Контакт

Македонија

(Видео) Неказнивоста за трошење државни пари е причина за скандалот со членовите на ДКСК, тврди Михајлова

Објавено пред

Незаконското однесување на членовите на антикорупциската комисија поврзан со скандалот што го откри Управата за јавни приходи е последица на воспоставената пракса на незаконско трошење на народните пари и на неказнивоста во однос на тоа, рече експертката за антикорупција, Вања Михајлова, по што додаде дека фрапантно е тоа што УЈП и порано констатирала ваква повреда на правото, но тоа било сокриено од јавноста, ниту, пак, некој покренал постапка за одговорност.

-Јавноста беше известена за скандалот откриен од УЈП за незаконско работење на членовите на Комисијата за антикорупција кои треба да превенираат од коруптивни случаи. Пет члена си дадоа оставка од комисијата, додека, пак, кај останатите 2 не проработеа совеста, срамот и моралот, имаме блокирана комисија и нејзината стручна служба, вели Михајлова.

Во однос на реформите во антикорупциската комисија, Михајлова стави акцент на потребата од кадровско зајакнување, како и зајакнување на критериумите за избор на членови на антикорупциската комисија. Според неа, потребно е да се промени и самиот назив, наместо комисија да биде агенција за спречување на корупција.

-Од составот на комисијата зависи колку таа ќе биде независна, треба да се надмине досегашната практика на именување на анонимни членови коишто немаат ниту познавања ниту, пак, кредибилитет за вршење на оваа јавна функција. Во одреден момент беа именувани и членови коишто не ги исполнуваат основните критериуми во однос на бараниот степен на образование, вели Михајлова.

Поранешниот член на ДКСК исто така препорачува бројот на членови да се намали на 5, со тоа смета дека ќе се заштедат буџетски пари, а од друга страна нема негативно да влијае на работата на комисијата бидејќи, како што кажа, доколку ги изберете членовите на комисијата коишто имаат професионален капацитет, комисијата многу ефикасно ќе ја извршува функцијата.

-Со цел да се зголеми транспаретноста во изборот на членовите бидејќи јавноста мора да биде запознаена при изборот каде треба да се бираат луѓе кои имаат капацитет и познавање во областа, предлагаме да се спроведе јавно интервју со секој од кандидатите, а како мониторинг да бидат етаблирани претставници на невладиниот сектор кои се борат против корупцијата и новинари кои се занимаваат со истражувачко новинарство, вели Михајлова по што додаде дека неприфатливо е опозицијата да предлага претседател на комисијата бидејќи со тоа уште од почеток ќе се гледа како партиски човек.

Виктор Јованов



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Заев во Тетово: Владата заседава во 10 региони за одблиску да го слушне гласот на граѓаните

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165. седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата на серијата од 10 седници во десет региони, има за цел да биде слушнат гласот на граѓаните за да бидат утврдени нивните потреби и во тоа име да се креираат приоритетите на политиките.

„Владата вечерва во полн состав, својата редовна 165 седница ќе ја одржи во зградата на Општина Тетово. Ова е втората, од утврдените седници што во наредниот период, еднаш месечно, ќе се одржуваат во десет различни региони во државата“, објасни Заев.

На седницата како гости учествуваат и градоначалниците од регионот, поточно од општините Тетово, Гостивар, Јегуновце, Врапчиште, Боговиње, Брвеница, Теарце и Желино.

„Ги поканивме градоначалниците за овие општини за да ги добиеме информациите од интерес на граѓаните од нивните заедници од прва рака и согласно тоа да ги димензионираме нашите идни политики и одлуките за проекти кои може да се реализираат заедно со централната власт“, посочи премиерот и додаде дека во текот на денот, во пресрет на седницата, министрите имале повеќе теренски активности со цел одблиску да се запознаат со проблемите и идеите на граѓаните од овој регион.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Спасовски изврши увид во работата на граничниот премин Јажинце и СВР Тетово

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска ги посети граничниот премин Јажинце и Секторот за внатрешни работи Тетово, а оствари и работна средба со градоначалникот на општина Брвеница, Енвер Пајазити, како и со нејзините жители.

Како што информираат од ресорното министерство, при посетата на Полициската станица за гранични работи Јажинце и во СВР Тетово, министерот Спасовски бил запознат со актуелните состојби, за обемот и квалитетот на работа, но и за постигнувањата и очекуваните резултати.

„Министерот беше информиран дека ГП Јажинце месечно го минуваат меѓу 5.000 до 7.000 домашни и странски патници, а годинава таа бројка, заклучно со октомври, изнесува вкупно 577.856 лица кои го минале овој граничен премин, што говори за релативно зголемен проток на луѓе и стоки надвор и во нашата држава“, се истакнува во соопштението за посетата.

На Спасовски му биле презентирани и состојбите во разни области од криминалитетот.

