Контакт

Македонија

(Видео) Независните пратеници порачаа дека нема простор за враќање во ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Пратеничката Емилија Александрова, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека не постои простор за помирување и враќање во редовите на ВМРО-ДПМНЕ со ова раководство. Таа не кажа како пратениците од ова група ќе настапат на избори и дали се подготвува терен за нова партија со вмровски предзнак.

„Помирувањето е долготраен процес, но во моментот не гледаме дека постои објективна политика кај раководството да нè врати како долгогодишни членови на партијата“, рече Александрова.

Таа на прес-конференцијата од Собранието побара оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, поради, како што рече, лицемерниот однос кон членството и пратениците. Рече дека иницијативата што побарал да ја поднесат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за ратификација на протоколот е пример за ваквиот однос.

„Кога се одлучуваше за европската иднина, за гласање на уставните измени, пратениците беа притиснати во ќош. Одеднаш на Мицкоски му стана важен НАТО. Или во стилот на бугарското со Борисов ‘сичко е добре’, сега на ред е грчкото ‘не’, што во превод значи ‘да’. Не поддржуваме вакво лицемерие. Бараме Мицкоски да си даде оставка“, рече Александрова.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Се бара казна од 10.000 евра за поранешната директорка на кожната клиника

Објавено пред

Скопското обвинителство денеска до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија, Нина Цаца Билјановска, која е обвинета за кривично дело – пренесување заразна болест.

Надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи за обвинетата да изрече парична казна од 40 дневни глоби со вредност на една дневна глоба од 250 евра, односно вкупна парична казна од 10.000 евра во денарска противвредност.

Билјановска на 29 февруари се вратила во државава од регион во Република Италија преку граничниот премин Табановце. Но, притоа таа постапила спротивно на мерките и заклучоците на Владата согласно кои сите граѓани кои се враќаат од ризичните земји со зголемен број заболени од COVID-19, особено од Република Иралија, имаа обврска да останат во домашна изолација во траење од 14 дена од денот на влегување во земјава. Исто така, со заклучоците, на сите вработени во државни и локални институции и претпријатија им беше наложено доколку во претходните две недели патувале или живеат со некој што патувал во земјите од среден или висок ризик за ширење на заразната болест, да не доаѓаат на работа и за тоа да ја известат институцијата каде работат.

Но, обвинетата, иако како здравствено лице била свесна за ризикот, продолжила со своите работни обврски на Клиниката, а на 7 март била присутна и одржала предавање на симпозиум од областа на дерматолошките болести, со што ги довела во опасност сите учесници, предавачи, организатори и вработените на Клиниката. На овој начин таа заразната болест им ја пренела на седум свои колеги пред самата да биде хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести со позитивен наод за COVID-19.

Во текот на претходната постапка, јавниот обвинител направи детални проверки и ја обезбеди целокупната релеватна медицинска и друга документација која беше неопходна заради утврдување на решавачките факти. Притоа, беа направени проверки и беше побарана и обезбедена документација од Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје, а беа преземени и други истражни дејствија​.

Прикажи повеќе...

Македонија

Милевски: Обезбеден повеќенаменски простор во Могила, ги приближуваме руралните средини кон градските

Објавено пред

Целосна реконструкција на објект во село Ивањевци општина Могила на повеќенаменски простор поддржана од Министерство за локална самоуправа во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година. Вкупниот буџет за овој проект за развој на Пелагонискиот плански регион е 5.490.279 денари од кои 1.860.000 денари се обезбедени со кофинансирање од страна на Општина Могила.

– Реконструкцијата опфати и изградба на повеќенаменски простор кој ќе служи за обезбедување на услуги од административно социјален карактер на жителите од овој дел од регионот со цел подобрување на условите за живот во руралните средини и намалување на разликите помеѓу поразвиените и помалку развиените средини преку овозможување на социјални услуги од регионално значење, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Министерот објасни дека дел од објектот ќе служи за обезбедување на услуги за жителите од матичното одделение во Битола, овој простор се користел за оваа иста намена до пред 4 години како подрачно одделение на службите од Битола, меѓутоа поради немање на елементарни услови овие услуги во последните години жителите на овие населени места не можат да ги остварат во село Ивањевци и мораат да патуваат до Битола, што дополнително им го отежнува добивањето на овие услуги и им одзема повеќе време.

– Во рамките на овој објект планиран е и простор за Центар за ран детски развој кој ќе згрижува деца од соседните општини имајќи ја во предвид местоположбата на селото. Останатиот дел од просторот се планира да се искористи како канцеларија за Агро Акцелератор кој земајќи во предвид дека поголем дел од населението што гравитира на оваа територија се занимава со земјоделие, ќе ги опслужува заинтересираните земјоделци и земјоделски стопанства не само од општина Могила туку и од соседните општини, изјави градоначалничката на Могила, Јасмина Гулевска.

Овој проект овозможува доближување на услугите од Управата за водење на матични книги во Битола со подрачно одделение во Ивањевци непосредно до жителите на општините Могила, Новаци и Демир Хисар и намалување на диспаритетот помеѓу урбаните и руралните средини во остварување на правата на граѓаните.

