Македонија
На Табановце за влез се чека 30-ина, на Богородица за излез околу 45 минути
Од 9.7.2024, 11 часот, на десната коловозна лента на автопатот Скопје – Куманово извршена била привремена измена на режимот на сообраќај , при што во должина од 1.000 метри (пред НС Миладиновци до НС Миладиновци) сообраќајната лента за принудно запирање и сообраќајната лента за возење ќе бидат затворени, а сообраќајот ќе се одвива по левата сообраќајна лента за престигнување.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање на ГП Табановце за влез е 30-ина минути, на ГП Богородица и ГП Дојран за излез од државата околу 45 минути. На другите граничнипремини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен привремен режим на сообраќај, со кој се забранува движење тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17 до 22 часот,
– сабота од 9 до 18 часот и
– недела од 9 до 22 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење тешки товарни возила, чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, и тоа во следните интервали:
– петок од 15 до 22 часот,
– сабота од 7 до 12 и од 18 до 24 часот и
– недела од 7 до 22 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
