Македонија
На улиците во општина Центар нанесена течност против замрзнување на асфалтот

Екипи на Општина Центар изминатото деноноќие со специјални возила на локации на територија на општината распрскуваа емулзиона течност против замрзнување на улиците.
Во пресрет на предупредувањата на УХМР за евентуални врнежи на снег, општинските служби започнаа со акцијата за распрскување на улиците во и околу населбата Водно, населбата Кале и сите потешки пристапни улици во Центар.
„Нанесувањето на емулзионата течност делува превентивно, не дозволува замрзнување на асфалтот при врнежи на снег и на граѓаните им овозможува нормално и непречено движење и одвивање на сообраќајот при зимски услови“, велат од општината.
Додаваат дека оваа активност општината ја спроведува секоја година, непосредно пред најавите за врнежи од снег и замрзнувањето на улиците, апликацијата на течноста е по должина на целата улица и е само дел од мерките кои општината ги има подготвено за полесно справување со зимската сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Царовска во посета на средното уметничко училиште

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денес по повод стартот на второто полугодие го посети средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ во Скопје. Наставата во ова училиште се одвива со физичко присуство и е прилагодена на практичната настава на учениците.
Царовска на состанокот со директорот на училиштето Филип Фидановски истакна дека МОН според препораките на Комисијата за заразни болести ги обезбеди сите услови за непречена реализација на наставата во време на пандемија.
„Веќе воспоставениот хибриден модел од првото полугодие се покажа како успешен и наставата продолжува по истиот модел. На овој начин се обезбедува континуитет на наставата во второто полугодие по веќе воспоставениот успешен модел од првото полугодие што е во интерес и на учениците и на наставниците и на јавното здравје“, рече Царовска.
Директорот Фидановски рече дека дава целосна поддршка на реформските процеси во основното образование, бидејќи, како што кажа, со нив образовниот систем се прилагодува на оние во најразвиените земји од светот и од Европа.
Посетата беше искористена за да се видат условите за настава во училиштето и да се поразговара за можни инвестиции.
Македонија
Министерство за здравство: Состојбата со коронавирусот е стабилна

Согласно неделните извештаи на Институтот за јавно здравје за изминатиот месец, се бележи стабилизација на епидемијата во земјата, велат од Министерството за здравство. Од таму додаваат дека речиси сите епидемиолошки параметри според кои се евалуира состојбата со епидемијата бележат тренд на намалување, односно зголемување во однос на бројката на оздравени случаи.
Во извештајот на Институтот за јавно здравје за периодот од 11 до 17 јануари, процентот на позитивни од тестирани изнесува 16% што споредено со средината на месец декември (извештај на ИЈЗ за периодот 14-20 декември 2020г) е намалување од 13,3%, кога процентот изнесувал 29,3%.
Во истиот извештај од месец декември бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19 во една недела изнесувал 4.585, а во извештајот на ИЈЗ за минатата недела таа бројка изнесува 2.397, што покажува намалување од 48%. За истиот период бројот на смртни случаи на неделно ниво е речиси преполовен, а значително е зголемен бројот на оздравени пациенти.
Според вчерашната дневна статистика бројот на активни случаи изнесува 11.924. Споредено со истиот датум во декември кога бројката е 21.979, бројот на активни случаи е намален за 46%.
Од МЗ наведуваат дека еден од клучните индикатори е и бројот на хоспитализации на инфективните оддели во главниот град и болниците низ земјата. Вчера биле хоспитализирани 598 пациенти, што е речиси двојно помалку од хоспитализираните на истиот датум во декември, односно 51%.
По значителното намалување на бројот на хоспитализации, затворени се ковид – центрите на Клиниката за очни болести и Клиниката за уво, нос и грло, а клиниките се враќаат на својата редовна работа.
Министерството за здравство порачува граѓаните да останат одговорни и да продолжат доследно и целосно да се придржуваат до мерките за заштита од Ковид-19 и превенција од понатамошно ширење на вирусот.
Македонија
Угостителските објекти од денеска ќе работат до 21 часот

Рестораните и другите угостителски објекти од денеска, наместо до 18, ќе работат до 21 часот.
Во согласност со одлуката на Владата, рестораните и угостителските објекти од денеска ќе работат до 21 часот по што ќе бидат затворени за посетители сите угостителски објекти и ресторани, како и угостителските објекти или делови за исхрана во угостителските објекти за сместување во хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и други објект за сместување, како и објектите со угостителска дејност на бензинските станици.
Исклучок од оваа одлука се угостителските објекти на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид, како и рестораните или деловите за исхрана во угостителските објекти за сместување во хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и други објекти за сместување за лицата сместени во овие објекти.
Угостителските објекти што вршат подготовка и продажба на храна може да остваруваат продажба на алтернативен начин со онлајн или телефонски нарачки и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект преку штанд или пулт со почитување на основните мерки за дезинфекција, носење маски и одржување дистанца.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот