Македонија
Независната пратеничка група ја поздрави одлуката на САД за ратификација на протоколот за НАТО

Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија упати благодарност до амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз, за ратификацијата на пристапниот протокол за НАТО, по скратена постапка од страна на Сенатот.
„Големото мнозинство кое прави да се чувствуваме добредојдени во сојузот кој значи заштита и безбедност на нашите граѓани е од исклучителна важност. Во овие сензитивни моменти, моменти на едно разочарување од одлуката на Советот на ЕУ да не почнеме пристапни преговори, една ваква вест дека САД, наш силен стратешки партнер ни оддава признание и брза шанса за влез во Алијансата го враќа оптимизмот, но и дава сигурност дека нашата приказна ќе биде успешна“, велат од Независната пратеничка група.
Воедно, упатуваат и благодарност до Амбасадорот Џес Бејли и неговата заменичка Микаела Швајцер Блум, кои, како што велат, несебично и гласно допринесоа за унапредување на македонско американското пријателство со поддршка на реформите во правосудството, заштита на животната средина, можностите за младите, поддршка во образованието и можеби најважното, поддршка на развивање на демократските принципи.
„Вие, од позиција на амбасадор во Грција, во периодот на склучувањето на преспанскиот договор сте запознаени со предизвиците и суштинското значење на истиот. Горди сме на нашата значајна улога во овој успех на Република Северна Македонија и ви благодариме за севкупната поддршка“, се додава во писмото на пратеничката група.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Осомничен избегал од пред Кивичниот суд

Утринава од пред Кривичниот суд на затворската полиција и избегало лице кое било спроведено до судот за одржување судски процес.
За настанот потврдија и Основниот кривичен суд од каде објаснуваат дека се работи за обвинет кој бил спороведен во судот на рочиште по предмет поврзан со кривичното дело – криумчарење мигранти.
„Се работи за настан кој се случил надвор од судот за што е задолжена затврсоката полција, а не во просториите на Основниот кривичен суд“, информираат од судот.
Од таму исто така порачуваа повеќе информации поврзани со овој настан да се очекуваат од надлежната Казнено поправна установа и МВР.
Македонија
Градежна комора: Недозволиво е поради еден изолиран случај да се суспендираат ДУП-овите во Општина Центар

Суспензија на дел од деталните урбанистички планови во Општина Центар би предизвикала тежок економски удар врз градежниот сектор, преку механизми кои се целосно правно неиздржани и директно ќе му наштетат на градежниот сектор и граѓаните, реагира Градежната комора.
Ваквото постапување како што велат од таму ја ограничува слободата на пазарот и претприемаштвото и директно ги загрозува уставно загарантираните права на граѓаните и претпријатијата.
„Доколку постои спорен случај институциите да си понесат одговорност за грешките и да најдат начин како истиот спор да го разрешат, без да ги оштетуваат сите останати на кои им се загарантирани правата на сопственост и обезбедување подобри услови во живеалиште во оваа општина. Во изминатите три години, градежниот сектор беше жртва на два мораториуми кои беа поништени од Уставниот суд, а кои предизвикаа огромна штета врз граѓаните, градежништвото и економијата воопшто. Со вакви постапки на работење директно се попречува работењето на претпријатијата и се ограничува правото на сопственост и стекнати права на имот. Преку механизми кои се бараат а се спротивни на позитивните прописи, се нарушуваат правата на граѓаните и претпријатијата, а со тоа се создаваат ненадоместливи штети по однос на имотот и економијата“, известуваат од градежаната комора.
Од таму предупредуваат за последиците од евентуални нови суспензии на ДУП-ови или блокирање на целосно легалните процеси и уставно загарантирани права.
„Градежните претпријатија кои во моментов имаат стекнати права на имот и целосно легални процедури за добивање на дозволи за градба, ќе бидат приморани да поведат правни постапки против институции и лица кои ќе иницираат вакви дејствија, а се целосно спротивни на законот. Предупредуваме дека судските исходи од ваквите постапки ќе значат милионски казни и штети врз буџетот на централните и локалните институции“, реагираат од оваа комора.
Според нив, градежниот сектор во изминатиот период делувал конструктивно, со многу разбирање за политиките, кои поради погрешна имплементација де факто направиле огромна штета врз градежниот сектор.
Постапките на незаконско носење на мораториуми и слични дејствија не може повеќе да се толерира, а градежништвото тој товар ни финансиски не може да го издржи. Градежниот сектор е двигател на економијата и со себе движи дополнително уште 26 стопански гранки, меѓутоа во изминативе години е доведен во состојба да се бори со ликвидност. Дури 80% од претпријатијата се соочуваат со потешкотии во организација на работата и намалена деловна активност. Апсолутно е недозволиво преку противправни процедури да се попречува работењето на градежништвото, а со тоа и да се воведува економијата во стагнација. Апелираме до сите надлежни институции да се придржуваат до правните процедури и своите одлуки да ги носат во согласност со законите и Уставот. Се што бараме е почитување на законите, правото на сопственост, почитување на слободата на пазарот и сите останати права кои законски следуваат, а не се спроведуваат. Веруваме во спроведување на законски и уставно загарантирани права со кои ќе се надмине настанатата тешка ситуација во која градежништвото се наоѓа, велат од Градежната Комора.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ предлага рефундирање на разликата во цената за лекување од Ковид-19 во приватните болници

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог закон за дополнување на Законот за здравствена заштита со кој се предвидува рефундирање на разликата во цената помеѓу приватното и државното здравство на граѓаните кои се лекувале од Ковид – 19 во приватните болници, изјави Петар Ристески, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ предлага сите кои нема да можат да бидат примени во државна установа, да можат да отидат во приватна болница, каде ќе бидат лечени по цени, исти како и во државното здравство.
„Исто така, со дополнувањата на Законот за здравствена заштита, ќе предвидиме граѓаните со хронични и останати болести, кои повеќе од 60 дена се на листа на чекање за некоја операција или друга здравствена, дијагностичка и интервентна услуга во државното здравство, да можат да отидат во приватна болница, а услугата да ја платат по цена како во државното здравство“, рече Ристески.
Тој додаде дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека под итно мора да се излезе во пресрет на граѓаните и со овој предлог на закон да се помогне пред се финансиски и на граѓаните кои се заразиле со Ковид – 19, но и на оние кои што се мачат со некоја друга хронична болест, а поради пандемијата предолго се ставени на листата на чекање.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион6 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?