш досега не реагирал на судска одлука или решение. Сметаме дека е крајно време, а во интерес на ЕУ стандардите кои се бараат земјата да ги исполни, судството да не ги затскрива сопствените недостатоци зад наводно мешање во неговата независност. Кабинетот на претседателот на Република Македонија се уште очекува одговор на барањето испратено до претседателот на Основниот суд Скопје 1, за достава на службената белешка на МВР-УБК, која е со лажна содржина и наведува на сомневање дека се следат активностите на претседателот на Република Македонија, а воедно е употребена како аргумент на Судот при определувањето мерка притвор на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски“, се вели во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мерната станица за загадување на воздухот во Битола не работела поради комплексен дефект

Објавено пред

Мерната станица во Битола не работела поради комплексен дефект, сопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање. Од таму велат дека мерната станица е рестартирана и дека од вчера повторно работи.

„Од 14 ноември, инструментот за симултано мерење на суспендирани честички со големина до 10 микрометри и до 2.5 микрометри (PM10/PM2.5) во Автоматската мониторинг-станица Битола 2 е инсталиран и ставен во работен режим. По неопходниот период за стабилизација на инструментот и негово тестирање, од најмалку 24 часа, од вчера истиот е ставен во оперативен режим и со тоа податоците од извршените мерења се достапни и на веб-порталот за квалитет на амбиентен воздух при МЖСПП, односно на air.moepp.gov.mk“, велат од Министерството.

Од таму велат дека во изминатиот период мерењата на PM10/PM2.5 од мерното место Битола 2 биле оневозможени поради комплексен дефект на инструментот во гарантен рок и истиот морал да се испрати до неговиот производител. „По извршеното сервисирање и калибрација истиот е вратен назад на мерното место“, велат од Министерството.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кривичен суд: Барањето од Кабинетот на Иванов е директно мешање во независноста на Судот

Објавено пред

Во однос на барањето од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов, доставено до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, со кое се бара судот да достави службени белешки од МВР – УБК кои се дел од предметот „Титаник“, ја информираме јавноста дека ваквото барање судот не може поинаку да го разбере освен како обид за директно мешање во независноста на Судот, велат од кривичниот суд.

„Во таа смисла, судот денеска достави известување до Кабинетот на претседателот на Р Македонија со кое бара најпрво во однос на ова барање судот да биде известен дали барањето е лично од претседателот или од друго лице во Кабинетот на претседателот кое е потпишано на барањето. Но, воедно истакната е и потребата да се појасни од кои причини се бара на увид службена белешка и од каде претседателот на Р Македонија ја црпи надлежноста да бара увид во судски докази, и тоа во фаза на постапување по поднесен обвинителен акт и определни мерки за обезбедување присуство“, велат од кривичниот суд.

За судот, велат од таму, е важно да се обезбеди и истакне независноста во судското постапување и немешање во судските одлуки.

Кабинетот на претседателот вчера достави барање до министерот за внатрешни работи, до директорот на УБК и до претседателот на Основниот суд Скопје 1  за службената белешка на МВР-УБК, која, според Кабинетот на Иванов, е со лажна содржина и наведува на сомневање дека се следат активностите на претседателот на Република Македонија, а воедно е употребена како аргумент при определувањето мерка притвор на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Канческа-Милевска за протестот пред нејзината куќа: Почитувам изразување став, но не на овој начин

Пратеничката Елизабета Канческа-Милевска им се извини на нејзините соседи, роднини и пријатели за синоќешниот протест пред нејзината куќа во населба...

Македонија3 часа

Кабинетот на Иванов бара одговор од МВР: Врз основа на што УБК ги следи активностите на претседателот

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагираат на јавно објавеното решение за притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија4 часа

Хан: Македонија напредува во владеење на правото, сите членки на ЕУ треба да ја поддржат

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“ порача дека владеењето на правото е еден од основните критериуми за влез во...

