Контакт

Македонија

На увид црвениот „опел“ со кој, според Обвинителството, бегале убијците од смилковскиот масакр

Објавено пред

Црвениот „опел омега“ со кој бегале убијците на децата кај Смилковското Езеро денеска е на увид на судот, обвинителите и јавноста во склад во близина на Миладиновци.

Возилото беше клучен доказ на Обвинителството со кој се тврдеше дека во возилото е најдено влакно со иста ДНК како и на првообвинетиот Алил Демири. На гумите од возилото била пронајдена кал, која според хемискиот состав соодветствува на составот на земјата од Смилковското Езеро.

Врховниот суд во упатствата посочи дека се направени низа пропусти и неправилно е утврдена фактичката состојба.

 

Македонија

Потребниот цензус за референдумот ќе биде постигнат, рече Груби на средбата со француската пратеничка, Танги

Објавено пред

Од

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, денеска оствари средба со Лилијана Танги, пратеник во француското собрание и заменик претседател на Комисијата за европски прашања.

Како што информираат од прес-службата, на средбата биле разменети мислења за актуелните случувања во земјата и во регионот, со посебен осврт на претстојниот референдум на 30-ти месецов.

Груби информирал дека кампањата за успешен референдум е во тек и дека состојбата на теренот, досега е задоволителна, односно постои позитивно расположение кај гласачите во земјата да се изјаснат за поддршка на Договорот од Преспа и зачленување на Македонија во ЕУ и НАТО.

Во тој контекст, претседателот истакнал дека референдумот ќе успее и дека владеачкото мнозинство засилено работи на постигнување на потребниот цензус на излезност на гласачите.

Пратеничката Танги, ја потврдила континуираната поддршка на Франција за евроатланското зачленување на Македонија, при што ја истакнала француската поддршка за успешен референдум, потенцирајќи го значењето на референдумот за иднината на земјата.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Објавено пред

Kacarska Кацарска

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев, да одлучи по барањето на адвокатот на Јохан Тарчуловски, Антонио Апостолски, да биде изземена од постапување.

Причина за ваквото барање е наводна роднинска врска на судијката со некои од оштетените во предметот. Претходно, адвокатот Апостолски ѝ рече на судијката дека предметот го суди тенденциозно, по што судијката одговори дека пред да каже зошто бара да биде изземена, ќе го казни оти зборува без дозвола.

Судијката се насмеа и рече: „Баш да видам кој ми е роднина“.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Зборувајте како човек, не тресете се“, му рече претседателот на Уставниот суд на негов колега

Објавено пред

Никола Ивановски

На седницата на која на дневен ред беше иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука за распишување на референдумот, судијата Јован Јосифовски реагираше зошто дел од судиите во дискусијата ја критикувале поднесената иницијатива и рефератот на судијата известител.

„Не ми упаѓајте во збор како нечовек“, му се обрати судијата Јосифовски на претседателот на Уставниот суд, Никола Ивановски.

Јован Јосифовски, уставен судија

„Не може вака дрско да зборувате за трите иницијативи за уставноста на одлуката за референдумот. Тука се подносителите, ве слушаат“, рече Јосифовски, на што реагираше Ивановски дека секој има право на свое мислење.

„Зборувајте како човек, не тресете се“, му порача Ивановски на својот колега.

Јосифовски потенцира дека за него одлуката за референдум е неуставна и незаконска, а прашањето е конфузно, збунувачко и непрецизно.

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата. Според мнозинството судии, не постои сомнеж за неуставноста и незаконитоста на референдумот.

Прикажи повеќе...

Најново

Kacarska Кацарска Kacarska Кацарска
Крвав четврток28 минути

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев,...

Македонија45 минути

Референдум ќе има, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука...

Топ1 час

Почина пожарникар во Скопје, му се слошило додека гасел пожар

Пожарникар кој учествувал во гасење пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје починал неколку часа по интервенцијата....

Крвав четврток1 час

„Излезете комуњари, отворете“ викаа по нас, а ние стоевме зад регал за да не се одбие куршум, рече сведок за 27 април

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на четворица сведоци продолжи судското рочиште за 27 април, познат како крвавиот четврток....

Вести3 часа

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, изјави дека во наскоро планира да го...

Македонија3 часа

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Македонија4 часа

Заев во Вашингтон на покана од потпретседателот Пенс

Премиерот Зоран Заев патува за Вашингтон каде утре (20 септември) ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс. Како...

Македонија23 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура24 часа

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ1 ден

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија1 ден

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија1 ден

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет1 ден

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија1 ден

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет1 ден

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа2 дена

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет2 дена

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Свет2 дена

Русија и Турција се договорија да формираат тампон-зона во Идлиб

Русија и Турција се договорија да создадат демилитаризирана тампон-зона во сириската провинција Идлиб за да ги разделат владините сили од...

Daily news2 дена

(Видео) Техничкиот директор на ЈСП: Старите автобуси ќе возат до идното лето

Поради недоволен број возила, ЈСП мора во сообраќај да ги пушта старите автобуси „санос“. Техничкиот директор, Васил Толевски, вели за...

Македонија2 дена

Актерката Ирена Ристиќ приведена па однесена во болницата во Бардовци оти чистела ѓубре пред Влада

Актерката и активистка Ирена Ристиќ со полициско комбе била приведена во полициска станица „Беко“ бидејќи, како што вели, чистела догорчиња...

Досие