„Процентот на откривање на кривичните дела изнесува 71 во однос на вкупниот број евидентирани кривични дела, за период од почетокот на годинава, заклучно со крајот на месец октомври, што претставува респектабилна бројка, споредбено со истиот период лани. Од вкупно евидентираните 1.564 кривични дела, за 1.070 сторители се поднесени соодветни пријави“, истакнале на средбата одговорните лица.

Министерот, пак, ги нагласил напорите што актуелното раководство ги прави во сферата на подобрување на материјално-техничките и социјални услови за работа на полицајците.

Прикажи повеќе...

Македонија

Арменд Арслани од ДУИ e нов заменик-министер за здравство

Објавено пред

Со 62 гласа „за“ и 17 „против“, Собранието го назначи Арменд Арслани од ДУИ за нов заменик-министер за здравство.

Арслани е специјализант по урологија на Медицинскиот факултет при УКИМ, а претходно работел како доктор по општа медина во Специјализираната болница за нефрологија во Струга.

На функцијата доаѓа на местото на Асим Муса, кој поднесе оставка по скандалот со земање мито.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека не треба нов заменик-министер за здравство, туку нов министер за здравство.

Според нив, работата на Венко Филипче е скандалозна и на сите анкети граѓаните се незадоволни од тоа што тој го има направено.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Заев во Тетово: Владата заседава во 10 региони за одблиску да го слушне гласот на граѓаните

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165. седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата...

Регион46 минути

Рама: Приштина ја загрозува надворешната политика на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека политичарите во Приштина, спротивставувајќи се на заедничката иницијатива за создавање на балканскиот мини шенген,...

Регион3 часа

Црна Гора не го прифаќа предлогот за мини шенген

Министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ, во понеделникот рече дека приклучувањето кон иницијативата мини шенген за балканските држави...

Европа4 часа

Зелено светло за 13 нови одбранбени проекти на ЕУ

Владите на ЕУ дадоа зелено светло за 13 нови одбранбени проекти насочени кон развој на поголема воена моќ независна од...

Македонија6 часа

Холандија го ратификува протоколот за НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификува протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, соопшти министерот за надворешни работи, Никола Димитров....

Економија7 часа

(Видео) За борба против аерозагадувањето предвидени 1,6 милион евра во буџетот за 2020

Растот на платите и пензиите, растот на вработеноста, намалувањето на невработеноста и големата социјална заштита на ранливите категории в година...

Македонија7 часа

(Видео) Пендаровски: Макрон ми кажа дека никогаш немал намера да ни нуди алтернатива

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Париз оствари средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата беа разменети мислења за...

Македонија9 часа

Ешерихија коли пронајдена во повеќе бунари, извори и чешми во Скопско

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје известуваат дека е пронајдена ешерихија коли и други бактерии во повеќе бунари,...

Топ11 час

Загина пешак на патот Крива Паланка – Куманово

Шеесет и седумгодишен маж од кривопаланечкото село Градец почина кога вчера во него удри автомобил на магистралниот пат Крива Паланка...

Македонија11 час

Владата ги повлече најавените измени на Законот за јавните собири

Владата ги повлекува предлог-измените на Законот за јавните собири. Од владината прес-служба информираат дека ги слушнале забелешките на граѓанските организации за...

Македонија11 час

Таткото на Боки 13 призна дека го тепал попот, пресуда в понеделник

Обвинетиот Миле Јовановски, татко на неформалниот сопственик на „1ТВ“, Бојан Јовановски, утрово во судот призна дека е виновен оти го...

Регион11 час

Ердоган со нова закана: Ќе ви испратам терористи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди ЕУ дека неговата држава би можела да ги ослободи припадниците на Исламска држава...

Македонија13 часа

Собранието ќе избира заменик-министер за здравство

На денешната седница во Собранието треба да биде избран нов заменик-министер за здравство. Владата го предлага Арменд Арслани, кој е...

Свет13 часа

Џими Картер хоспитализиран поради крвавење во мозокот

Поранешниот американски претседател Џими Картер е хоспитализиран во Атланта заради крвавење во мозокот, што го предизвикало и неговото скорешно паѓање....

Регион14 часа

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните. Паразитското заболување лајшманиоза коешто го пренесуваат комарците, се појави...

Македонија1 ден

Макрон го пречека Пендаровски во Париз

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го пречека македонскиот претседател Стево Пендаровски во Париз. „Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата...

Свет1 ден

(Видео) Грета Тунберг има двојничка во Русија која сака да ја исчисти планетата

Говорот на активистката Грета Тунберг (16) за климатските проблеми наиде на силен одѕив во светот. Два месеца по нејзиниот говор...

Македонија1 ден

(Видео) Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работнии

Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работници и соработници, почнувајќи од февруари в година. Платите на лекарите...

Економија1 ден

Горивата поскапуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија1 ден

Забрана за работење на компанијата што го загадуваше воздухот во Кочани

Државниот инспекторат за животна средина го забрани работењето на компанијата што учествуваше во загадувањето на воздухот во Кочани. Инспекторатот на...

Досие