Македонија
Независниот синдикат на професионални војници со шатори и вреќи започнува штрајк пред Владата

Независниот синдикат на професионални војници на Македонија најави дека од 11 часот ќе постави шатори и вреќи за спиење пред Vладата.
„Независниот синдикат на професионални војници на Македонија од основањето континуирано и интензивно работи за подобрување на стандардот на вработените во Армијата на Република Северна Македонија, на подобрување на односите Синдикат – работодавач – Министерство за одбрана на Република Северна Македонија, подобрување на условите за работа, инсистира на зголемување на буџетот, на подобрување на опремата за вработените, на корекции во Законот за служба во АРСМ за подобрување на условите за живот и работа на вработените“, е потенцирано во нивното соопштение.
Појаснуваат дека согласно член 40а од Законот за служба во Армијата, професионалните војници со наполнување на 45 години старост се префрлуваат во други сродни институции. Но веќе 2 години од страна на Владата, како што велат, за дел од професионалните војници не се превземени никакви активности за префрлување во друга институција.
„Затоа синдикатот превзема активности со своите членови и на ден 22.05.2022 година пред Владата на РСМ ќе постави шатор и вреќи за спиење долж тротоарот пред Владата и таму ќе остане се додека не се исполни нашето барање“, е потенцирано во најавата од независниот синдикат на професионални војници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Маричиќ: Со официјалниот француски предлог го добивме она за кое се бориме со години

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција со министрите за европски прашања на Финска и Ирска, Тити Тупураинен и Томас Берн рече дека сега имаме шанса за судбоносно „да“ за европска иднина на земјава, бидејќи со официјалниот француски предлог го добивме она за кое се бориме со години – чиста формулација на македонскиот јазик, без никакви фусноти, ѕвездички, дообјаснувања, што за нас беше најважно во зачувување на нашите национални интереси.
„Тоа е она за што се боревме, што го посакувавме, тоа се нашите црвени линии кои успеавме да ги зачуваме. И тоа треба да го вреднуваме и да го цениме. Покажавме дека имаме одговорност и стратегија во целиот процес“, кажа на прес-конференцијата Маричиќ.
Министерката за европски прашања на Република Финска, Тити Тупураинен, рече дека гледа позитивни чекори и дека ги поддржуваат сите напори да се најдат заемно прифатливи решенија, бидејќи почетокот на преговорите е од суштинска важност не само за Северна Македонија, туку за целиот регион и ЕУ.
– Се работи за кредибилитетот на ЕУ и нејзината политика за проширување, а се разбира ова е и прашање на мир и стабилност на Западен Балкан и според тоа претставува европско прашање за нас. Северна Македонија е позитивен пример на активен и конструктивен член на меѓународната заедница, истакна Тупураинен, изразувајќи благодарност за нашата добра соработка и нејзиното присуство во Северна Македонија во овој историски момент.
Вицепремиерот ја поздрави одлуката на Финска за зачленување во НАТО и ја потврди политиката на Северна Македонија на отворени врати за членство во НАТО, изразувајќи надеж дека тоа ќе се случи што е можно поскоро.
Ирскиот министер за Европа пак рече дека во моментот се соочуваме со важна одлука за зајакнување на нашиот идентитет.
– Јас лично сум многу возбуден од можноста Северна Македонија да стане членка на ЕУ и од тоа што имав можност да го слушам македонскиот јазик во европското семејство затоа што јас доаѓам од земја во којашто не ни беше дозволено да зборуваме на ирски долги години и со членството во ЕУ сега нашиот јазик има еден навистина извонреден статус и сигурен сум тоа ќе биде случајот и со македонскиот јазик, истакна Томас Бирн.
Бирн потенцираше дека и Ирска морала да направи навистина тежок компромисно, но сепак го направиле тоа и дека во ирскиот случај сите лоши работи престана со нивното членство во ЕУ пред речи си 50 години.
– Ние кога се приклучивме кон економската заедница пред 50 години имаше еден милион вработени во ирска. Минатата година нашата статистичка служба извести дека тоа бројка денеска 2,5 милиони тоа е една изворна разлика, јас немам никаков сомнеж дека и вашата земја ќе просперира и ќе успее и економски и општествено штом ќе седнеме на европската маса. Ние ќе бидеме со вас сакаме да бидеме со вас секој чекор во процесот, посочи министерот Бирн.
Маричиќ изрази и благодарност за принципиелната поддршка на нашиот реформскиот и евроинтеграцискиот процес и што го препознаваат напредокот на општеството во сите аспекти како резултат на европеизацијата, особено оние во областа на политичките критериуми и владеењето на правото, одржливиот економски развој и зелената агенда.
– И со двете земји Северна Македонија има добар потенцијал за соработка во рамките на ИПА инструментите, TWINNING и TAIEX, во чии рамки досега успешно реализиравме проекти во областа на зајакнување на менаџерските капацитети на државната администрација. Дополнително, искуствата на Финска и Ирска и те како ќе бидат од наша корист со отпочнувањето на процесот на преговори кога ќе треба да направиме голем и значителен исчекор во реформските процеси, потенцираше Маричиќ.
Македонија
(Видео) Пендаровски и министрите за европски прашања на Ирска и Финска разговарале за францускиот предлог

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими ирскиот државен министер за европски прашања, Томас Брн и финската министерка за европски прашања Тути Тупураинен, кои се во заедничка посета на Северна Македонија.
На средбата биле потврдени пријателските односи со двете земји, заемната посветеност за унапредување на политичкиот дијалог, како и за поинтензивна и сеопфатна билатерална соработка.
„Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија ја цени континуираната поддршка од Ирска и Финска за нашиот евроинтеграциски процес, како и помошта во исполнување на европската агенда и реформските задачи во повеќе витални области.
На средбата беа разменети мислења за актуелните политички случувања во земјава, во контекст на францускиот предлог за започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ“, информираа од кабинетот на Пендаровски.
Oд стрaна на министрите било истакнато дека идејата за Европска политичка заедница не претставува замена за полноправно членство во ЕУ, туку додадена вредност за време на процесот кој води кон зачленување во Унијата.
Соговорниците размениле мислења и за состојбите во регионот на Западен Балкан, како и за економските и безбедносните импликации врз регионот предизвикани од руската воена агресија врз Украина. Притоа, била констататирана потребата од зајакнување на меѓународната безбедност и мултилатерален пристап во решавање на глобалните предизвици и во таа насока, поздравена била одлуката Финска и Шведска да бидат официјално поканети да се придружат на НАТО, донесена за време на последниот Самит на Алијансата во Мадрид.
Македонија
Хакерски напад на фејсбук-страницата на УКИМ

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје соопшти дека е изведен хакерски напад на нивната фејсбук-страница и оти таа моментно е контролирана од непознат субјект.
Истовремено, како што се посочува во соопштението, преземени се сите активности во согласност со статутот на УКИМ, позитивната законска регулатива во државата и правилата на работење на „Фејсбук“.
„Се извинуваме за настанатите непријатности и се оградуваме од сите објави на неа до повторно преземање на администрирањето од страна на службите на УКИМ“, се наведува во соопштението на Универзитетот.