Македонија
Недобивањето средства од ЕУ за борба против Ковид-19 е срам за Владата, оцени опозицијата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. при денешната посета во општина Гази Баба зборуваше за веста дека Европската Унија одлучила да не додели средства на Македонија за борба против Ковид-19 и потенцираше дека ова што се случува е срамно за државата.
„Ова е срамна влада, видовте што слушнавме од вицепремиерот за европски прашања, дека многу добро работеле поради тоа не добиле средства, добро се покажале во текот на пандемијата. Потоа слушнавме едно поигрување со интелигенцијата на народот, но на крај резултатот што е? Нема странски инвестиции во Македонија, не сме дел од тие 530 милиони евра од Европската Унија, нема нови фабрики, нема нови реформи, нема нови училишта, сè нема во Македонија. Но најважното од сè е што нема ниту Европска Унија во Македонија. Знаете колку се фалеа дека ќе имаме бесплатно здравство, колку се фалеа дека ќе биде достапно за сите граѓани, но на крај гледаме дека заборавиле и да аплицираат. Сега зборувам за мерката што ја дава ЕУ за помош на земјите што се членки, но и оние кои се кандидати за прием во ЕУ. Сега ќе пробуваат на некој начин да надоместат, слушам и претседателот Пендаровски се обидува некако да се извади од ова прашање или слично, но што е најважното? Вакцини нема во Македонија, освен тоа што некои земји пријатели ни дадоа“, рече Мисајловски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека оваа Влада е неспособна и на државата ѝ требаат што поскоро предвремени парламентарни избори.
Ова е неспособна власт и оваа власт мора да си замине. Затоа место многу да се фалат на телевизии, треба да работат, но не може да работат, оваа власт е криминална и мафијашка и затоа ни требаат предвремени парламентарни избори што поскоро, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Tасевска: Инвестираме во детската заштита

Пратеничката од СДСМ, Лидија Тасевска истакна дека Владата предводена од СДСМ и ресорното Министерство за труд и социјална политика постојано вложуваат во детската заштита и во нови објекти на детски градинки.
„За помалку од осум месеци, од септември 2020 година па до денеска, низ државата отворени се 11 детски градинки. Куманово, Гостивар, Ресен, Гевгелија, Сарај, Брвеница, Илинден, Боговиње, Лозово, Новаци и Босилово се општините кои во овој период добија нови детски градинки, а вкупниот капацитет на овие нови објекти е 670 деца“, истакна Тасевска.
Според неа, до крајот на годината треба да бидат адаптирани, доградени или целосно изградени уште 13 детски градинки со вкупен опфат на 1.408 дечиња.
„Струмица, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Кочани, Неготино се дел од општините кои до крајот на оваа година ќе добијат нови детски градинки. Унапредување на детската заштита, унапредување на условите во градинките и инвестициите во човечкиот капитал се врвните приоритети од кои се води СДСМ“, потенцира пратеничката од оваа партија.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Скандалозен тендер од половина милион евра на Управата за матични книги

На повидок е нов скандал на власта, овој пат во Управата за водење на матични книги, која ја води Бујар Дардишта, со набавки тешки милиони евра за софтвер и хардвер за дигитализација, посочи на денешната прес-конференција претеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
„Според податоците објавени во печатените медиуми, Управата за матични книги во март годинава склучила договор за дигитализација на матичните книги во висина од 480.000 евра со фирмата ‘Новатек Инв’. Сомнеж фрлаат две работи, прво фирмата е формирана само месец дена пред да се јави на тендерот, и второ сумата на договорот во целост се поклопува со проценетата цена на договорот, а која не била објавена во повикот“, нагласи Петрушевски.
Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ кажа истакна дека сомнежите стануваат уште посилни, доколку се навлезе подлабоко во процедурата.
„За разлика од голем број други тендери од овој калибар, Управата не пропишала услов за минимален праг на приходи во период од една, две или три години, со цел да се види финансиската стабилност на фирмата. Не се барале ниту референци како број на сработени проекти и реализирани договори. Но за разлика од условите кои се однесуваат на фирмата, Управата пропишала услови, кои упатуваат на економскиот оператор, како аналитичар, програмер, администратор. Значи имаме услови за работниците, но не и за фирмата. Се фрла сомнеж дека однапред е планирано фирма без портфолио да го добие овој тендер“, нагласи Петрушевски.
Тој кажа дека „Новатек Инв“ била формирана на 11 декември минатата година, односно само три месеци пред да го добие тендерот.
Нејзиниот основач Љирим Фетаи, претходно работел во реномираната „ИТД Дистрибуција“.
„’ИТД Дистрибуција’ е капитално поврзана со ‘Инфософт Системс’, која добила од Управата за матични книги исто така тендер, еден ден по склучениот договор помеѓу Управата и ‘Новатек Инв’ и тоа во висина од 434.000 евра, исплатени на таа фирма за набавка на хардвер. Исто како и во случајот со ‘Новатек Инв’ и овде имало само еден понудувач“, рече пратеникот од опозициската партија, најавувајќи дека во текот на утрешниот ден ќе бидат изнесени нови податоци кои фрлаат уште поголем сомнеж за злоупотреба на народни пари.
Македонија
Обвинение за гостиварец кој натоварил отпад и стар кревет и ги истурил во близина на Вардар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение против 52-годишно лице за загрозување на животната средина и природата со отпад.
„На 19.07.2020 година во селото Балиндол, обвинетиот на трактор со приколка натоварил поголемо количество земја, иверици и отпад, како и еден стар кревет, па ги истурил во близина на коритото на реката Вардар со што можел да предизвика загадување на почвата и водата. Во тој момент бил забележан од полициски службеници во Гостивар кои направиле записник и го обезбедиле местото.“, соопшти обвинителството.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион1 недела
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?