Бегството на Груевски4 часа

(Видеоинтервју) Есмеров: ЕУ и САД нема да се мешаат во внатрешните работи на Унгарија

Поранешниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров, во интервју за „Макфакс“ тврди дека се крајно симптоматични тврдењата на премиерот...

Бегството на Груевски5 часа

Унгарската влада: Ниту унгарската држава ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Унгарската влада соопшти дека во бегството на експремиерот Никола Груевски од Македонија не помагала ниту унгарската држава ниту унгарските власти,...

Македонија7 часа

На Груевски за „Шлаканиците во Центар“ ќе му се суди во отсуство

Основиот суд Скопје 1 – Скопје, по барање на специјалното јавно обвинителство, денеска одлучи на обвинетиот Никола Груевски, кој моментно...

Свет7 часа

(Видео) Постапокалиптички сцени од пожарите во Калифорнија

Според последниот биланс на жртви од пожарите во Калифорнија, досега загинале 63 лица, а 630 се водат за исчезнати. Видеата...

Македонија7 часа

Заев потврди: Груевски бил пренесен со унгарско дипломатско возило

Премиерот Зоран Заев ги потврди информациите што стигаа до медиумите од албанската и црногорската полиција за бегството на Никола Груевски...

Македонија8 часа

Заев: Груевски да каже дали доброволно заминал или бил киднапиран

Дали Никола Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран?! Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори на овие...

Бегството на Груевски8 часа

Унгарската влада за Груевски: Доколку се побара екстрадиција, ќе се следи правната процедура

Унгарската влада вели дека експремиерот на Македонија, Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор, побарал азил поради закани...

Крвав четврток8 часа

Герговска до сведокот Коцевски на 27 април: Лицата за интервентни ситуации да бидат на готовс

Судењето за крвавиот четврток продолжува со репродуцирање СМС и фејсбук-пораки од одземениот и вештачен телефон на Сашко Коцевски, вработен во...

Македонија10 часа

Заев го откажал ручекот кај Курц

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, ги повика на работен ручек в понеделник во Виена премиерите од земјите од Западен Балкан. Од...

Европа11 час

Нова регулатива на Европскиот парламент – ако возот доцни, ви се враќаат парите

Со мнозинство гласови на пратениците, Европскиот парламент донесе Уредба за правата на патниците во железничкиот сообраќај. Според неа, доколку возот...

Бегството на Груевски22 часа

Црногорската полиција: Груевски влезе во Црна Гора и ја напушти истиот ден

Црногорската полиција објави соопштение по информацијата дека експремиерот Никола Груевски на патот кон Унгарија поминал низ Албанија, по што влегол...

Македонија24 часа

(Видео) Демонстрантите спречени да дојдат до домот на Елизабета Канческа-Милевска

Поддржувачите на иницијативата „Македонија блокира“ вечерва се упатија во населбата Пржино, кон домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска,...

Бегството на Груевски1 ден

Албанската полиција потврди дека Груевски поминал низ Албанија при бегството во Будимпешта

Полицијата во Албанија за албанската телевизија „Топ ченал“ ги потврди информациите дека експремиерот Никола Груевски преку албанската граница заминал за...

Македонија1 ден

Директорите на ученичките и студентските домови бараат повеќе пари од државата

Здружението на директори на ученичките и студентските домови во државата бара зголемување на партиципацијата за ученик, студент која ја добива...

Бегството на Груевски1 ден

Стејт департмент: Груевски да ја отслужи казната во својата земја

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, треба да ја отслужи затворската казна во својата земја,...

Македонија1 ден

(Видео) Марковски: Одговорност да се бара од МВР, СЈО и од судот

МВР, СЈО и судот, ова се трие институции од кои треба да се бара одговорност за бегството на експремиерот Никола...

Македонија1 ден

Во битката со аерозагадувањето приоритет се домаќинствата и транспортот

Со двегодишен план и стратегија за справување со аерозагадувањето и дополнителни 1,5 милион евра за интервентни мерки за две години...

Досие