– Ги следиме барањата и потребите на општините и во координација со градоначалниците и Министерство за локална самоуправа работиме на подобрување на животниот стандард во Пелагонискиот регион. Ова е само еден од проектите кои што Центарот за регионален развој на пелагонискиот плански регион ги имплементира во Програмата за регионален развој за 2019, вкупно беа 8 регионални проекти во износ од 40 милиони денари. За 2020 година одобрени се 4 регионални проекти во кои се вклучени сите 9 општини од овој регион, износот на сите проекти изнесува околу 38 милиони денари, додаде директорот на Центар за развој на Пелагонискиот плански регион, Гого Видимче.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Американски и грчки воени авиони летаа над нашата земја

Објавено пред

Два авиони на американското воено воздухопловство придружувани од два воени авиони на Грција околу 11 часот извршија прелет над територијата на Република Северна Македонија.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, објави видео од прелетот кој беше организиран како поздрав за нашето членство во НАТО.

Авионите над нашата земја летаа на височина од 1.500 метри.

Американските авиони полетаа од сојузната држава Јужна Дакота и имаа 30 часовен непрекинат лет со полнење гориво во воздух.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија25 минути

(Видео) ФИТР објави повик за финансиска помош, фирмите со добивка ќе треба да ги вратат парите

Околу 150 домашни микро, мали и средни компании од денес имаат можност да аплицираат за поддршка за брзо прилагодување на...

Македонија32 минути

(Видео) Американски и грчки воени авиони летаа над нашата земја

Два авиони на американското воено воздухопловство придружувани од два воени авиони на Грција околу 11 часот извршија прелет над територијата...

Македонија47 минути

Бугарија го укинува задолжителниот карантин за патниците од Македонија од 1 јуни

Бугарија планира од 1 јуни да го укине задолжителниот 14-дневен карантин за патниците од Македонија и од повеќето земји на...

Свет1 час

Нов Зеланд има само еден активен случај на коронавирус

Седум дена по ред Нов Зеланд не потврди ниту еден нов случај на коронавирус. Здравствените власти соопштија дека во моментот...

Македонија2 часа

Американски воени авиони со прелет над Скопје ќе го поздрават нашето членство во НАТО

Американската поддршка на нашата земја продолжува со несмален интензитет и по влезот во НАТО. Околу 11.20 часот два авиона на...

Свет3 часа

(Видео) Немири во Минеаполис поради смртта на црнецот, запалена полициската станица, прогласена вонредна состојба

Демонстрантите влегоа во полициската станица во Минеаполис, предизвикаа пожари и уништија сè што им се нјаде на патот во текот...

Регион4 часа

Хрватска го објави протоколот за свадби – најмногу 150 гости, на подиумот да се држи растојание од два метра

Хрватскиот завод за јавно здравје објави детаљни препораки за одржување свадби, кои од неодамна повторно се дозволени во Хрватска. Некои...

Свет4 часа

Кина се закани со напад на Тајван

Кина ќе го нападне Тајван ако нема друг начин да се спречи неговата независност, предупреди еден од главните кинески генерали,...

Европа5 часа

Идејата за имунитет на стадото во Британија не успеа

Речиси седум проценти од луѓето во британската покраина Англија биле инфицирани со коронавирус, покажале резултатите од тестот на антитела на...

Свет5 часа

Итна седница на ОН за спорниот закон за безбедност за Хонгконг што го донесе Кина

САД и Велика Британија побараа седница на Советот за бесбедност на ОН за спорниот закон за безбедност, кој Кина го...

Македонија5 часа

Македонија додадена на листата на земји чии граѓани може да патуваат во Црна Гора

Националното координативно тело на Црна Гора, синоќа, по предлог на Институтот за јавно здравје, одлучи дека од 1 јуни ќе...

Македонија18 часа

Агенцијата за национална безбедност го демантира Чулев: Не располагаме со опрема за следење на комуникации

Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на...

Регион19 часа

Црна Гора на чекор до прогласување крај на епидемијата

Во Црна Гора ниту денеска нема нов случај на коронавирус, а црногорските медиуми пишуваат дека ако овој тренд продолжи уште...

Топ20 часа

АД „Водостопанство“ и еден раководител ќе одговараат за смртта на 15-годишното момче што се удави во Пчиња

Полицијата поднесе кривична пријава против АД „Водостопанство“ на Македонија и раководител на сектор за речен слив и речни корита поради...

Македонија21 час

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирус

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да...

Македонија21 час

Пријава за фирма од Скопје – продавала производ за кој лажела дека нема глутен

Полицијата поднесе пријава против фирма во Скопје и нејзиниот сопственик поради измама на купувачи – односно продажба на производ на...

Македонија23 часа

Хрватските граници нема да бидат отворени за туристи од Македонија

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, најави денеска отворање на границите за туристи од 10 земји, меѓу кои не е Македонија. „Успеавме...

Македонија24 часа

При влез во ресторан ќе се покажува лична карта, а следните 10 дена се период за едукација на угостителите

Инспекторатите нема да ги казнуваат гостите во угостителските објекти, туку фирмите доколку не се почитуваат протоколите за работа, најави директорот...

Македонија24 часа

Потврдени 38 нови случаи на Ковид-19, од кои над 20 се од Скопје, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 38 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани е 2.077 лица, oздравени се 16...

Македонија1 ден

Чулев: На литијата во Струга имаше затајување на функцијата на полицијата, истрагата е во тек

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека ѝ натаму се работи на идентификација на лицата што учествувале на...

Досие